March, 2016

now browsing by month

 

Месецот март низ историјата на Бутоп

Слично како и во февруари, нашиот тим има одиграно голем број натпревари и во текот на месец март. Заедно со шесте натпревари од изминатиов месец, вкупниот број е 26, или еден помалку од натпреварите во февруари. И март е среќен месец за Бутоп, па скорот е позитивен: 15 победи, 1 нерешена и 10 порази. Оваа година на шесте средби остваривме 4 победи и 2 пораза. Сепак, ако се погледне подетално, последните денови од овој месец речиси редовно ни носат неуспех, што се покажа и годинава. Уште еден пример за ова е натпреварот одигран на денешен ден во 2012. година кога загубивме од тимот на Автокоманда на гости, на теренот на ОУ Стив Наумов во оваа скопска населба со резултат 13-7.

stiv naumov

Голманот на Албион вчера ги спушти ролетните

Бутоп вчера забележа нов пораз од екипата на Албион (Север), овојпат со резултат 4-1. Натпреварот се одигра во балонот до ОУ Пенко со почеток во 23:00 часот. Нашиот противник овој меч го доби пред се поради одличната тактичка поставеност и расположениот голман кој единствениот гол го прими неколку минути пред крајот, кога победникот беше веќе решен. На овој натпревар по подолга пауза настапи и Јеткин Сезаир, кој паузата од своите студии во Анкара ја искористи за да се види со своите другари и соиграчи од Бутоп и повторно да настапи во синиот дрес. Освен Сезаир вчера настапија и Колев, Вангеловски, Костовски, Смиљковски, Велковски и Курт.

Среќен роденден Грмуш!!!

grmush grmush

 

 

 

 

Денес својот 23. роденден го прославува нашиот голман Кирил Ѓоргиев Грмуш. Тој е роден на 26 март 1993. година во Скопје.

Грмуш досега запиша 18 настапи за Бутоп. Последнава година покрај неколкуте партии во нашиот дрес, тој придонесе многу за нашиот тим и со проектот околу изборот на нашиот нов амблем, за што сме му многу благодарни.

Среќен роденден Грмуш!!!

butop_logo

Албион, конечно, го сопре Бутоп!

Албион (Север) ја прекина победничката серија на Бутоп во вторникот (22 март) со тесната победа од 5-4. Натпреварот, како што и најавивме пред два дена, се одигра во балонот до ОУ Пенко со почеток во 23:00 часот. Неизвесност не недостасуваше, а како што одминуваше натпреварот се почувствува замор кај фудбалерите на Бутоп кои не издржаа и решавачкиот гол го примија на три минути пред крајот. На тој начин заврши серијата од седум последователни победи на Бутоп. За Бутоп настапија Колев, Курт, Дончоски, Костовски, Смиљковски и Велковски. Уште еднаш да потсетиме дека Костадин Колев на овој натпревар стана рекордер по бројот на настапи на голманската позиција. Тој по 63-ти пат настапи за Бутоп оставајќи го Филип Пејков со 62 настапи на второто место.

Бутоп на седмо небо!!!

Бутоп ја продолжи фантастичната серија во 2016-тата година со нова победа над Албион (Север). Натпреварот одигран завчера (20 март) во салата на СУГС Зеф Љуш Марку (со почеток во 23:15) заврши со резултат 12-7 за Бутоп. Средбата изобилуваше со пресврти и неизвесност, но сепак во последните минути ние успеавме да воспоставиме рамнотежа и да забележиме нова победа, седма во низа. За Бутоп настапија Колев, Курт, Димитровски, Смиљковски Методиј, Смиљковски Кирил и Костовски. На овој натпревар Коки се израмни со Пинки според бројот на настапи за нашата екипа. Најавено е уште на вечерашната средба со истиот противник (балон кај ОУ Пенко, 23:00) Коки Колев да стане голманот со најмногу настапи во историјата на Бутоп.

Серијата продолжува: шести триумф во низа за Бутоп!

