December, 2016

now browsing by month

 

Не им помогнаа ниту Елиф и друштвото

cropped-11218833_950298891677886_7111569292415805367_n.jpgДоминацијата и стопроцентниот ефект на Бутоп на Боксинг деј продолжија и оваа година. Како што веќе напишавме, наша жртва завчера беше екипата на Примавера (11-8). Ова им беше вторпат да бидат поразени од нас на овој ден, а и првиот пат (во 2013 г.) како и сега средбите претставуваа еден вид на мајсторка со среќен крај за Бутоп. Тогаш за 3-2 во „партии“ за есенската полусезона 2013-2014, а сега при скор од 1-1-1, за конечен успех во меѓусебните дуели во тековнава полусезона. Првпат на Боксинг деј игравме во 2009 г. против Бутел (Давор, Жора) и победивме со 16-10. На таа средба пред седум години за Бутоп настапија: Фекиќ, Курт, Димитровски, Колашинац, Костовски, Каравидов, Сезаир, а на голот се наоѓаше Мумин Елмас.

Токму во неговиот братучед, Елиф Елмас (за кого неодамна по општествените мрежи се распрашуваше и Пеп Гвардиола), момците од Примавера се обидоа да го најдат „лекот“ за Бутоп. Затоа на помош го ангажираа најдобриот млад фудбалер на Македонија за 2016 (ЧЕСТИТКИ ЗА ЕЛИФ И СО СРЕЌА ПОНАТАМУ), но ниту тој со неговите двајца компањони не успеаја да му застанат на патот на нашиот тим. Со ова уште еднаш покажавме кој е газда во „Антон Димитров“, а нова шанса за некој да го урне митот за нашата непобедливост на 26.12 ќе има наредната година.

elmas-priznanie

Бутоп си гази на Боксинг деј, победа над Примавера

Бутоп ја продолжи успешната низа на Боксинг деј откако вчера (26.12.2016) го победи тимот на Примавера со конечен резултат 11-8. Нашиот противник го диктираше темпото во првиот дел од натпреварот и честопати беше во минимална предност. Сепак ние полека но сигурно успеавме да воспоставиме рамнотежа и да ја преземеме иницијативата. На 10-15 минути до крајот водевме со 3-4 разлика и мечот го приведовме во извесна завршница. За Бутоп настапија: Колев, Димитровски, Смиљковски, Костовски, С. Милошевиќ и Каравидов. Натпреварот се одигра во „Антон Димитров“ со почеток во 21:00 часот.

SDC10011 004

Победата прокоцкана за десет минути

Бутоп вчера (25.12.2016) одигра нерешено 7-7 со составот на Албион (Север). Иако натпреварот го отворивме како што посакувавме и во поголемиот негов тек имавме и убедливо водство (4-0) , сепак во последните десетина минути дојде до опуштање и пропуштена победа. Домаќините на крајот успеаја седум пати да ја затресат мрежата на Елмас и да дојдат до ова реми. Натпреварот се одигра во балонот кај ОУ Пенко во Север, со почеток во 20:00 часот. За Бутоп настапија Елмас, Димитровски, Смиљковски, Пецев, Костовски и Денис.

09.02.2013-4

Среќен роденден Горјан!!!

Денес (25 декември) својот роденден го прославува Горјан Василев. Тој е уште еден од нашите голмани од новата гарда, а и покрај тоа што досега само три пати настапи за првиот тим на Бутоп, беше дел од нашиот состав на два турнира. Таков беше случајот и овој септември на турнирот Аеродром Скопје 2016.

Му посакуваме многу успех во иднина. Среќен роденден Горјан!!!

gorjan-vas

На денешен ден (24 декември)

На денешен ден (24 декември) Бутоп има одиграно само еден натпревар. Тоа се случи во 2014. година во салата Антон Димитров во Бутел 1, а противник ни беше екипата на Тамба-ламба, која и успеа да не победи со 4-2. Мечот започна во 21:00 часот, а Бутоп настапи во „шарен“ состав, што можеби и влијаеше на конечниот исход: Цамба и Коки Немогуче се менуваа (на голот и во одбраната), Андреј, Дарко, Кире и Кико Велковски.

dscn6149

Среќен роденден Цамба!!!

На 10 декември 1991 година во Скопје е роден Сашо Наумовски – Цамба. За повеќето луѓе познат како голем борец за правда, Цамба секогаш имал што да каже и на фудбалскиот терен. Па така во изминативе години собра 7 настапи за тимот на Бутоп. Малкумина веројатно го знаат податокот дека Саше играше на нашиот прв натпревар воопшто, на 15 септември 2007 со ГУ.

Му посакуваме се најдобро. Среќен роденден Цамба!!!

dscn0312

Среќен роденден Марио!!!

Марио Вангеловски вчера (03 декември) го прослави својот роденден.

Нашиот „разбивач“ досега собра 25 настапи за Бутоп и станува се поважна алка (и оружје) во нашата игра. Па така, според многумина тој беше наш најкорисен играч на турнирот Аеродром Скопје 2016. Популарниот Штака се уште се опоравува од повредата стекната на натпреварот со Спорт Кафе СЦ Аеродром одигран токму на турнирот во Ново Лисиче.

Му посакуваме успешно рехабилитирање и што побрзо да се врати на терените. Среќен роденден Марио!!!

mario