November, 2022

now browsing by month

 

На ред е Светско

Денес во Катар започнува 22 Светско првенство во фудбал. ФК Бутоп ви посакува пријатно следење на натпреварите и многу возбудливи и незаборавни моменти споделени со најблиските.

Пехарот за шампионот – Радишани

Распоредот на Маалската лига одлучи последното коло симболично да се одигра на денот на ослободувањето на Скопје 13 ноември, а резултатите го крунисаа Радишани како прв шампион на натпреварувањето. Пехарот за првото место на капитенот на радишанци, Александар Ристески, му го предаде организаторот Дарко Костовски.

Победа за крај, Марио најдобар стрелец

Бутоп вчера (13.11.2022) со победа во последното коло го заврши својот настап во премиерната сезона на Маалската лига. Победата над ЗОО Арт од 7-5 е мал реванш за поразот кој го доживеавме од нив во првиот меч. Со овие три бода избивме пред тимот на Алиенс, кој загуби од шампионот Радишани со 8-0, па така на крајот завршуваме петти на табелата. Она што е уште поважно е фактот дека Марио Вангеловски направи историски подвиг постигнувајќи шест гола, или вкупно 23 со што ја освои престижната титула најдобар стрелец.

All-focus

Пехари за најдобрите поединци

Раководството на Маалската лига денес на својата официјална фејсбук страница ги објави пехарите кои ќе ги добијат најдобрите играч, голман и стрелец. Покрај пехарите за првите три тима ќе биде прогласена и ферплеј екипа. Освен ова, сите тимови добиваат благодарници за учеството.

All-focus
All-focus

Евтин пораз и повторно со фенерот

Бутоп доживеа уште еден пораз во Маалската лига откако вчера Белиот мачор беше подобар од нас со конечни 5-3. И овојпат останува впечатокот дека евтино загубивме бодови затоа што пропуштивме многу шанси за гол, а противникот не делуваше сигурно во одбраната. Сепак, за разлика од нас, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до посакуваната победа и третото место на табелата. Од друга страна, Бутоп повторно е последен по малото изненадување што го приреди Алиенс победувајќи ги ЗОО Арт. Во дербито Радишани го победи Лукс кафе и со тоа се круниса во прв шампион на Маалската лига.

Радишани и Лукс кафе во борба за титулата

Ви ја пренесуваме во целост најавата за деветтото коло, преземена од фејсбук страницата на Маалската лига:

Вечерва се игра деветтото коло, а централниот термин од 20:20 е резервиран за дербито за титулата помеѓу двете првопласирани екипи – Радишани и Лукс кафе. Овој натпревар може да го даде шампионот доколку Радишани победи, а ако заврши нерешено или победи Лукс кафе, се ќе се решава во последното коло.

Програмата ја отвараат Белиот мачор и Бутоп (19:30), а во третиот термин играат ЗОО Арт и Алиенс (21:10)

Марио во борба за титулата најдобар стрелец

Марио Вангеловски е по се изгледа нашата единствена шанса да освоиме некоја награда во инаугуративната сезона во Маалската лига, и тоа во битката за најдобар стрелец. Пред последните две кола популарниот Штака е на делба на второто место со 16 погодоци заедно со Љуљи од Лукс кафе, еден помалку од водечкиот Монтела од Белиот мачор. Зад нив е група од пет играчи со по 14 гола.

Претставени пехарите за најдобрите

All-focus

Маалската лига на својата официјална фејсбук страница ги претстави пехарите наменети за трите најдобри екипи. На две кола до крајот јасно е дека шампионот ќе се одлучува меѓу тимовите на Радишани и Лукс кафе, а ЗОО Арт и Белиот мачор ќе се борат за последното место на подиумот. Бутоп во оваа прва сезона не успеа да одигра важна улога во борбата за врвот, но последните неколку натпревари покажаа дека формата оди во нагорна линија и дека бутопци ќе има што да покажат во периодот што следи.

Постот прекинат со победа над Алиенс

Бутоп ја прекина серијата од десет натпревари на кои немаше победа откако вчеравечер (03.11.2022) беше поуспешен од Алиенс со конечни 8-3. Дека трите бода се единствената опција бутопци најавија од самиот старт и до полувремето створија сигурно водство од 4-0. Алиенс возврати на почетокот на вториот дел и дојде на само гол негатива (4-3), но нашите момци успеаја да се стабилизираат и да се вратат на сигурна разлика по што искусно го приведоа натпреварот до крај за прва наша победа во Маалската лига. За Бутоп настапија Костовски (на голот), Курт(1), Димитровски, Смиљковски (2), Каравидов (1), Вангеловски (3) и Даниел. Марио со новиот хет-трик е на делба на второто место на листата на стрелците со гол помалку од Монтела.

Бутоп или Алиенс: кој ќе го избегне фенерот?

На три кола до крајот на Маалската лига само екипите на Бутоп и Алиенс немаат никаква шанса за освојување на пехарот и се во трка за избегнување на дното на табелата. Вечерва нивната меѓусебна пресметка може многу да одлучи за конечниот исход. Натпреварот почнува во 19:30 и е увертира за двете дербија кои следат, Белиот мачор – Радишани и Лукс кафе – ЗОО Арт.