September, 2015

now browsing by month

 

Двојна победа над Мојсовски-Џезо

Изминативе десетина дена изминаа во знакот на двете победи што ги остваривме против екипата на Мојсовски-Џезо.

Двата натпревара се одиграа во балонот до основното училиште Васил Главинов во Топанско поле. Првиот на 18 септември заврши со наша победа од 11-6, а вториот кој се одигра недела дена подоцна заврши истотака во полза на Бутоп, победа од 9-7.

На двата натпревара за Бутоп продефилираа вкупно 9 играчи: Кирил Ѓорѓиев, Анел Курт, Марио Вангеловски, Дарко Костовски, Јеткин Сезаир, Кристијан Каравидов, Кирил Смиљковски, Кристијан Велковски и Филип Пејков.

Среќен роденден Бутоп!

Бутоп денес го празнува својот осми роденден.

15 септември 2007. година е денот на основањето на нашиот тим и денот на одигрувањето на нашиот прв натпревар. Повеќе за тоа бутелско попладне и дуелот со ГУ може да прочитате во делот ЗА КЛУБОТ – Формирање и почетоци.
Во изминативе осум (еве веќе тече и деветтата) сезони имавме многу добри и лоши моменти, победи и порази. И покрај резултатската криза во последниве две-три сезони и натаму постоиме, работиме, играме фудбал и се надеваме на подобри игри и повеќе победи. Тоа им го должиме на нашите фанови и на нас самите.

Со желба за многу успеси во иднина го честитам роденденот на Бутоп!
ФК Бутоп - НЛ 2011

 

Деновиве низ историјата…

Бутоп има одиграно доста натпревари во овој период од септември изминативе години.

На 12 септември сме играле во:

2010 г. – победа над Визбегово со 3-2 (Кире, Андреј, Самко)

2011 г. – пораз од Турци ЈБТ со 8-6 и

2014 г. – победа над Кварници со 8-2.

На 13 септември сме играле во:

2010 г. – победа над Булачани со 3-0 и

2012 г. – победа над Водовод со 4-3 (Андреј, Кире, Дарко, Анел).

Гледаме и дека резултатски добро сме поминувале на овие натпревари.

003

Три години од поразот од Триглав Осигурување

337560_285014714936405_1108793474_o

 

 

 

 

 

 

Пред точно три години, на 8-ми септември 2012 г. Бутоп и Триглав Осигурување ја имаа честа да го отворат турнирот „Скопје 2012“ во Ново Лисиче.

Натпреварот заврши со резултат 3-0 во корист на нашите противници.

nl4

Честит ден на независноста

Бутоп на сите граѓани на Република Македонија им го честита денешниот празник 8 -ми Септември, денот на независноста!!!

макед

Среќен роденден Кире!

Денес, 8-ми септември 2015 г. Кирил Смиљковски го прославува својот 23. роденден.

Како еден од основачите на Бутоп и легенда на нашиот тим, Кире досега собра 229 настапи. Негови главни карактеристики се стремежот кон фудбалско совршенство и одличниот удар…

Му посакуваме многу успех и во иднина на професионален и приватен план.

Среќен роденден Кире!!!

kire i jas

Андреј го прослави 23-иот роденден, Бутоп со честитки до Работнички

Од активностите и моментите за одбележување што се случија во август предничи роденденот на Андреј Димитровски.

На 6 август Андреј го прослави својот 23. роденден. Легендата на Бутоп кој до овој момент собра 213 настапи за нашиот тим го красат борбеноста и бескомпромисноста. Тој е столб на нашата одбрана сите овие изминати години, а неговиот придонес во нашата интернет промоција е од неспоредлива важност.

Му посакуваме многу успех во иднина!

andrej

 

******************

Деветти август беше датумот кога Бутоп ја искористи можноста да им го честита успехот на фудбалерите на Работнички – елиминацијата на турски Трабзонспор. Во тој момент (по Металург) ние бевме само втората македонска екипа која го направи тоа. Јеткин Сезаир и Филип Пејков беа нашите претставници што лично им го честитаа успехот на неколку фудбалери на црвените кои беа присутни на северната трибина на Филип Втори на натпреварот меѓу Вардар и Шкупи.

Arena Filip II

Љубанци и Офсајд

Како што рековме, Бутоп не настапи во Љубанци, но затоа Офсајд беше екипата која прибра голем дел од нашите играчи.

Проектот кој го започнаа Колев и Мето Смиљковски брзо го привлече и Кире, во текот на самиот турнир се приклучи и Андреј, а по еднаш настапија и Костовски и Курт, па на моменти Офсајд беше една мала колонија на Бутоп… Досега запишаа по една победа и нерешено и три порази.

Во Љубанци настапува и Велковски, но во друга екипа.

терен 3

Преориентацијата и летните активности на Бутоп

Пред почетокот на деветтата сезона на Бутоп беше јасно дека наредново лето 2015 ќе биде потребна една преориентација како одговор на последните неуспеси.

Тоа и се случи, па Бутоп не настапи на ниту еден турнир во изминативе два месеца, прескокнувајќи го и турнирот во Љубанци со забелешка дека поголемиот дел од играчите настапија таму, но повеќе за тоа во наредното известување.

Во јули и август одигравме повеќе натпревари од пријателски карактер најчесто на теренот во селото Бутел, но само мал дел од нив (3) влегоа во официјалната статистика затоа што најчесто игравме со по 2 или 3 играчи од страна. Скорот на тие натпревари ни е по една победа, нерешено и пораз.

Веб-страната повторно се активира

Изминатиов период од речиси два месеца веб страната на Бутоп не беше активна поради одморите и некои технички причини кои сега се разрешени.

На радост на нашите поддржувачи, се враќаме со известувањата на butop.info.

Ќе почнам со информацијата дека во месецот јуни 2015 го срушивме рекордот по бројот на ажурирања на нашиот сајт – вкупно 20 пати известувавме за Бутоп. Тоа беше периодот кога настапувавме на турнирот на ТК МТП.

Во јули само два пати известивме – освртот на изминатата сезона и информацијата за најдобрите стрелци.

Август беше месецот во кој останавме „тивки“ на интернет, но тоа набргу ќе го надополниме.