Бутоп ја „стресе“ Рома Шутка!

so anel andrej  Бутоп забележа победа од 5-3 во вечерашниот возбудлив натпревар против Рома Шутка на турнирот во СЦ Ново Лисиче. Иако на само пет минути до крајот губевме со 3-1, натпреварот беше далеку од завршен. Напротив, следеше вистински фудбалски потрес и пресврт во режија на инспирираниот Штака кој ги повлече останатите свои соиграчи да постигнат четири гола во самиот финиш и да ги шокираат фудбалерите на Рома Шутка. Марио постигна хет-трик (втор негов за Бутоп на турнирите), а по еден гол дадоа и Јеткин и Анел. Оној на Анел беше водечкиот за 4-3 по класична изработена акција од корнер и со тој гол Анел ја прекина по малку неверојатната пауза од неговиот последен гол на турнирите, постигнат на 6 октомври 2013 во победата над Јегермајстер. На тој натпревар (3-2 за Бутоп, Капи-куп 2013) Анел постигна два гола.

За Бутоп денес настапија:

1. Горјан Василев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

8. Анел Курт

11. Кристијан Каравидов и

70. Марио Вангеловски во стартната шесторка. А во игра влегоа и:

6. Кристијан Велковски и

10. Јеткин Сезаир.

Comments are Closed