Пеналите кобни за Бутоп

Бутоп вчера доживеа елиминација од тимот на Воденица 3 Крива Паланка, дури по изведувањето на ударите од седум метри. Резултатот по регуларните 40 минути гласеше 1-1. Натпреварот го започнавме со следната постава: Колев, Димитровски, Фекиќ, Костовски, Каравидов и Велковски. Целото прво полувреме, а и речиси половина од второто игравме без замена поради доцнењето (оправдано) на Јеткин. Тоа беше главната причина за да не играме агресивен пресинг во првиот дел од средбата и покрај раното водство на противникот. Откако Јеткин влезе во игра работите некако се раздвижија и следеа нашите пет минути. Тоа беа моменти кога гостите ја загубија контролата на настаните на теренот, а ние преку Кико израмнивме на 1-1. Следеше тајмаут на Воденица 3 на околу шест минути пред последниот судиски свиреж. Последните минути беа одбележани со двете шанси на нашиот противник, а Андреј и Коки беа наши спасители во тие ситуации. Следеа пеналите. Кико и Дарко беа сигурни во првите две серии, а исто и противничките играчи. Јеткин промаши во третата серија, но Коки го одбрани пеналот кој можеше да го промовира нашиот противник во осминафиналист. Во четвртата серија Харис беше прецизен, а погоди и играчот на Воденица 3. Каро промаши во петтата серија, а момците од Крива Паланка не грешат по вторпат и слават победа.

337560_285014714936405_1108793474_o

Comments are Closed