May, 2018

now browsing by month

 

Кире влезе во историјата повторувајќи го подвигот на Анел

Потребен беше подетален преглед на историските книги на Бутоп да се дојде до податокот за тоа кој успеал да стрела четири пати на еден турнирски натпревар за нашиот тим. Како што е веќе познато, Кирил Смиљковски постигна четири погодоци во вториот дел на трилер-четвртфиналето против Гоце 2000 минатата недела во Добри Дол. Ова негово феноменално издание донесе неизвесност во финишот, а за малку и конечен пресврт. Пред Кире, вакво нешто му успеало само на уште еден наш играч, Анел Курт, и тоа на нашиот прв натпревар на турнирите воопшто, во сега веќе далечната 2008 година, на 20 септември. Тој ден на турнирот во Железара во победата против Турци ЈБТ од 7-1 Анел ја испиша историјата стрелајќи четири пати, а освен него два гола даде Каравидов, а еден Костовски. Играа и Фекиќ, Димитровски и Лазароски. Нареден предизвик за Бутопци е некој да комплетира петарда во противничката мрежа на некој турнир.

Македонија го освои Добри Дол

Тимот на Македонија го освои Спасовденскиот турнир во Добри Дол за 2018 година. Тие во финалето беа подобри од минатогодишните освојувачи и тимот што го елиминираше нашиот Бутоп во четвртфиналето, Гоце 2000. Натпреварот се одигра на 23.05.2018, а конечниот резултат гласеше 4-0 за Македонија.

Индивидуална статистика од „Добри Дол 2018“

Полека стивнуваат реакциите и расправите околу нашиот настап на турнирот во Добри Дол 2018, па можеме да се посветиме и на еден краток преглед на индивидуалната статистика на нашите фудбалери. Вкупно деветмина настапија за Бутоп на овој турнир. Единствени со максимален број на настапи – четири, се Колев и Костовски, најдобар стрелец е Велковски со пет гола, а интересно е што сите играчи кои настапија (освен Коки) постигнаа барем по еден гол. Во табелата се дадени: бројот на дресот на играчите, бројот на настапи на турнирот и постигнатите погодоци.

  1. Костадин Колев                         (1) –       4         –     0
  2. Андреј Димитровски                (2) –        2         –     1
  3. Дарко Костовски                       (4) –        4         –     2
  4. Кирил Смиљковски                   (7) –        1         –     4
  5. Анел Курт                                   (8) –       3         –     2
  6. Дарко Николиќ                          (9) –        2         –     1
  7. Кристијан Велковски                (10)-       3         –     5
  8. Кристијан Каравидов                (11)-       3         –     3
  9. Марио Вангеловски                  (70)-        3         –    3

Елиминација во драматичен меч

Во драматичен меч кој заврши 8-6, Бутоп вчера (21.05.2018) беше елиминиран во четвртфиналето на Спасовденскиот турнир во Добри Дол од тимот на Гоце 2000. Имавме добар старт, игра, неколку шанси, но без реализација. Противникот, за разлика од нас, ги искористи речиси сите свои шанси во првиот дел и поведе со нереални 4-0. На паузата се договоривме да продолжиме во ист стил и да се надеваме дека среќата ќе се сврти. Полека се враќавме во игра, но на четири минути пред крајот губевме со високи 7-3. И тука почна вистинската драма. За само три минути Кире постигна три гола со што намаливме на 7-6. Сепак по една контра играчите на Гоце 2000 ставија точка на натпреварот и на крајот заслужено одат во полуфиналето. Во нашиот тим вчера се приклучи и Кире Смиљковски кој беше вистинско освежување и постигна четири гола, по еден дадоа Марио и Андреј. Играа и Коки, Анел, Дарко, Даре Николиќ и Каро. Отсуствуваше само Велковски. Ќе остане запаметено дека Бутоп покажа карактер и добра игра, а тоа го потврдува и изјавата на Смиљковски, кој ретко се расфрла со комплименти за својот тим: „Прикажавме добар фудбал против силен противник. И кога губевме 4-0 не бев незадоволен затоа што знаев дека може да се вратиме во игра. Штета што во првиот дел немавме повеќе среќа и таа разлика на крајот се покажа клучна за конечниот исход. Тоа е тоа, одиме понатаму…“ – изјави Кире.

Четвртфинале Гоце 2000-Бутоп: доминација или детронизација?

Четвртфиналната ждрепка на турнирот во Добри Дол ги спои тимовите на актуелниот освојувач Гоце 2000 и нашиот Бутоп. Вечерашната средба од 20:30 часот ќе покаже дали ќе продолжи доминацијата на Гоце 2000, или пак можеби нашиот тим ќе успее да го изненади фаворитот. Во нашиот состав ќе се најдат: Колев, Димитровски, Костовски, Смиљковски, Курт, Николиќ и Каравидов, настапот на Вангеловски е неизвесен, додека пак Велковски со сигурност не игра.

Проработи синдромот Бутоп, едвај се провлековме во четвртфиналето

Кога пред самиот почеток на синоќешниот натпревар организаторот не извести дека со 8-0 не проаѓаме понатаму, многумина можеби и не знаеја дека тоа е најдобра покана да проработи синдромот Бутоп. Резултат од сето тоа, губевме 4-0 по само три минути. Се понатаму е приказна сама за себе, а конечниот епилог среќен, па со пораз од 10-3 од тимот на Припор поминавме во нокаут фазата. Настапија тие што беа најавени, стрелци Каро со два гола, Анел еден.

Следна станица: Припор

Уште вечерва Бутоп ја игра третата средба во рамките на групата 1. Следен противник (19:45 часот) ни е Припор. На овој натпревар ќе треба да го визираме пласманот во нокаут фазата, но и со победа или нерешено да го освоиме првото место во нашата група. Тоа би требало да ни донесе мала привилегија во вечерашната ждрепка за четвртфиналето која ќе се одржи во 21:00 часот. На денешната средба повторно ќе бидеме без резерва, а ќе настапат: Колев, Курт, Костовски, Велковски и Каравидов.

Тешка победа над Дељадровци

Вчера (19.05.2018) Бутоп извојува (во буквална смисла на зборот) тешка победа над тимот на Дељадровци во вториот натпревар на турнирот во Добри Дол. Резултатот на крајот гласеше 4-3, а двата тима покажаа цврст фудбал и желба за победа. Ние ги искористивме грешките на противникот и поведовме 2-0 со головите на Николиќ и Костовски. Дељадровци потоа намалија на 2-1. Во вториот дел следуваа два гола на Велковски (4-1) и кога помисливме дека тука е крајот противникот брзо се врати со два гола. Во тој момент повикавме тајм-аут и некако успеавме да го сопреме налетот на нашиот ривал и да го приведеме мечот кон конечните 4-3.

Попладнево против Дељадровци

Денес Бутоп го игра својот втор натпревар на турнирот во Добри Дол. Наш противник ќе ни биде тимот на Дељадровци, а средбата започнува во 18:00 часот. Попладнево ќе бидеме без замена, а ќе настапат само Колев, Костовски, Вангеловски, Велковски и Николиќ.

Победа над Академци за почеток

Бутоп вчера (15.05.2018) забележа победа во натпреварот со Академци за успешен старт на турнирот во Добри Дол. Конечниот резултат е 8-4, откако на полувремето водевме со 4-0. Сепак, младите Академци покажаа дека знаат да играат фудбал, па дури и успешно се држеа во првите седум-осум минути. За Бутоп настапија седумте играчи кои и беа најавени, а стрелци беа Велковски (хет-трик), Вангеловски со два гола и Костовски, Курт и Каравидов со по еден гол.