September, 2016

now browsing by month

 

Спорт Кафе СЦ Аеродром победници на турнирот Аеродром Скопје 2016

sport-kafe-pobednik

 

 

 

 

 

 

Се извлекоа со Бутоп, па изгазија се до финалето и го освоија овогодинешното издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Аеродром Скопје 2016“ во СЦ Ново Лисиче. Вака може да се опише патот на фудбалерите на Спорт Кафе до триумфот на турнирот кој се одржуваше изминатиов месец, а на кој, за потсетување, Бутоп беше елиминиран во 1/16 финалето. Тимот составен од футсал репрезентативци на Македонија во финалната пресметка беше подобар од Фер Плеј Ново Лисиче со 4-1. Третото место го освои тимот на ЕБР.

Пеналите кобни за Бутоп

Бутоп вчера доживеа елиминација од тимот на Воденица 3 Крива Паланка, дури по изведувањето на ударите од седум метри. Резултатот по регуларните 40 минути гласеше 1-1. Натпреварот го започнавме со следната постава: Колев, Димитровски, Фекиќ, Костовски, Каравидов и Велковски. Целото прво полувреме, а и речиси половина од второто игравме без замена поради доцнењето (оправдано) на Јеткин. Тоа беше главната причина за да не играме агресивен пресинг во првиот дел од средбата и покрај раното водство на противникот. Откако Јеткин влезе во игра работите некако се раздвижија и следеа нашите пет минути. Тоа беа моменти кога гостите ја загубија контролата на настаните на теренот, а ние преку Кико израмнивме на 1-1. Следеше тајмаут на Воденица 3 на околу шест минути пред последниот судиски свиреж. Последните минути беа одбележани со двете шанси на нашиот противник, а Андреј и Коки беа наши спасители во тие ситуации. Следеа пеналите. Кико и Дарко беа сигурни во првите две серии, а исто и противничките играчи. Јеткин промаши во третата серија, но Коки го одбрани пеналот кој можеше да го промовира нашиот противник во осминафиналист. Во четвртата серија Харис беше прецизен, а погоди и играчот на Воденица 3. Каро промаши во петтата серија, а момците од Крива Паланка не грешат по вторпат и слават победа.

337560_285014714936405_1108793474_o

Воденица 3 Крива Паланка е наш противник во 1/16 финалето

За нешто повеќе од еден час, поточно во 22:00 часот, започнува натпреварот Бутоп – Воденица 3 Крива Паланка, натпревар од 1/16 финалето на турнирот Аеродром Скопје 2016. Ваквиот расплет на понеделничката ждрепка за првпат во нашата историја ни донесе да играме меч против тим од Крива Паланка. Денес Бутоп ќе биде ослабен поради неиграњето на Вангеловски и Курт.

001

Ждрепката за нокаут фазата е вечерва во 21:00 часот

Вечерва во 21:00 часот е закажана ждрепката за нокаут фазата на турнирот Аеродром Скопје 2016. Таа ќе се одржи во Спортскиот центар Ново Лисиче веднаш по одигрувањето на последните три натпревари од групниот сегмент. Денес ќе се одреди костурот на натпреварувањето за до самото финале. Бутоп уште по второто коло го обезбеди својот прогрес во елиминациската фаза.

od-zdrebot-nl

Пораз од Импери во последниот меч од групната фаза

Вчера го одигравме последниот натпревар од групната фаза на турнирот Аеродром Скопје 2016 и бевме поразени од тимот на Импери со 3-1. А почетокот не најавуваше пораз. Поведовме околу петтата минута и имавме контрола врз настаните на теренот. Сепак, како што одминуваше натпреварот се повеќе се чувствуваше замор во нашите редови и сето тоа на крајот резултираше со комплетен пресврт на екипата од Маџир Маало. За Бутоп по пауза од една сезона настапи Харис Фекиќ, а играа и браќата Смиљковски. Службената победа на Рома Шутка над ПС Аеродром доведе до ситуација три тима да имаат по шест бода (Бутоп, Импери, Рома Шутка). Бутоп во секој случај е сигурен патник во фазата на елиминации. Ако конечниот пласман се определува според гол-разликата во меѓусебните средби на овие екипи, Рома Шутка ќе биде второпласирана, ние трети, а Импери на четвртото место. Потврда за ова очекуваме од организаторите, според чии информации нокаут фазата треба да започне во вторник. Повеќе информации очекувајте во текот на утрешниот ден.

