July, 2015

now browsing by month

 

Велковски со титулата најдобар стрелец

Изминатава сезона ќе му остане во добро сеќавање на Кристијан Велковски во поглед на неговото индивидуално постигнување при настапите за Бутоп.

Кико се избори за ласкавото признание најдобар стрелец на Бутоп на турнирските натпревари за сезоната 2014/2015 постигнувајќи 5 гола. На тој начин им се приклучи на играчите кои претходно биле најдобри во оваа категорија: Дарко Костовски, Јеткин Сезаир, Кристијан Каравидов и Филип Цветковски.

Најдобри стрелци во изминатите сезони, број на погодоци:

2007/2008: Енис Пепиќ – *

2008/2009: Дарко Костовски – 11

2009/2010: Јеткин Сезаир – 9

2010/2011: Јеткин Сезаир – 16

2011/2012: Дарко Костовски – 18

2012/2013: Кристијан Каравидов и Филип Цветковски – 5

2013/2014: Дарко Костовски – 3

2014/2015: Кристијан Велковски – 5

 

kiko v

 

 

 

 

Кристијан Велковски – Кико

Сезоната 2014/2015 низ бројки

Сезона 2014-2015

Помина првата половина на 2015-тата година, а со тоа заврши натпреварувачката сезона 2014/2015. Еве што велат бројките за настапите на Бутоп.

Ова беше наша осма сезона и за првпат имаме негативен скор на крај на сезона, односно повеќе порази отколку победи. Вкупно сме одиграле 32 натпревара со скор од 12 победи, 5 нерешени и 15 порази. Гол разликата сепак ни е позитивна (што и досега секогаш било случај), 158 дадени, а 149 примени гола. Вкупно на нашите натпревари имало 307 гола, или во просек 9,59 по натпревар. Просечно сме постигнувале по 4,93, а сме примале 4,65 гола по меч.

Натпреварите сме ги одиграле на 6 терени со 17 различни противници. Со 3 екипи сме одиграле повеќе од еден натпревар. Тоа се Тамба-ламба (1-1-1), Славија (5-3-5) и Елиф Елмас Тим (1-1-0). Во заградите стои скорот со секоја од екипите.

Бутоп сезонава учествуваше на 3 турнира, во Љубанци, во Ново Лисиче на „Скопје 2014“ и во Карпош на турнирот ТК МТП. Ниту еднаш не ја поминавме групната фаза и остваривме скор од 3 победи и 9 порази, со гол разлика 20-36.

Најубедливите победи ни се со Славија од 9-1 на 01.02.2015 и со Елиф Елмас Тим од 21-13 на 24.04.2015, а најубедливиот пораз ни е од Славија, 9-4, на 04.12.2014. На турнирите, освен службено добиениот натпревар со Тенисери, двете победи над Стела и ФК Напредок ни се со еден разлика (4-3 и 3-2). Најубедлив турнирски пораз ни е оној од Реал Муса со 6-2 на 04.06.2015.

Во делот за индивидуалните постигнувања ќе спомнам дека 8 играчи имале двоцифрен број на настапи: Дарко – 30, Анел – 27, Кико – 25, Каро – 23, Андреј – 20, Кире – 19, Коки – 16 и Марио – 15. Стрелци за Бутоп на турнирите се Кико со 5, Марио со 4, Каро со 3, Бено со 2 и Харис, Андреј и Дарко со по еден погодок.

Сезонава ја одбележа јубилејниот 250-ти натпревар кој го одигравме во Маџир Маало против Кварници и на кој остваривме победа од 8-2. Истотака ќе се памети најдолгата негативна серија од 6 последователни порази со која ја отворивме сезонава и по која беше тешко да се вратиме во „позитива“ во поглед на скорот. За одбележување е и хет-трикот на Марио, прв за играч на Бутоп (на турнири) по подолго време.

Во поглед на финансиите може да кажеме дека работевме одговорно, што е потврдено со финалната сметка. Интересно, втора година по ред нашите расходи изнесуваат точно 31500 денари. Приходите се нешто повисоки, односно 32600 денари, што значи дека сме во позитива. Повеќе информации за ова има во архивата на ФК Бутоп.

Сезонава најмногу натпревари одигравме во салата на СУГС Зеф Љуш Марку во скопската населба Север, вкупно 10. Оваа сала ни носеше среќа затоа што скорот таму ни е позитивен, 6 победи и по 2 нерешени и порази. Во „Антон Димитров“ имавме негативен скор од 2 победи, 3 нерешени и 4 порази. Најголем белег оставија пресметките со тимот на Славија. На 13 натпревари со нив остваривме по 5 победи и порази и три пати одигравме реми. Тоа беа средби исполнети со добар фудбал, неизвесност, а не ретко и тензија. Сезонава покрај Марио Вангеловски кој собра и забележителен број на настапи, шанса за деби доби и Горјан Василев, уште еден голман кој произлегува од нашата школа.

Уште еднаш треба да се потенцира револуционерниот потег на Андреј и креирањето на оваа веб страна со која, од оваа сезона, Бутоп е многу подостапен за фудбалската јавност во Македонија.

Токму затоа, изнесувањето и други дополнителни информации и статистики во наредниов период нема да биде никаков проблем, затоа продолжете да ја следите странава за нови известувања.

Дарко Костовски