November, 2018

now browsing by month

 

Одмаздата се сервира ладна: пораз од Екипа Чаир

Уште еднаш се потврди кажувањето дека најмногу болат поразите кои не ги очекувате. Бутоп вчеравечер загуби од Екипа Чаир со минимални 8-7. Само недела дена претходно против истиот ривал славевме 22-13, но пораз си е пораз, победа си е победа. Можеби тоа е резултат на малото опуштање или на отсуството на повеќето првотимци. Можеби влијаеше и психолошката војна што ја водеа чаирчани кои предлагаа да се „измешаме“ и да не биде меч Бутоп-Екипа Чаир и слично, но јасно е дека ние не смеевме да подлегнеме на ова и ништо не смее да ни биде изговор за овој пораз. Противникот сериозно му пријде на натпреварот и со едно-две засилувања ги покри дупките од минатата недела. За нас настапија Ѓоргиев, Колев, Костовски, С. Милошевиќ, Димовски и дебитантот Фаик Зекири. Што се однесува до самиот меч, Екипа Чаир беше во постојано водство. Имаа 4-0 на почетокот, а нам ни беше потребно многу време да го скршиме мразот и да заиграме подобро. Останува само да заклучиме дека нашиот задоцнет финиш беше недоволен да се избегне поразот.

На денешен ден … (21 ноември)

Денешниов ден, 21 ноември, секогаш му носел среќа на Бутоп. Досега три пати сме играле на овој датум и имаме три (убедливи) победи:

2009 година: 11-1 против Бутел 2, сала „Антон Димитров“

2010 година: 18-9 против Црниче Кисела Вода, балон „Димитар Миладинов“ и

2013 година: 9-6 против Примавера, сала „Антон Димитров“.

Убедливо против Екипа Чаир

Нашите момци вчера забележаа убедлива победа против Екипа Чаир со високи 22-13. Од самиот почеток наметнавме темпо и направивме пристојна разлика, но противникот успеа на два пати да искористи периоди на наше опуштање и да се врати во игра. Сепак, победата не беше доведена во прашање и во последните дваесетина минути се играше само за да се постави конечниот резултат. Натпреварот се одигра во „Зеф Љуш“ во 20:00 часот, а за нас настапија играчите кои ги најавивме вчера. Посебни причини за славење во нашиот тим имаше Кирил Ѓоргиев. Популарниот Грмуш имаше мал јубилеј, дваесетти настап за Бутоп, кој го украси со својот деби погодок во синиот дрес.

Вечер во Зеф Љуш од 20:00

Својот следен натпревар Бутоп го игра вечерва (18.11.2018) во салата на Зеф Љуш Марку од 20:00 часот. Тимот на нашиот противник е составен претежно од играчи од Чаир, а повеќе информации за нив ќе прочитате во утрешниот извештај од натпреварот. За нас ќе настапат Костадин Колев, Кирил Ѓоргиев, Дарко Николиќ, Методиј Смиљковски, Дарко Костовски и Кристијан Каравидов.

Честит 13 Ноември!

ФК Бутоп на сите скопјани им го честита денешниот празник 13 Ноември кога го одбележуваме ослободувањето на нашиот град од фашистичката окупација за време на Втората светска војна.

Формата тековно се крева со индивидуални тренинзи

Ова е период од годината кога е тешко да се тренира екипно и организирано. Поголемиот дел од нашите играчи имаат професионални обврски, денот е пократок, па едноставно сите гледаат да го искористат секој „прозорец“ во своите распореди и да тренираат индивидуално. Понекогаш можно е да се собереме за некоја партија сервис, но таквите ситуации се ретки.

Бутелчани конечно почнаа со фудбал

Понеделничкиот термин во „Антон Димитров“ кој бутелчани го држеа и негуваа со години веќе не постои како таков поради тренинзите на РК Бутел во нашата сала. Затоа моравме да бараме алтернатива и се чини ја најдовме во салата на „Зеф Љуш Марку“, во среда. Да потсетиме, поголемиот дел од играчите на овие термини се Бутопци, што првотимци, што наши повремени играчи. Токму затоа овие натпревари секогаш се од огромно значење и за ФК Бутоп, па се надеваме дека и оваа сезона ќе послужат за одржување и темпирање на формата.

Убедлива игра и победа

Бутоп вчера забележа убедлива победа во долго најавуваниот натпревар со Дарко ФФМ. Конечниот резултат е 9-4. Уште од самиот почеток ја презедовме иницијативата и имавме многу шанси. Водевме и со 6-0 пред да настапи еден пад во нашата игра, но повторно се кренавме и воспоставивме контрола. Своето деби за Бутоп го имаше Ристе Рики, кој одигра солидно и покажа дека на него ќе треба да се смета и во иднина. Натпреварот започна во 20:00 часот и се одигра на овалното теренче во Аеродром, популарната „Жути Арена“.

Тимот за вечер

Вечерашниот натпревар против Дарко ФФМ ќе почне малку подоцна од првично договорениот термин, односно во 19:45. За Бутоп ќе настапат: Курт (на голот), Дончоски, Димовски, Костовски, Каравидов и Ристе Рики.

Официјално: Утре во 19:00 часот со Дарко ФФМ

Ја потврдуваме и прецизираме вчерашната информација. Утре (петок, 02 ноември) Бутоп ќе се сретне со тимот на Дарко ФФМ. Натпреварот почнува во 19:00 часот, а ќе се одигра во Аеродром, на теренчето зад Мајчин дом, исто како и претходната средба со овој противник. За тоа кој ќе настапи за нас ќе можете да прочитате во текот на утрешниот ден.