March, 2015

now browsing by month

 

Среќен роденден Грмуш!

Кирил Ѓоргиев – Грмуш е роден на 26 март 1993г. во Скопје и вчера го прослави својот 22. роденден.

Популарниот Грмуш со доста паузи има настапувано за Бутоп и досега одигра 16 средби за нашата екипа. Тој е еден од оние резервни варијанти на голманската позиција, но честопати знаел да импресионира со своите партии…

Среќен роденден Грмуш!!!

grmush

Среќен роденден Бено!

Вчера, на 16 март, Бенјамин Фекиќ го прослави својот роденден.

Бено повремено настапува за Бутоп, најчесто на турнири, па така досега собра 21 настап за нашиот тим. Последен пат настапи за нас на 30 август минатата година во победата над Напредок (3-2) на турнирот во Ново Лисиче кога и постигна два гола.

Среќен роденден Бено!!

BENO

Сезаир: Едвај чекам да се вратам

Веќе неколку недели Јеткин Сезаир го користи слободното време за да одигра некој термин, најчесто во Зеф Љуш со Уличарите и ја чека приликата одново да настапи за Бутоп.

Добрата вест за играчите и навивачите на Бутоп е што Јеткин веќе нема проблеми со повредата на оперираното колено:

jetkin

 

 

 

 

– Не чувствувам болка во коленото. Таа повреда е минато. – изјави тој. Сепак ќе му биде потребно уште време за целосно да се опорави:

– Сега проблем ми е подготвеноста, одвреме навреме имам грчеви во ногата, но ќе биде подобро… – остана позитивен, но додаде – сепак криво ми е кога гледам дека сум ја загубил брзината, тоа навистина ми смета. Едвај чекам повторно да настапам за Бутоп. – заврши Јеткин во неврзан разговор во кој му посакав што побрзо враќање во нашиот дрес.

Д.К.

 

Тесен пораз во понеделникот

Овој понеделник (02.03.2015) Бутоп играше со Славија и загуби со 2-1.

Натпреварот се одигра во салата на Зеф Љуш Марку во Север, со почеток во 19:00 часот. Тоа беше цврста средба без многу фудбалска убавина во која подобро се снајдоа играчите на Славија и заслужено дојдоа до победата.

За Бутоп настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

1о. Кристијан Велковски и

11. Кристијан Каравидов. А уште играше и:

8. Анел Курт

Среќен роденден Јеткин!

Вчера (02 март) Јеткин Сезаир го прослави својот 22. роденден.

Јеткин не случајно го заработи прекарот Роналдињо, неговата беспрекорна техника и неповторливите дриблинзи се главната карактеристика на овој играч и причина да го споредуваат со славниот Бразилец. За Бутоп собра 84 настапа досега, и е осми во тој поглед, а на негов настап чекаме уште од 27 февруари минатата година и победата над Примавера од 9-3…

Среќен роденден Јеткин!

jetkin