August, 2021

now browsing by month

 

Јеткин заслужено во „клубот 100“

Неделниот натпревар во балонот кај Зеф Љуш беше историски затоа што ФК Бутоп го доби деветтиот играч во елитниот „Клуб 100“, легендата на нашиот тим, Јеткин Сезаир. Јеткин е дел од Бутоп уште од 2008 година и беше клучна фигура во најсветлите моменти на клубот, особено во првите неколку сезони. Се уште е единствен играч кој успеал да ја одбрани златната копачка, ја освои последователно во 2009/2010 и 2010/2011. За него потоа следеше период со сериозни повреди кои го забавија неговиот учинок. На задоволство на фановите и соиграчите, популарниот Роналдињо сега се почесто е на теренот и ја враќа препознатливата форма. Се надеваме дека неговата упорност ќе биде пример за сите бутопци да дадат максимум за тимот да се врати на славните патеки. Му посакуваме уште многу голови и победи со Бутоп. Честито Јеткин!

Се уште не сме на највисоко ниво: пораз од Бутел Илхан

Фудбалерите на Бутоп му пружија чесен отпор на тимот на Бутел (Илхан Р) во синоќешниот пораз од 10-5. Сепак, тоа беше максимумот што можевме да го понудиме, а за позитивен исход ќе треба дополнително кревање на формата. Одредена неизвесност имаше до осум минути пред крајот кога при 7-5 противникот постигна гол за плус три и го приведе мечот кон мирна завршница. За нас настапија играчите кои ги најавивме вчера со напомена дека на голот стартуваше Валчанов, кој во текот на играта беше сменет и од другите играчи. Легендата на клубот Јеткин Сезаир стана деветтиот играч со најмалку сто настапи за ФК Бутоп.

Вечер во Зеф Љуш против момците на Илхан

Вечерва (29.08.2021) нашите фудбалери ќе истрчаат на теренот во балонот кај Зеф Љуш Марку на мегдан со тимот на Бутел (Илхан Р). Натпреварот почнува во 22:00 часот. За Бутоп ќе настапат: Костовски, Валчанов, Смиљковски, Курт, Велковски, Сезаир и Каравидов.

Среќен роденден Андреј

Денес (06.08.2021) Андреј Димитровски го прославува својот 29 роденден. Андреј е еден од основачите на ФК Бутоп, легенда и човек кој сноси голем дел од одговорностите поврзани со тимот. Му посакуваме се најубаво на приватен и на професионален план.

Среќен роденден Андреј!