Толку блиску, а толку далеку. Пораз од Спорт Кафе СЦ А.

Вчерашниот деветти роденден на Бутоп беше украсен со фудбалски спектакл во кој се спротивставивме на екипата на Спорт Кафе СЦ Аеродром, за која настапуваат поголемиот дел од првотимците на македонската футсал репрезентација. Конечниот резултат на средбата е победа на Спорт Кафе од 2-1. Бевме толку блиску, а толку далеку да го изненадиме фаворитот на овој меч. По првото полувреме губевме со 2-0, а противникот пропушти да постигне барем уште 2-3 гола и да го реши прашањето околу победникот. Во вториот дел нашите противници како да подзастанаа и ни оставија повеќе простор за игра (можеби затоа што веднаш потоа им следеше натпревар и против Рома Шутка). И покрај тоа што намаливме на 2-1 преку Кико, не успеавме до крај да ја искористиме ситуацијата и промашивме неколку шанси да оствариме сензација. За Бутоп вчера настапија Колев, Димитровски, Костовски, Велковски, Курт, Сезаир, Каравидов и Вангеловски.

02

Comments are Closed