Бутоп ја продолжи својата серија победи, која сега изнесува шест триумфи во низа, со новата победа над Албион (Север) извојувана во вторникот (15 март 2016). Конечниот резултат гласи 4-3 за Бутоп. Натпреварот се одигра во балонот кај ОУ Пенко во Север и започна во 23:00 часот. За разлика од средбата помеѓу овие два ривали одиграна само два дена претходно, овојпат имаше многу помалку голови, но и поголема неизвесност. На крајот одлучија малите детали кои беа на страна на Бутоп, кој сепак може да се каже дека заслужено дојде до победата. За нашиот тим настапија Колев, Димитровски, Костовски, Смиљковски, Велковски и Каравидов.

Нова победа над Албион (Север)

Завчера, на 13 март 2016, Бутоп оствари нова победа над екипата на Албион (Север) со резултат 14-6. Со ова продолжува успешната серија која ја започнавме во новата година и ова беше петтата победа во низа за нашиот тим. Натпреварот се одигра во салата на Зеф Љуш со почеток во 21:00 часот. Нашиот противник беше ослабен со неиграњето на дел од првотимците, па победникот беше одлучен релативно рано. За Бутоп настапија Колев, Курт, Смиљковски, Костовски, Велковски и Каравидов.

Фатени „на дело“

so topka kaj Mile

 

 

 

 

 

 

 

Фудбалерите на Бутоп имаат обичај голем дел од своите тренинзи да ги спроведуваат низ улиците на Бутел, како и во секое „ќоше“ од населбата или околината кое ќе ја побуди инспирацијата за одредена вежба за усовршување на техниката и работа со топка.

Една од тие вежби е ситуацијата кога топката е постојан придружник на играчот. Со тоа се овозможува играчот подобро да ја запознае и почувствува топката за да може подоцна полесно да се справи со проблематичните ситуации во самите натпревари. Со топка се оди по улица, се преминува пешачки, се влегува во маркет, или како во случајов, се чека пред продавничка. Оваа фотографија е од безбедносните камери на драгсторот на Миле Кумановецот во Бутел (спроти слаткарницата Ганчо), сликана десетина дена пред крајот на 2015. година. На неа се гледа еден од фудбалерите на Бутоп кој со топка во рацете ги чека своите соиграчи да излезат од продавницата. Секако, треба да нагласиме дека оваа вежба може да биде опасна за почетници и мора исклучително да се внимава кога и каде се применува.

Ниту забраната за фудбал не го спречи Бутоп!

Бутоп во неделата (6 март 2016) забележа победа од 6-3 против екипата на Албион (Север). Натпреварот се одигра и покрај забраната за фудбал на територијата на градот Скопје за изминатиов викенд. Место на одигрување беше балонот во близина на основното училиште Пенко во Скопје Север, па на некој начин може да сметаме дека имавме симболична улога на гости на овој натпревар. Тој започна на полноќ кон понеделник и интересно е втор натпревар во историјата на Бутоп чијшто почеток е закажан за точно на полноќ. Првиот се одигра на 28 април 2012. година во балонот кај ОУ Васил Главинов, а и тогаш остваривме победа, 16-7 против Фокус. Не треба да се заборави и натпреварот од 13 јули 2015 со Радишани дечки кој официјално започна десет минути во новиот ден, а заврши нерешено 3-3.

За Бутоп изминатава недела настапија Дончоски (г), Димитровски, Методиј Смиљковски, Костовски, Кирил Смиљковски и Курт. Водството од самиот почеток беше на наша страна, а само во еден момент победата ни беше загрозена (3-3). Сепак, до крајот на мечот се си дојде на свое место и остваривме заслужен триумф (6-3) на неделната средба.

09.02.2013-4

Среќен роденден Бени! (со задоцнување)

Поради техничка грешка во нашиот информациски систем роденденската честитка кон Бени оваа година доаѓа со мало задоцнување. Последниот ден од февруари е традиционално наменет за одбележување на роденденот на Арбен Ејуп, роден во Скопје 1992-та година.

Бени важи за голман со можеби најбрзиот рефлекс од чуварите на мрежата од овој дел на Скопје. Бројот на негови настапи за Бутоп некако се зацементира на 30, но ние се надеваме дека во скора иднина повторно ќе настапи за нас.

Среќен роденден Бени!!!

DSCN0309

 

 

 

 

 

 

 

(Бени – најлево)