April, 2017

now browsing by month

 

Април низ историјата на Бутоп

Најразлични причини придонесоа и изминатиов месец (како и во март) Бутоп да не одигра ниту еден натпревар. Во надеж дека последните два месеци од тековнава сезона ќе бидат поплодни за нашиот тим, ќе се присетиме на нашиот учинок во месец април низ историјата.

Досега во април сме одиграле 23 натпревари на кои имаме позитивен скор од 14 победи, 1 нерешена и 8 порази. Ова е само втора сезона, по воведната 2007-2008, во која не сме одиграле ниту една средба. Најмногу (10) одигравме во 2011-тата како дел од Пролетната лига во Ново Лисиче.

Нашите полиња се гледаат и од WorldView 3

Нашата инвестиција од минатата година, полињата за сервис во училишниот двор на ОУ Живко Брајковски, се гледа и на мапите на најпознатиот пребарувач Гугл. Оние кои знаат каде се наоѓаат овие сервис полиња може лесно да ги побараат и најдат и на интернет и да видат како тие изгледаат низ призмата на комерцијалниот сателит WorldView 3.

Одложен натпреварот со Албион Север

Натпреварот со Албион Север што требаше да се одигра вечерва од 23:00 часот е одложен. Откако прво беа сменети локацијата на одигрување (наместо балонот кај ОУ Васил Главинов во балонот кај ОУ Пенко) и терминот (23:00 наместо 22:00), дојде и до целосно одложување поради кадровски проблеми кај нашиот противник. За нашиот тим требаше да настапат Пејков, Курт, Димитровски, Вангеловски, Велковски и Костовски. Смиљковски (повреда), Каравидов и Колев не беа во можност да играат.

Честит Велигден!

Бутоп им го честита христијанскиот празник Велигден на своите членови, играчи и приврзаници кои го прославуваат, со желба за многу здравје, благосостојба и успеси во иднина.

Честит Велигден. За многу години!

Долгот е исплатен

Раководството на Бутоп ја исплати спорната фактура од месец декември 2016 која беше причината за спорот со ОУ Живко Брајковски. На состанокот на кој освен членови на Бутоп присуствуваа и останатите „локални момци“ од термините во Антон Димитров, а по консултации и со адвокат, одлучивме дека тоа е подобар избор во моментот отколку да се оди на суд. Тоа истотака беше реална варијанта откако добивме и Опомена пред тужба. Долгот од фактурата го исплативме на 24 март.

Уште еднаш да потсетиме, овие термини никогаш не беа одиграни, но наспроти седумгодишната традиција со „Живко“ која успешно функционираше (си плаќавме тоа што сме го одиграле) овојпат службата на основното училиште по секоја цена настојуваше дословно да се следи пропишаното во Договорот, без пред тоа да не извести за ваквата промена. Ваквиот нивен однос беше и главната причина што до последен момент ги разгледувавме сите наши опции за реакција. Следи фото-сторијата:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Деновиве низ годините

Краток преглед на натпреварите кои Бутоп ги одиграл во деновите 6,7 и 8 април низ годините. На 6ти април сме одиграле два натпревари и тоа во:

2011, терен на СЦ Ново Лисиче, 20:45 , пораз од Кенеф со 4-2 (Нечовски, Фекиќ, Димитровски (*гол), Смиљковски (*гол), Костовски и Каравидов) и

2012, балон ОУ Васил Главинов, 21:00, победа над Шутка со 10-2 (Колев, Курт, Димитровски, Костовски, Сезаир, Смиљковски + од клупа Фекиќ и Каравидов).

На 7ми април досега немаме играно, а на 8ми април сме играле во:

2013, балон ОУ Васил Главинов, 19:00, победа над Смиљковци со 6-4 (Смиљковски, Курт, Димитровски, Фекиќ, Костовски, Каравидов).