October, 2018

now browsing by month

 

Најверојатно в петок против Дарко ФФМ

Полека се наѕира одговорот на загатката кога, со кого и каде Бутоп ќе го одигра следниот натпревар. Според последните непотврдени информации нашиот тим начелно се има договорено со претставникот на Дарко ФФМ да се одигра средба овој петок, во попладневните часови. Сепак, точната саатница, како и местото на одигрување на натпреварот се уште не се потврдени. Повеќе информации ќе можете да прочитате утре на истово место.

Еден тим, многу боишта

Додека чекаме Бутоп конечно да си најде противник и место за одигрување на натпреварите фрламе поглед на тоа кои се терени беа „домашни“ за нашиот тим во изминатите 11 сезони. Почнавме на теренчето „Живко Брајковски“ за набрзо салата „Антон Димитров“ да го преземе приматот и да биде местото на кое имаме одиграно најмногу натпревари. Сепак, ако го гледаме учинокот за секоја сезона посебно, ќе видиме дека само двапати оваа сала била „најдомашен“ терен за нас, во 2009/2010 и во рекордната 2013/2014 кога тука сме одиграле 26 меча (19 победи и 7 порази). Двапати домашен терен ни бил и СЦ Ново Лисиче („Дупката“), во сезоните 2012/2013 и 2016/2017. Уште седум други терени се нашле во ваква улога. По сезони:

2007/2008: кај Полицијата во Бутел

2008/2009: во с. Радишани

2009/2010: сала „Антон Димитров“

2010/2011: во Ново Лисиче

2011/2012: во Љубанци

2012/2013: СЦ Ново Лисиче – Дупка

2013/2014: сала „Антон Димитров“   *рекорд: 26 (19-0-7)

2014/2015: сала „Зеф Љуш Марку“

2015/2016: балон „Пенко“

2016/2017: СЦ Ново Лисиче – Дупка

2017/2018: во Добри Дол

теренчето во Добри Дол

Преговорите во полн ек, играчите нестрпливи

ФК Бутоп деновиве активно преговара со администрацијата на Општина Бутел, но и со концесионерите на спортските сали во нашата општина за наоѓање соодветен термин за нашиот тим. Во преден план се „Антон Димитров“ и „Иван Хаџи Николов“, но во игра е и училишната сала „Живко Брајковски“. Како резервни варијанти се разгледуваат салата и балонот на „Зеф Љуш Марку“ и уште неколку балони во Чаир. За тоа време играчите нестрпливо чекаат на исходот од преговорите и враќање на терените. Разрешница очекуваме многу брзо.

Андреј ги носи ЕПАМ Системс кон врвот!

Андреј Димитровски продолжува со одличните изданија во Accedia првата лига на Бугарската асоцијација по мини фудбал. Тој го предводи својот ЕПАМ Системс во супер-серијата од пет победи, серија која се поклопува со приклучувањето на нашиот член кон тимот на ЕПАМ. На последниот натпревар, одигран на 15.10 (понеделник) Андреј постигна четири гола во победата од 10-4 над тимот на Ултра-плеј. Случајност? Не, тоа е Бутоп.

Следниот настап ЕПАМ ќе го имаат веќе во вторник кога играат против Минерва. За целиот распоред и резултати следете ја официјалната веб-страница на натпреварувањето, на следниот линк: http://bamf-bg.eu/group/schedule/672

Инаку на натпреварот со Ултра-плеј Костовски беше во улога на гостин, но и на навивач на тимот на Димитровски. Оваа прилика тој ја искористи да оствари средби со претставниците на Бугарската асоцијација по мини фудбал и ЕПАМ Системс.

 

В недела „Антон Димитров“ ќе блесне во полн сјај

Како што веќе најавивме, в недела РК Бутел ќе дебитира пред своите гледачи во новиот дом, салата „Антон Димитров“ во Бутел 1. Одлична вест за сите е тоа што салата е комплетно реновирана, поставен е нов паркет, прозорци, реновирани се и соблекувалните. Повеќе информации и фотографии може да најдете на официјалната фејсбук страница на РК Бутел.

 

 

 

Добредојде за РК Бутел!!!

Ракометниот клуб Бутел деновиве се вселува онаму каде што веројатно и му е место, барем според името, а тоа е населбата Бутел 1. Нов дом на новопечениот прволигаш ќе биде салата Антон Димитров, која години наназад е домашен терен и на ФК Бутоп. В недела (14 октомври) ќе биде и првиот официјален натпревар на бутелчани во новата сала во рамките на македонското првенство против тимот на Еурофарм Работник. Средбата започнува во 19:30. Се надеваме дека трибините ќе бидат полни и дека РК Бутел ќе ја добие поддршката која ја заслужува.

А ние како ФК Бутоп, му посакуваме добредојде на РК Бутел во нашата населба и му посакуваме многу успеси во иднина. Напред Бутел!

https://www.facebook.com/1079172092213423/photos/a.1079172158880083/1079172992213333/?type=1&theater

Помина деценија од освојувањето на единствениот трофеј

Пред точно десет години на денешен ден, 4 октомври 2008 година, ја освоивме нашата единствена титула засега. Во тоа за нас историско сончево попладне во скопска Железара бевме подобри од тимот на Турци ЈБТ со конечни 6-3 во финалниот натпревар. На тој турнир за Бутоп настапуваа: Петар Лазароски, Андреј Димитровски, Дарко Костовски, Харис Фекиќ, Анел Курт, Јеткин Сезаир и Кристијан Каравидов. Фотографиите што ги гледате подолу се од пред самиот почеток на финалето кое започна во 15:00 часот, а се играше на теренот за мал фудбал на ОУ Григир Прличев.

 

Костовски со роденденска порака

Дарко Костовски вчера (02.10.2018) го прослави својот 26. роденден и ја искористи таа прилика да упати порака до своите соиграчи: „Ајде да го прекинеме деветгодишниот пост без трофеј! Мислам дека оваа сезона ќе ни се поклопат коцките и се надевам на успеси и подобри резултати“.