March, 2024

now browsing by month

 

И со пораз напредувавме до топ 3

Лидерот во МЛ Албајрак Тенда сепак беше пресилен за Бутоп на завчерашниот натпревар од петтото коло кој заврши со конечни 4-7 во корист на нашиот противник. Нашите момци постојано се обидуваа да наметнат своја игра, но реално Албајрак држеше резултатска и играчка контрола во поголемиот дел од средбата па заслужено дојде до нови три бода. И покрај ова, резултатите од другите натпревари се наредија на начин што Бутоп напредуваше едно место на табелата и сега се наоѓа на третата позиција со ист број бодови како и АММ-Тим, кои се четврти. Во четвртокот за нас настапија Курт (како голман), Димитровски, Вучевски, Волчевски, Смиљковски, Вангеловски и Чаковски.

Дуелот со лидерот како патоказ за сезоната

Вечерва со одигрувањето на петтото коло се заокружува првата половина од Сезона 4 на Маалската лига, а програмата ја затвараат нашиот Бутоп и лидерот на табелата Албајрак Тенда. Натпреварот е закажан за 22:25 часот, а бутопци осоколени по двете победи во претходните кола ќе сакаат да си ги испробаат силите против најдобриот тим досега. Затоа, оваа средба ќе ни даде јасна слика за тоа какви се реалните капацитети на нашиот тим за до крајот на оваа сезона. За Бутоп денес ќе настапат: Чаковски, Волчевски, Вучевски, Смиљковски, Димитровски, Курт и Вангеловски.

Среќен роденден Грмуш

Вчера (26.03.2024) својот триесет и прв роденден го прослави Кирил Ѓорѓиев – Грмуш. Тој е неизоставен член на Бутоп од самите почетоци на клубот. Во четири наврати беше голман на сезоната (2007/2008, 2018/2019, 2019/2020 и 2021/2022) и досега запиша 44 настапи. Му посакуваме се најдобро. Среќен роденден Грмуш!

Демант од Колев: Нема трансфер во Шпанија

Како гром од ведро небо вчера низ бутелските фудбалски кулоари се прошири веста дека нашиот Костадин Колев договорил трансфер во футсал клуб од Шпанија. Оваа информација кружеше во текот на целиот ден и разбирливо предизвика доста интерес, па моравме директно да го исконтактираме Коки и да ви го пренесеме неговиот коментар за целата ситуација: „Нема ништо од тоа Даре! Чисти шпекулации. Јас сум играч на КМФ Бутел и не сум потпишал договор со ниеден друг клуб. И јас сум изненаден од тоа што го слушнав“. Низ понатамошниот разговор со Колев дознавме дека и претходно имало одредени лажни вести околу неговата иднина, но тој децидно ги отфрли сите како шпекулации.

Приказната која дојде до нас е дека менаџментот на КМФ Бутел преку свои врски во најфудбалската (футсал) земја во Европа издејствувал трансфер на Колев во екипа од Валенсија која настапува во пониските футсал рангови во Шпанија.

Костадин Колев шест пати по ред беше голман на сезоната на Бутоп почнувајќи од 2012/2013 до 2017/2018 и со 111 настапи е апсолутен рекордер на голманската позиција во нашиот клуб. Веќе долги години гради успешна кариера и во футсал лигата на Македонија настапувајќи за Шкупи, Арбен Бајрами и Бутел.

Тензично до трите бода

Вчерашниот натпревар против Алиенс во рамките на четвртото коло на МЛ донесе добар фудбал, но и многу тензија и позитивен исход за Бутоп, победа со конечен резултат 7-5. Нашите момци во поголемиот дел од средбата имаа минимална предност иако и противникот имаше што да каже на теренот. По неколку инцидентни ситуации помеѓу нашиот Вангеловски и најдобриот играч во лигата од минатата сезона Хасан, Алиенс одлучија на четири минути пред истекот на времето да се повлечат од теренот па така се регистрираше моменталниот резултат за конечен. За Бутоп на голот дебитираше Ерман, а имавме уште еден дебитант позајмен од Сент Патрик – Никола Џон. Настапија и Курт, Волчевски, Вучевски, Чаковски и Вангеловски.

Повторно без резерва ќе бркаме бодови

Четврто коло во Сезона 4 на МЛ и четврти пат Бутоп ќе биде без замена на вечерашниот натпревар против Алиенс (21:00 часот). Уште една потврда дека периодов најголем проблем ни се отсуствата на играчите па едвај успеваме да собереме шестмина. Вечерва бутопци ќе играат во сина комбинација, а во составот ќе бидат Курт, Вангеловски, Чаковски, Волчевски, Вучевски и уште еден играч на позајмица од Сент Патрик.

Познат ривал во четвртото коло – Алиенс

Утре не очекува нова битка во Маалската лига. На програмата се средбите од четвртото коло, а во него Бутоп се среќава со својот стар познаник, тимот на Алиенс. Двете екипи се дел од лигата од нејзината прва сезона и ова практично е дерби на староседелците во МЛ. Досега пет пати игравме меѓусебе и скорот е изедначен, по две победи и едно реми. Како ќе биде утре ќе дознаеме по натпреварот чијшто почеток е закажан за 21:00 часот.

Со тимска игра прекината негативната низа порази

Фудбалерите на Бутоп вчеравечер (14.03.2024) не дозволија израмнување на негативниот рекорд од шест порази по ред и го победија тимот на Ак. Ќерим во натпреварот од третото коло на МЛ. Конечниот резултат 6-4 дури и не ги отсликува случувањата на теренот затоа што нашите момци имаа резултатска контрола и комотна предност до самиот крај. Водството од 6-1 се стопи во последните две-три минути, но секако победата не беше доведена во прашање. За Бутоп настапија Каравидов (почна на голот, а потоа играчите се ротираа на таа позиција), Волчевски, Вучевски, Вангеловски, Димитровски и Чаковски.

Ак. Ќерим – нова шанса за излез од кризата

Вечерва во 21:45 бутопци ќе му излезат на мегдан на тимот на Ак. Ќерим во обид да излезат од резултатската и играчка криза во која се наоѓаат. Во моментов сме во негативна серија од пет порази и евентуален нов неуспех би го израмнил клупскиот рекорд од шест последователни порази, кој датура уште од 2014 година. Овој натпревар е дуел на единствените две екипи кои не освоија ниту еден бод во првите две кола од новата сезона во Маалската лига.

Бутоп немоќен, нов пораз во МЛ

Нов пораз за нашите момци во второто коло од МЛ остварен во четвртокот (07.03.2024) во натпреварот со АММ-Тим. Конечните 7-4 се донекаде реален резултат затоа што не бевме ниту до крај разбиени, но сепак доволно надиграни од расположениот противник. За Бутоп настапија Смиљковски, Каравидов, Вукељ, Вучевски, Волчевски, а на голот застана Колев.