October, 2017

now browsing by month

 

Состав за вечерашниот натпревар во Зеф Љуш

Вечерва со почеток од 22:00 часот во спортската сала на средното училиште Зеф Љуш Марку во Скопје Север, Бутоп ќе одигра натпревар против екипа од Радишани. Ова е составот за вечерашниот натпревар:

1.Костадин Колев

2.Андреј Димитровски

4.Дарко Костовски

7.Кирил Смиљковски

8.Анел Курт

11. Кристијан Каравидов

70. Марио Вангеловски

Анел за нашиот Елиф

На следниот линк можете да ја прочитате сторијата на Анел за нашиот Елиф Елмас, објавена вчера (28.10.2017) на спортскиот портал Спорт 1:

https://sport1.mk/fudbal/reprezentacija/elif-elmas

 

Колев: Дајте фудбал!

Откако ги забележа своите први настапи за Шкупи по паузата поради тешката повреда, Костадин Колев со нетрпение чека повторно да го облече и дресот на Бутоп. Го замоливме да не снабди со нов „апдејт“ за тоа до каде е со повредата и со конечниот камбек на терените.

  • Пред извесно време почнав со тренинзи, а веќе имам и неколку настапи за Шкупи во новата сезона. Сепак, минутажата ми е намалена затоа што стручниот штаб не сака премногу да ризикува со мојата состојба.
  • Значи со Шкупи продолжува стандардната шема?
  • Да, да. Имаме пет победи во исто толку натпревари, последната беше над СЕЕУ, а во следните две кола не чекаат дерби пресметките со Железарец и Велес.
  • Се враќаш ли и во Бутоп?
  • Едвај чекам! Дајте веќе да одиграме некоја партија. За Бутоп сум секогаш подготвен. Притоа сакам да напоменам дека одлучив во наредниот период да не бранам секој ден по термини. Едноставно сакам да се посветам само на Шкупи и на Бутоп, а за понатаму ќе видиме.
  • Повредата е минато?
  • За жал, не сосема. Доживеав вистинско разочарување откако, по најновите снимки што ги направив во една приватна болница, ми беше соопштено дека операцијата на прстот не била успешна. Сега две коски на самиот прст ми се сраснати една со друга наместо да се поврзани со зглоб! Затоа не можам ниту да го исправам, ниту да го свиткам прстот.
  • И сега?
  • Ги чекам советите за понатаму. Ова не може да се реши само по себе. Најверојатно ќе треба да одам на нова операција, во спротивно ќе ми остане вака…
  • Добро Коки. Како и да е, ако можеме на било каков начин да ти помогнеме, тука сме…
  • Фала. Знам дека ја имам вашата поддршка, а во моментов најмногу ќе ми помогнете ако закажете некој натпревар. Ми се игра фудбал! – рече за крај Костадин Колев во ова кратко интервју за нашата веб-страница.

На денешен ден (21 октомври)

Пред пет години на денешен ден (21 октомври 2012-тата година) загубивме во осминафиналето на Капи-куп од Џордано со резултат 2-0. На овој натпревар за Бутоп настапија сите девет играчи кои беа на списокот за овој турнир. Во првиот тим се најдоа: Колев, Фекиќ, Димитровски, Смиљковски, Каравидов и Костовски. Подоцна во игра влегоа и Курт, Николиќ и Смиљковски Методиј. Натпреварот започна во 18:40, а се одигра, секако, на Лојал Фанс Арена.

И покрај освоеното прво место во групата Г во друштво на К-4 Горска, Бергамо, Д+Д и Струга за жал не успеавме да имаме подолг престој на Капи-куп таа година. Инаку, Џордано беа втори во групата Б која ја освоија Кравченковци, кои пак подоцна загубија во финалето од Топанско, екипа која две години претходно не елиминираше истотака во осминафиналето. Интересно, Топанско завршија втори во својата група Д зад Чучер Сандево, кои на крајот го освоија третото место победувајќи ги во малото финале фудбалерите на Јохан Тарчуловски. Тие пак, беа први во Х групата пред Макпримат Трнодол, тим што не елиминираше во четвртфиналето претходната година…

Бутоп низ настапите на Капи-куп

Месец октомври во минатите години беше асоцијација за турнирот во мал фудбал „Капи-куп“ во скопската населба Капиштец. Бутоп, секако, имаше свои моменти на овој турнир, на кој настапи четири пати (2010-2013). За да не се расфрламе со бесконечни приказни за успесите и неуспесите, ќе се осврнеме на вкупната статистика, а таа е позитивна. Групната фаза ја минувавме три пати, а не успеавме само во 2013-тата, на нашиот последен настап. Остваривме 12 победи, 1 нерешена и 8 порази со гол-разлика 53-46. Следи прегледот на сите резултати:

Капи-куп 2010:

