August, 2016

now browsing by month

 

Бутоп утре го отвора турнирот „Скопје 2016“

nl4

Бутоп утре го отвора турнирот „Скопје 2016“ со натпреварот против екипата на Рома Шутка од 18:30 часот. Во нашата група засега се уште и екипите на ПС Аеродром, Импери и Спорт кафе СЦ Аеродром со можност да се додаде плус уште еден тим.

 

 

За потсетување, Бутоп е тимот што го одигра првиот натпревар воопшто на овој веќе традиционален турнир. Тоа беше на 8 септември 2012 против Триглав Осигурување кој истотака започна во 18:30.

Повеќе информации околу турнирот, распоредот и ждребувањето очекувајте утре.

337560_285014714936405_1108793474_o

 

 

 

 

 

 

 

 

На денешен ден (28 август)…

На денешен ден, пред точно пет години (28.08.2011), со почеток во 23:00 часот, го одигравме првиот натпревар од групната фаза на турнирот во Љубанци против екипата на Булачани и забележавме победа од 2-0. Овој пораз како да ги отрезни булачанци кои подоцна и го освоија турнирот таа година, додека Бутоп испадна на пенали во осминафиналето од Меѓу нозе.

За Бутоп таа вечер во првиот тим настапија:

1. Филип Пејков

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

11. Кристијан Каравидов. А играше и:

22. Самин Колашинац.

Стрелци на головите беа Каро и Самко.

терен 3

Кире со златната копачка за изминатата сезона

Кирил Смиљковски го понесе епитетот најдобар стрелец на Бутоп за сезоната 2015/2016.

kire i jas

 

 

 

 

 

 

 

Изминатава сезона не учествувавме на ниту еден турнир, па златната копачка беше доделена по поинакви критериуми, а не по вообичаените – бројот на турнирски голови. Тоа е втор ваков случај по сезоната 2007/2008 кога Енис Пепиќ ја освои оваа награда. Затоа во официјалната статистика не стои број на постигнати погодоци. Во ваков случај предничат решавачките голови во „тесните“ натпревари, бројот на голови и настапи и уште некои други фактори, а Кире успеа да го вкомпонира и искористи сето тоа и по првпат да стане најдобар стрелец на Бутоп во една сезона.

 

Следи список на најдобрите стрелци на Бутоп во досегашните сезони:

2007/2008: Енис Пепиќ – *

2008/2009: Дарко Костовски – 11

2009/2010: Јеткин Сезаир – 9

2010/2011: Јеткин Сезаир – 16

2011/2012: Дарко Костовски – 18

2012/2013: Кристијан Каравидов и Филип Цветковски – 5

2013/2014: Дарко Костовски – 3

2014/2015: Кристијан Велковски – 5

2015/2016: Кирил Смиљковски – *

zlatna kopacka

Среќен роденден Андреј!!!

На денешен ден, 06 август 1992-та година, во Скопје е роден Андреј Димитровски. Андреј е еден од основачите на нашиот тим и во текот на целото постоење на Бутоп тој е неизоставен дел од сите наши подеми и падови. За влијанието врз клубот на човекот кој досега има 223 настапи во синиот дрес може да се напишат многу страници, а негов заштитен знак се бескомпромисната игра и пожртвуваноста на терен.

Му посакуваме уште многу успеси на приватен и професионален план и многу победи во дресот на Бутоп.

Среќен роденден Андреј!!!

andrej

Среќен роденден Мики!!!

На денешен ден (5.август) пред 24 години во Скопје е роден Михаел Милошевиќ. Бутоп ја имаше привилегијата Мики, или во фудбалските кулоари попознат како Миле Тапанот, повремено да настапува за нашиот тим (почесто во првите две сезони) и досега да запише 8 настапи. Последен негов меч засега во дресот на Бутоп беше победата над Аристократ со 9-5 на 28.01.2012. Вредна за напомена е и неговата менаџерска активност околу нашиот тим во изминативе години.

Му посакуваме се најдобро. Среќен роденден Мики!!!

Париз, Трокадеро