November, 2019

now browsing by month

 

И повторно 16-6, овојпат на крилјата на младинците

Да победите два пати по ред со ист резултат не се случува често, а ако тој резултат е 16-6, е тоа е навистина реткост. Ова му успеа на Бутоп откако вчеравечер (26.11.2019) ја совлада Екипа Чаир со споменатиот резултат, кој беше конечен и на претходниот натпревар против Дарко ФФМ. Синоќа главниот збор во нашата игра го имаа младинците Ристе Валчанов, Енис, како и дебитантот Павле Пакито Шилегов, а беа потпомогнати од поискусните Грмуш, Костовски и Каравидов. Средбата веројатно ја добивме поради одличната тактичка поставеност пред се во одбраната, која оставаше многу простор за контри и полуконтри за кои противникот немаше одговор. Во изјавите по мечот Грмуш не штедеше на пофалби за Валчанов: „Денес Ристе пријатно ме изненади. Кога е за фалење, ќе фалам… Има очигледен напредок во играта и се надевам дека ќе пружа уште подобри партии“. Убаво освежување беше и Шилегов, кој досега со нашиот клуб беше поврзан само како автор на фото-сторијата од првиот ден на зимските подготовки во 2017 година.

Се остриме за чаирчани

Фудбалерите на Бутоп викендов го користат да ги наполнат батериите и да се подготват за средба со Екипа Чаир. Според последните информации, тој натпревар треба да се одигра на 26.11 (вторник) во балонот на Зеф Љуш Марку. Терминот најверојатно ќе биде од 20:00 часот.

Убедлива победа на Бутоп

Бутоп забележа убедлива победа во синоќешниот натпревар (14.11.2019) против Дарко ФФМ со конечни 16-6. Од почеток се виде дека средбата ќе биде еднонасочна улица затоа што имавме 2-0 уште во првата минута. Неизвесност немаше, но сепак овие минути им беа потребни на нашите фудбалери по паузата со неиграње натпревари. Настапија играчите кои вчера ги најавивме, плус Дени кој беше освежување од клупата и повторно настапи за Бутоп по пауза од цели седум години и мечот против Ерен Струга одигран на 19.09.2012 година.

Вечерва против четата на Видиниќ

Бутоп вечерва (14.11.2019) игра против тимот на Дарко ФФМ. Натпреварот ќе започне во 20:00 часот во балонот Партизан во Чаир. За нас ќе настапат: Д. Костовски, Курт, Каравидов, Ристе Валчанов, Енис и М. Костовски.

Бутопци одмараа и вчера

Нашите фудбалери беа на готовс во текот на вчерашниот ден, но и покрај најавите Бутоп не најде противник и паузата продолжува. Разговори имаше и денес со Дарко Видиниќ, но повторно не успеавме да договориме термин. Очекуваме во текот на наредниве денови конечно да се вратиме во натпреварувачки ритам.

Многу потенцијални противници на листата на чекање

Нашиот тим деновиве добива многу покани од различни страни за одигрување натпревари. Покрај тимот на Тамба-ламба против кој веќе одигравме две средби, постојано сме во контакт со Дарко Видиниќ и неговиот тим, опција е и Екипа Чаир, како и составот предводен од Енис Кеко. На листата на чекање се пријави и Адријан Река со својата екипа.

Дончоски: Никогаш поубава игра на Бутоп

Во очекување на следниот натпревар на нашиот тим ви пренесуваме дел од разговорот со Христијан Дончоски по завршувањето на минатата средба. Обично критички расположениот Кико овојпат имаше доста пофалби кон нашите фудбалери и покрај поразот: „ Искрено, не се сеќавам на ’полепршава’ игра на Бутоп. Доста сте напреднале. Создадовте многу шанси, имаше течност, топката се движеше брзо. Само уште видете со Грмуш, потребен ви е сигурен голман (Коки брани за Тамба-ламба) и топ сте. Марче (Костовски) има фудбал во себе, само треба да го подберете малце, Кико и Анел технички одлични, Кире стандардно добар, му фали кондиција ама океј е. Новиот дечко (Емир) супер ви одигра, а морам да го пофалам и Каро кој имаше одличен настап. – коментираше Кико, кој се уште се опоравува од повредата на десната нога и својот камбек го очекува некаде кон половината на наредната година.