September, 2021

now browsing by month

 

Шанса за реванш против Немилосрдни

Бутоп и тимот на Немилосрдни вечер (21:00) повторно ќе си ги одмерат силите во балонот кај Зеф Љуш Марку. Нашиот состав претрпува мали измени од минатиот четврток. Повторно ќе настапат Грмуш, Анел и Даниел, а овојпат во игра се и Каро, Кико и дебитантот Зеко. Се очекува да настапи и Енис Реџеп. Противникот направи две измени и на местото на Колев и Јаневски се најдоа Ален и Марко Стојчевски.

Амар го постигна 4000 гол на натпреварите на Бутоп

Натпреварот со Немилосрдни во четвртокот освен што донесе израмнет фудбал и резултатска неизвесност, ќе остане запаметен и по еден историски момент. Противничкиот фудбалер Амар го постигна вкупно 4000 гол на натпреварите на нашиот Бутоп, во тој момент за да зголеми на 2-0. Статистиката открива дека досега сме постигнале 2219, а сме примиле 1789 голови.

Промашувањата немилосрдно казнети

Нашите момци синоќа беа поразени во исклучително тврдиот натпревар од тимот на Немилосрдни со конечни 3-1. Противникот кој во своите редови имаше играчи кои комбинирано имаат 149 настапи за Бутоп (составите беа оние кои ги најавивме вчера) по голема борба дојде до посакуваната победа. Финишот на средбата беше драматичен откако бутопци на 2-1 промашија неколку изгледни шанси за израмнување и за тоа беа немилосрдно казнети.

Бутелската младина против нашето искуство

Вечерва (21:00) во балонот кај Зеф Љуш ќе излеземе на мегдан на тим составен од младинци од нашата населба Бутел. Ова се момци кои изминатово лето ја бранеа честа на уличниот фудбал и секој ден беа на теренот кај Живко и покрај незадоволувачките услови за игра. Во нивниот состав вечерва ќе настапат и Костадин Колев и Валчанов. Тука се и П. Шилегов, Д. Колев и М. Јаневски кои веќе имаат настапи за Бутоп, како и Анес и Амар. За Бутоп ќе настапат: Грмуш, Димитровски, Курт, Костовски, Сезаир, Илхан и Даниел.

Нови стативи на игралиштето кај „Живко“

Позитивна вест ни доаѓа од Бутел 1 откако се поставени нови стативи на игралиштето за мал фудбал во дворот на ОУ Живко Брајковски. Иако станува збор за релативно ново теренче, повеќе од година дена немавме стативи, па младинците од нашата населба мораа да играат на терен без голови. Се надеваме дека ова е само прв чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Бутел.

Бутоп наполни 14 години

На денешен ден, 15 септември 2007 година, започна приказната за ФК Бутоп. Четиринаесет години подоцна, во тековната петнаесетта сезона можеме да се пофалиме со 370 официјални натпревари, 3998 голови, многу успони и падови и незаборавни искуства. Најважно е што го положивме тестот на времето и покрај сите препреки опстојуваме и не забораваме да брзаме бавно, како што ни наложува нашиот лозунг: Festina lente. Затоа, планови за иднината имаме и ветуваме: најдоброто од Бутоп допрва доаѓа!

Среќен роденден Кире

Денес Кирил Смиљковски го прославува својот 29 роденден. Кире е еден од основачите на Бутоп, лидер, легенда и човек кој низ годините даде многу за овој клуб. Фудбалски романтичар со префинета техника. Му посакуваме се најдобро на приватен и на професионален план.

Среќен роденден Кире!

Честит ден на независноста

Денес Македонија прославува 30 години независност. ФК Бутоп на сите граѓани на државата им го честита овој голем празник. Нека е вечна и просперитетна Републиката!