August, 2019

now browsing by month

 

На денешен ден (23.08.)

Денешниов ден, 23 август, донел три натпревари во досегашната историја на Бутоп, сите дел од турнирот во Љубанци. Пред точно десет години, во 2009 г. во 20:30 часот, сме играле против тимот на Мирковци. Забележан е пораз од 4-2. За Бутоп таа вечер настапиле Стефан (г), Харис Фекиќ, Анел Курт, Жора, Самин Колашинац, Дарко Костовски и Каравидов Кристијан. Каро и Жора стрелале. Во 2013 година на овој ден сме оствариле две идентични победи од 3-0. Првата против Дали Пом службена, а втората против Пуци Јунајтед. За нас настапиле Колев, Димитровски, Фекиќ, Курт, браќата Стефан и Филип Цветковски, Костовски, К. Смиљковски и Каравидов. Филип стрелал два пати, а Каро еднаш.

Бутоп во летен сон

Фудбалерите на Бутоп уживаат во летото 2019, ослободени од секакви активности. За разлика од некои други години кога во овој период сме учествувале на неколку турнири или во најмала рака сме играле подготвителни средби, овојпат сме потполно вон стројот. Се надеваме дека нашите играчи со полни батерии ќе ги дочекаат предизвиците во нареднава сезона, тринаесетта за ФК Бутоп.

Како играчите, така мируваше и нашата веб-страница, па редно е да го одбележиме 27. роденден на Андреј Димитровски кој го прославивме на 6 август. На Андреј му посакуваме многу успеси во приватниот живот, професијата, но и што поскоро камбек во дресот на Бутоп.