May, 2015

now browsing by month

 

Андреј: Се чувствувам одлично

Изминатава полусезона поминува во знакот на столбот на одбраната на Бутоп – Андреј Димитровски. „Двојката“ на Бутоп вели дека физичката спремност му е на завидно ниво:

– Се чувствувам одлично! Кондициски сум подготвен да одговорам на сите предизвици и со голема желба го чекам секој нареден натпревар.

andrej

 

 

 

Една од главните причини за неговата подготвеност се тренинзите кои ги посетува во Крос-фит клубот во Скопје:

– Да. Станува збор за кратки тренинзи, но со голем интензитет. Клубот се вика Крос фит Скопје и таму научив многу работи кои ми помагаат во подготовките. Го препорачувам на сите спортисти и рекреативци. – продолжи Андреј.

09.02.2013

 

 

 

 

 

 

 

 

Кога го запрашав кои се неговите очекувања за наредниот период во Бутоп, тој само кратко одговори:

– Секогаш одиме на победа.

На денешен ден, во 2011та

На денешен ден, 24 мај 2011та се одигра дваесет и првото коло на Пролетната лига во Ново Лисиче во кое Бутоп го играше повратниот натпревар со Блок 19. Овојпат бевме надиграни и поразени со 4-1.

Мечот започна во 20:30, а за Бутоп настапија:

1. Адем Маровци (голман)

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

8. Анел Курт и

22. Самин Колашинац.

Самко беше стрелец на единствениот гол за нас тој ден.

Минатиот петок триумфално против Елиф Елмас Тим

Минатиот петок, 24 април во салата на Зеф Љуш Марку со почеток во 19:00 часот, одигравме натпревар против Елиф Елмас Тим на кој забележавме победа со 21-13.

За Бутоп настапија:

8. Анел Курт (започна како голман)

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

10. Кристијан Велковски

11. Кристијан Каравидов и

70. Марио Вангеловски.