October, 2021

now browsing by month

 

Натпреварот откажан, терминот избришан

Натпреварот кој денес требаше да го играме против Немилосрдни беше откажан три часа пред неговиот почеток. Двете екипи имаа кадровски проблеми и недоволен број на играчи, па моравме да се одлучиме на еден ваков непопуларен потег. Освен тоа, од менаџментот на балонот кај Зеф Љуш ни беше наложено дека доколку не играме ни остануваат две опции, а тоа е да се плати терминот, или тој да биде избришан. Поради финансиски причини и евентуалниот непотребен трошок, се одлучивме за втората опција.

Пресуди искуството

Екипите на Бутоп и Немилосрдни вчера (07.10.2021) одиграа уште еден неизвесен натпревар, кој беше решен во самиот финиш со минимална победа за нас, 8-7. Бутопци имаа контрола врз резултатот во текот на целата средба, иако дозволија противникот да се понадева на позитивен исход при крајот. Сепак, пресуди искуството на нашите момци кои останаа со ладни глави во клучните моменти. Немилосрдни одиграа практично и ги казнија нашите непотребни излети, па реализираа неколку контри, но недоволно за реми. За Бутоп настапија играчите кои ги најавивме вчера, а Дритон Палоши како повратник по подолго време во тимот имаше огромен придонес во победата.

Вечерва со голман-играч шема

Вечерва нашите момци ќе ја употребат старата добра тактика со голман играч на натпреварот против Немилосрдни, кој ќе се одигра во веќе редовниот термин во Зеф Љуш, од 21:00 часот. Ова значи дека ќе немаме постојан голман, туку шест играчи кои ќе се менуваат на позицијата еден во текот на средбата. Единствената кадровска промена од претходниот натпревар е токму отсуството на Грмуш поради повреда на грбот, а на негово место е Дритон Палоши, кој е играч во поле. Останатата петорка ја сочинуваат Анел, Кико, Каро, Зеко и Даниел.

Титулата освоена на асфалт

Пред 13 години и 2 дена (04.10.2008) Бутоп ја освои засега единствената титула. Тоа се случи на (тогаш) асфалтното игралиште кај ОУ Григор Прличев во населбата Железара. Во последниве години се повеќе игралишта имаат тревната подлога, па ист е случајот и со ова игралиште. Сепак, нашите почетоци беа главно на бетонските терени во Бутел 1, Бутел 2, Радишани, Железара, како и на летните турнири. Не е случајно што тврдите подлоги ни носеле многу успеси, иако сега ги избегнуваме поради многубројните хронични повреди на нашите фудбалери.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДАРКО

Денеска нашиот капитен и еден од основоположниците на идејата Бутоп, Дарко Костовски, го слави својот 29ти роденден. На нашиот Иниеста, кој за Бутоп одигра ххх натпревари и ужива во статусот жива легенда, сите соиграчи му посакуваат многу среќа и успех на сите полиња и што поскоро да се врати во препознатливата форма по тешката повреда. Среќен роденден Костовски.

Новајлијата Зеко изгина за синиот дрес

Бутоп вчеравечер (30.09.2021) оствари победа со конечни 7-5 во интересниот натпревар против Немилосрдни. За нас настапија момците кои ги најавивме вчера: Грмуш на гол, Курт и Велковски стартуваа во одбраната, а Каро, Даниел и Зеко оперираа во нападот. Сепак, по почетното испитување на силите следеа неколку тактички изненадувања за противникот. Најмногу се истакна дебитантот Зеко кој буквално изгина на секој дел од теренот. Грмуш истотака имаше свој ден и правеше чуда на голот, а Анел ги хранеше итрите напаѓачи со долги топки. Се на се, убава фудбалска вечер во балонот на Зеф Љуш и заслужена победа на Бутоп.