May, 2019

now browsing by month

 

Лани ова време водевме битки во Добри Дол

Втората половина од мај минатата 2018 година мина во знак на нашиот настап на Спасовденскиот турнир во Добри Дол. Може да се каже дека се претставивме солидно. Почнавме со две победи во групата (Академци и Дељадровци), по што следеше единствениот разочарувачки настап во поразот од Припор, за на крај да одиграме суперинтересно четвртфинале против Гоце 2000 во кое загубивме 8-6.

Не импресиониравме, но победата е тука

Бутоп вчера (17.05.2019) со многу проблеми успеа да дојде до победа над тимот на Дарко ФФМ со конечни 8-6. Во текот на целиот натпревар имавме подеми и падови во играта и не можевме да ја контролираме средбата како што посакувавме. Очигледно паузата со неиграње натпревари го направи своето. Сепак, најважен е резултатот, а тој е во наша корист.

Своето деби во дресот на Бутоп вчера го имаше Марко Костовски, помладиот брат на Дарко. Тој има искуство во играњето против нас со настапите за Примавера во изминатите години, а ете дочека да настапи и за ФК Бутоп.

Треба да издвоиме и дека пред почетокот на натпреварот Дарко Костовски му ја врачи публикацијата „Приче из Македоније“ на Дарко Видиниќ. Со тоа сакавме да се претставиме како добри домаќини бидејќи за првпат игравме со овој противник на нашава страна на Вардар. Средбата се одигра во балонот кај СУГС Цветан Димов во Чаир, а настапија седумте играчи што ги најавивме вчера пред почетокот на мечот.

Попладнево против четата на Видиниќ (состав)

Бутоп денес (17.05.2019) се враќа на терените и ќе одигра натпревар со стариот познаник, тимот на Дарко ФФМ. Средбата ќе започне во 17:00 часот во балонот кај СУГС Цветан Димов во Чаир. Нашиот состав изгледа вака:

(12) Кирил Ѓорѓиев (г)

(1) Костадин Колев

(4) Дарко Костовски

(11) Кристијан Каравидов

(15) Стефан Милошевиќ

(16) Марко Костовски и

(70) Марио Вангеловски.

Фудбалерите на Бутоп трчаа на Скопскиот маратон

Бутоп и оваа година не го заобиколи најмасовниот спортски настан во нашата земја. Како и во претходните изданија и минатата сабота (4 мај 2019) дел од нашите фудбалери се појавија на скопските улици. Валчанов и Костовски трчаа на „петката“, Ристе оствари време од 24:38, а Дарко оваа делница ја помина за 26:14. Сепак, најзабележителен настап имаше фудбалерот кој повремено настапува за нас, Христијан Дончоски. Популарниот Кико оствари одлично време на полумаратонот – 01:37:29, поставувајќи личен рекорд.

Каро и Кире сложни: Време е за фудбал

Дел од фудбалерите на Бутоп го искористија денешниов ден за кафе-шема низ Бутел. Па така спонтано дојде до една средба и неформален состанок на нашиот тим каде што беа присутни Каравидов, Кире Смиљковски и Костовски. Каро и Кире речиси истовремено и недвосмислено заклучија дека е време да се одигра некоја партија фудбал, а токму договарањето некој натпревар ќе биде во фокусот во наредниот период.