Вечерва се води битката за второто место

Вечерва се води конечната битка за второто место во групата 7. На програмата се натпреварите Рома Шутка – ПС Аеродром и Бутоп – Импери. Екипата на Спорт Кафе СЦ Аеродром ги одигра своите натпревари и со четири победи го осигура првото место во нашата група. За со сигурност да го освоиме второто место потребно ни е барем реми на вечерашниот меч со Импери (21:00 часот), а својата шанса ја чекаат и нашиот денешен противник, но и Рома Шутка. Денес Бутоп ќе биде значајно ослабен поради неиграњето на Курт, Велковски, Димитровски и Вангеловски, кој се повреди на последната средба. Моменталната табела изгледа вака:

1. Спорт Кафе СЦ Аеродром:  4 – 0 – 0 (11-3) 12 бода

2. Бутоп                                          :  2 – 0 – 1 (13-5) 6 бода

3. Рома Шутка                            :  1 – 0 – 2 (10-10) 3 бода

4. Импери                                      : 1 – 0 – 2 (9-11) 3 бода

5. ПС Аеродром                          : 0 – 0 – 3 (2-16) 0 бода

Толку блиску, а толку далеку. Пораз од Спорт Кафе СЦ А.

Вчерашниот деветти роденден на Бутоп беше украсен со фудбалски спектакл во кој се спротивставивме на екипата на Спорт Кафе СЦ Аеродром, за која настапуваат поголемиот дел од првотимците на македонската футсал репрезентација. Конечниот резултат на средбата е победа на Спорт Кафе од 2-1. Бевме толку блиску, а толку далеку да го изненадиме фаворитот на овој меч. По првото полувреме губевме со 2-0, а противникот пропушти да постигне барем уште 2-3 гола и да го реши прашањето околу победникот. Во вториот дел нашите противници како да подзастанаа и ни оставија повеќе простор за игра (можеби затоа што веднаш потоа им следеше натпревар и против Рома Шутка). И покрај тоа што намаливме на 2-1 преку Кико, не успеавме до крај да ја искористиме ситуацијата и промашивме неколку шанси да оствариме сензација. За Бутоп вчера настапија Колев, Димитровски, Костовски, Велковски, Курт, Сезаир, Каравидов и Вангеловски.

02

Вечерва го прославуваме деветтиот роденден со фудбалски спектакл

Бутоп вечерва го прославува својот деветти роденден со фудбалски спектакл – натпреварот против Спорт Кафе СЦ Аеродром (22:00 часот) во рамките од групната фаза на турнирот Аеродром Скопје 2016. Во таборот на нашиот противник играат и дел од футсал репрезентативците на Македонија па тоа е доволна покана за сите наши поддржувачи да дојдат и да уживаат во фудбалска претстава достојна за одбележување на еден ваков јубилеј.

cropped-11218833_950298891677886_7111569292415805367_n.jpg

Бутоп ја „стресе“ Рома Шутка!

so anel andrej  Бутоп забележа победа од 5-3 во вечерашниот возбудлив натпревар против Рома Шутка на турнирот во СЦ Ново Лисиче. Иако на само пет минути до крајот губевме со 3-1, натпреварот беше далеку од завршен. Напротив, следеше вистински фудбалски потрес и пресврт во режија на инспирираниот Штака кој ги повлече останатите свои соиграчи да постигнат четири гола во самиот финиш и да ги шокираат фудбалерите на Рома Шутка. Марио постигна хет-трик (втор негов за Бутоп на турнирите), а по еден гол дадоа и Јеткин и Анел. Оној на Анел беше водечкиот за 4-3 по класична изработена акција од корнер и со тој гол Анел ја прекина по малку неверојатната пауза од неговиот последен гол на турнирите, постигнат на 6 октомври 2013 во победата над Јегермајстер. На тој натпревар (3-2 за Бутоп, Капи-куп 2013) Анел постигна два гола.

За Бутоп денес настапија:

1. Горјан Василев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

8. Анел Курт

11. Кристијан Каравидов и

70. Марио Вангеловски во стартната шесторка. А во игра влегоа и:

6. Кристијан Велковски и

10. Јеткин Сезаир.

Честит ден на независноста

Бутоп на сите граѓани на Република Македонија им го честита денешниот празник 8 Септември, денот на независноста! За многу години!

макед