Пораз од Импери во последниот меч од групната фаза

Вчера го одигравме последниот натпревар од групната фаза на турнирот Аеродром Скопје 2016 и бевме поразени од тимот на Импери со 3-1. А почетокот не најавуваше пораз. Поведовме околу петтата минута и имавме контрола врз настаните на теренот. Сепак, како што одминуваше натпреварот се повеќе се чувствуваше замор во нашите редови и сето тоа на крајот резултираше со комплетен пресврт на екипата од Маџир Маало. За Бутоп по пауза од една сезона настапи Харис Фекиќ, а играа и браќата Смиљковски. Службената победа на Рома Шутка над ПС Аеродром доведе до ситуација три тима да имаат по шест бода (Бутоп, Импери, Рома Шутка). Бутоп во секој случај е сигурен патник во фазата на елиминации. Ако конечниот пласман се определува според гол-разликата во меѓусебните средби на овие екипи, Рома Шутка ќе биде второпласирана, ние трети, а Импери на четвртото место. Потврда за ова очекуваме од организаторите, според чии информации нокаут фазата треба да започне во вторник. Повеќе информации очекувајте во текот на утрешниот ден.

Comments are Closed