November, 2015

now browsing by month

 

21 и 22 ноември низ историјата

21 и 22 ноември се исклучително среќни денови за Бутоп. Досега на овие два датума сме одиграле 4 натпревари и сме оствариле исто толку победи. Еве го краткиот преглед на резултатите:

21.11.2009: Бутоп – Бутел 2 – 11:1

21.11.2010: Бутоп – Црниче, Кисела вода – 18:9

22.11.2012: Бутоп – Фокус – 11-9

21.11.2013: Бутоп – Примавера – 9:6

Низ историјата:15 ноември

Денешниов датум, 15 ноември, донел 4 натпревари низ историјата на Бутоп.

Три од нив се одиграле во 2008 година на теренчето со вештачка трева во Триангла, Маџари. Првиот меч започнал во 15:оо часот, а противник ни бил тимот на Маџари (Филип РЈК). Победа за нас од 5-1. Во вториот натпревар сме биле поуспешни од Маџари (Девојче) со 7-5. Денот сме го завршиле со пораз од Маџари (Филип РЈК) од 5-2. Тоа попладне пред седум години за нас настапиле:

1. Беким Асани

2. Андреј Димитровски

3. Анел Курт

4. Кирил Смиљковски

5. Дарко Костовски и

6. Јеткин Сезаир.

Во 2012 година пак, на денешен ден сме ги победиле момците од Фокус со 13-8. Тој натпревар се одиграл во Антон Димитров, од 23:00. Првата постава изгледаше вака:

12. Бранко Марков (г)

2. Андреј Димитровски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт

9. Дарко Николиќ и

11. Кристијан Каравидов. Уште играше и:

22. Самин Колашинац.

На денешен ден – 8 ноември

Денешниов ден, 8 ноември, донел еден натпревар во историјата на Бутоп. Тоа се случило во 2012-та година кога сме го победиле тимот на Фокус со 9-8.

Натпреварот со нашиот локален ривал сме го одиграле во салата Антон Димитров со почеток во 23:оо. Првата постава на Бутоп изгледаше вака:

3. Методиј Смиљковски (г)

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

22. Самин Колашинац. Уште играше и:

11. Кристијан Каравидов

На денешен ден – 7 ноември…

Денешниов ден 7 ноември донел еден натпревар низ нашата историја. Во 2013-та во салата Антон Димитров во Бутел сме биле поуспешни од Бутел (Илхан) со 8-5.

Натпреварот започнал во 22:30, а за Бутоп таа вечер стартуваа:

69. Арбен Ејуп (г)

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

6. Кристијан Велковски

8. Анел Курт и

11. Кристијан Каравидов. Уште играа и:

3. Методиј Смиљковски и

7. Кирил Смиљковски

Бутоп на насловната страна на спортскиот портал Спортмедиа

Бутоп го сврте кон себе вниманието на македонската спортска јавност овој понеделник (2 ноември 2015) кога се најде на насловната страна на Спортмедиа, еден од најпопуларните спортски интернет портали во нашата земја.

Анел Курт во својот текст зборува за неагилноста на повеќето наши фудбалски прволигаши во поглед на достапноста до информации, а за позитивен пример ја зема нашата веб-страна која опстојува повеќе од година дена. Објавата неколку часа стоеше на почетната страна на Спортмедиа, доволно да предизвика огромен интерес и да биде споделена повеќе од илјада пати на општествените (социјални) мрежи за само една вечер.

Курт пишува за мотивите за создавањето на сајтот, но и за почетоците на самиот клуб Бутоп. Во текстот можеме да прочитаме и за некои од поинтересните објави на butop.info.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов линк:

http://sportmedia.mk/drugata-strana-na-sportot/mnogu-prvoligashi-mozhat-voda-da-mu-nosat-maalski-klub-od-skopje-ima-svoj