February, 2020

now browsing by month

 

Среќен роденден Бени!

Денес (29.02.2020) Арбен Ејуп го слави својот седми роденден (иако е роден 1992 год. во Скопје). Бени е познат по својот избувлив темперамент, но и по рефлексните интервенции. За Бутоп настапи на 30 средби, а беше и наш голман на годината за сезоната 2011/2012. Му посакуваме се најубаво.

Среќен роденден Бени!

 

 

 

Бени- најлево

Одложен натпреварот со Екипа Чаир

Не е поради корона вирусот, но сепак натпреварот кој требаше да го одиграме утре (25.02.2020) против Екипа Чаир е одложен. Една од главните причини е осминафиналната фаза во Лигата на шампионите која некако ни наложува да бараме друг редовен термин за овие пресметки. Ги известуваме нашите играчи и фанови дека нема да го искористиме алтернативното решение (балонот кај ОУ Блаже Конески во Аеродром, 19:00 часот), а во договор со чаирчани и со Африм решивме наредниот вторник да го одиграме редовниот термин од зимава (21:00 часот). Потоа ќе бараме простор во балонот кај Зеф Љуш, најверојатно за понеделник или четврток. Секако дека е во наш интерес да ја продолжиме соработката со Екипа Чаир која трае веќе две сезони и резултира со многу натпревари. Тоа е од најголема важност за нас во овој период кога поради животните обврски е се потешко да се собере тимот (но и да се најде соодветен противник) и да се одржи континуитет во натпреварувачка смисла.

Костовски еден месец надвор од терените

Веќе една недела Дарко Костовски е вон стројот откако се одлучи за лекарска интервенција врз десното колено, кое подолго време му создаваше проблеми. Поради одредени компликации процесот на рехабилитација ќе трае подолго од очекуваното, па камбекот е најавен за средината на март.

Лига на шампиони и заслужен одмор

Нашите фудбалери добија заслужен одмор од напорите во последниве триесетина дена. Во овој период одигравме пет натпревари и ги одработевме базичните зимски подготовки. Затоа оваа мала пауза пред продолжението на сезоната ќе биде и тоа како добредојдена. Освен одмор, на менито се и првите натпревари од нокаут фазата во Лигата на шампионите, па бутопци ќе можат квалитетно да го искористат времето.

Среќен роденден Каро!

Кристијан Каравидов е роден на 14.02.1993 год. во Скопје. Настапувајќи за Бутоп низ годините досега собра 265 настапи и со право го сметаат за симбол на нашиот тим. Беше дел од речиси сите успеси и падови, а во сезоната 2012/2013 го понесе и епитетот најдобар стрелец. Му посакуваме се најубаво.

Среќен роденден Каро!

Анел се израмни со Андреј на вечната листа

Освен што им испорача покер голови на чаирчани во вторникот, Анел се израмни со Андреј на вечната листа според бројот на настапи за Бутоп. И двајцата сега стојат на бројката 244. Анел е актуелна златна копачка од минатата сезона и слично како и Андреј во последниве сезони се трансформираше во гол играч. Им посакуваме уште многу натпревари и голови за нашиот тим!

Уште една победа во трилер натпревар

Бутоп и Екипа Чаир вчера (11.02.2020) одиграа уште еден неизвесен натпревар и повторно нашите момци постигнаа победнички гол во последната минута. Овојпат Смиљковски беше во улогата на меч-винер за конечни 10-9. Средбата изобилуваше со пресврти, но и со квалитетна игра, па присутните во салата Зеф Љуш Марку уживаа во претставата. Почетокот им припадна на чаирчани (2-4), следеше наша серија за 6-4, па нов пресврт и егал (7-7). Во финишот нашиот противник се одлепи на 7-9 и кога сите помислија дека тоа е крај на нашите надежи, бутопци со три гола во последните 4-5 минути се изборија за заслужена победа. За нас настапија: Грмуш, Курт, Смиљковски, Костовски, Валчанов и Каравидов.

Честитки за Пинки!!!

Деновиве нашиот легендарен голман Филип Пејков има многу причини за славење. Минатата недела неговата избраничка му го кажа „судбоносното ДА“, честитките доаѓаа од сите страни, па така и од нашите фудбалери. И официјално, ФК Бутоп ви посакува се најубаво во заедничката иднина!

Вчера (08.02.2020) популарниот Пинки го прослави и својот 28 роденден. Нека е со среќа!

Прекината победничката серија

Екипа Чаир и стави крај на нашата победничка серија победувајќи не’ со конечни 7-5. Вчера видовме еден тврд и израмнет натпревар. Долго време се играше без многу погодоци, за при резултат 3-3 чаирчани да постигнат два гола кои се чини беа преголем удар за нас. Иако беа најавени осум играчи, Анел и Коки не настапија, па уморните бутопци не можеа да се изборат за повеќе. Беше и 7-3, но во последните 3-4 минути избегнавме дебакл. Овој пораз стави крај на серијата од пет последователни победи.

Составот за вечер (04.02.2020)

Ова е списокот на играчи кои се пријавени за настап вечерва против тимот на Екипа Чаир:

  1. Кирил Ѓоргиев Грмуш
  2. Дарко Костовски
  3. Кирил Смиљковски
  4. Анел Курт
  5. Кристијан Велковски
  6. Кристијан Каравидов
  7. Ристе Валчанов и
  8. Костадин Димовски.

Натпреварот започнува во 21:00 часот во салата на СУГС Зеф Љуш Марку.