Бутоп 2-1 Бате Комерц

Бутоп 1-0 Ореов лад

Бутоп 3-2 Влае Кру

Бутоп 2-2 Крикет

Бутоп 6-5 Жданец

1/8 финале: Бутоп 2-6 Топанско

Капи-куп 2011:

Бутоп 2-4 Атлас

Бутоп 3-0 Ганерс

Бутоп 1-0 Шато Сопот Центар

1/16 финале: Бутоп 8-4 Екипа 99

1/8 финале: Бутоп 6-3 Атлас

¼ финале: Бутоп 1-3 Макпримат Трнодол

Капи-куп 2012:

Бутоп 3-0 К-4 Горска

Бутоп 1-2 Бергамо

Бутоп 3-0 Струга

Бутоп 3-2 Д+Д

1/8 финале: Бутоп 0-2 Џордано

Капи-куп 2013:

Бутоп 1-3 Црвени ѓаволи

Бутоп 1-2 Џоте Бамбус

Бутоп 3-2 Јегермајстер

Бутоп 1-3 Аква Вардар коп

Листата на стрелци на нашиот тим на Капи-куп ја предводи Костовски со 15 гола, а го следат Сезаир со 8, Курт со 7, Каравидов со 6, Димитровски и Фекиќ со по 5, Смиљковски со 4 гола, а по еден гол дадоа М. Смиљковски, Велковски и Иван (од Бутел 2).

11 Октомври низ историјата на Бутоп

Денешниов празник, 11 Октомври, досега ни донел 5 натпревари на кои имаме половичен успех.

Во 2008. година во Радишани загубивме 3-4 од ГУ, а потоа против Радишани Бојс победивме 4-2 и ремизиравме, 4-4.

Празнично два пати настапивме и на Капи-куп. Во 2012 г. на отворањето на турнирот бевме подобри од К-4 Горска со 3-0. Во 2013-та во дербито со Аква Вардар коп загубивме 1-3, со што бевме елиминирани од турнирот.

На денешен ден (10 октомври)

Денешниов датум, 10 октомври, е среќен за Бутоп и донел три натпревари (три победи) низ нашата историја.

Првиот, во 2009 г. против тимот на Бутел 2, во Антон Димитров, победа 11-5.

Во 2010 г. на Капи-куп, во првиот меч од групата, победа над Бате Комерц од 2-1, со головите на Јеткин и Харис.

Трет натпревар и трета победа, во 2011 г. истотака на Капи-куп, незаборавната победа над Шато Сопот Центар од 1-0, со голот на Дарко. Победа која не однесе во нокаут фазата, човек на натпреварот Бени (одбрани пенал во последната секунда).

Тензијата се поголема, екипата на готовс

Минатата недела најпрво беше закажан, а потоа и одложен натпревар кој нашиот тим требаше да го одигра во четвртокот, на петти октомври. Играчите се желни за натпревари и додека траат преговорите за наредниот натпревар, тензијата во екипата е се поголема. Очекуваме во текот на следната седмица Бутоп повторно да настапи, секако на радост и на своите поддржувачи кои се почесто ја посетуваат веб-страната и се распрашуваат за активностите на тимот.

Пред 9 години ја освоивме Железара

 

 

Поминаа девет години од освојувањето на нашата единствена титула засега. На 4-ти октомври 2008. го одигравме финалето на турнирот во Железара и бевме подобри од тимот на Турци ЈБТ со конечен резултат 6-3. Во тоа финале и воопшто на тој турнир за Бутоп настапуваа:

1. Петар Лазароски

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

8. Анел Курт

10. Јеткин Сезаир и

11. Кристијан Каравидов.

Освен Перо, кој се повлече од активното играње фудбал, сите останати се се уште активни и се дел од нашиот тим, што доволно говори за континуитетот во нашиот клуб. Фотографијата што ја гледате е од пред самиот почеток на финалниот натпревар на овој турнир, кој започна во 15:00 часот, а се играше на теренот за мал фудбал на ОУ Григор Прличев.

Роденденска победа за Бутоп

Десеттиот роденден Бутоп го прослави како што му доликува, со победа. Вечерта на 15.09.2017, на точно десет години од нашето формирање, во Аеродром бевме подобри од тимот на Дарко ФФМ со 9-6. Постојано го диктиравме темпото и бевме во предност речиси во текот на целиот натпревар.

Свеченостите за одбележување на јубилејот започнаа уште пред почетокот на мечот, а продолжија по неговото завршување во Гала Кујна во Ново Лисиче каде во улога на домаќин беше Анел. Наш гостин ни беше верниот поддржувач на Бутоп Костадин Димовски, кој присуствуваше и на самата средба и не фотографираше, а во Гала се појави и Беким Асани.

За Бутоп настапија Курт, Димитровски, Велковски, Костовски, Сезаир, Каравидов и Вангеловски.