June, 2015

now browsing by month

 

Среќен роденден Адем!

Денес му е роденден на Адем Маровци.

Адем е постојано со Бутоп како дел од нашата логистичка машинерија. Токму низ призмата на неговата камера се направени едни од првите снимки од натпреварите на Бутоп, но Адем знаел и да застане меѓу стативите, да биде наш активен поддржувач, советник, тренер.

Му посакуваме се најдобро во иднина, среќен роденден Адем!

IM000712.JPG

 

Бутоп подобар од Јувентус?

Една недела по завршувањето на ТК МТП турнирот во мал фудбал, краток поглед врз конечниот пласман.

Освен екипите кои поминаа во завршната нокаут фаза, можеме да направиме и провизорен пласман на останатите тимови. Во таков случај, со освоеното четврто место во третата група, освоените бодови и остварената гол разлика, Бутоп го зазема 15. место од вкупно 20 тима. Зад нас се тимови како Калаплакат (Капиштец) на 17. и Јувентус на 18. место.

Ова е списокот на играчите со кои Бутоп настапи на овој турнир:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт

10. Кристијан Велковски

11. Кристијан Каравидов

12. Горјан Василев

70. Марио Вангеловски

Барселона „гази“ и во Македонија

Екипата на Барселона го освои турнирот во организација на ТК МТП што се одржуваше изминатиов период во Скопје.

Тимот со славно име во финалето беше поуспешен од Туркиш донер, кои завршија втори, а третото место го зазема екипата на Илинден.

Бутоп се приклучува во честитките кон тимовите кои беа најуспешни на овој турнир.

barselona

Среќен роденден Кико!

Денешниов датум, 21 јуни, е роденден на Кристијан Велковски.

Популарниот Кико последниве неколку години стрпливо го градеше својот статус во тимот на Бутоп и полека се изгради во препознатлив и важен дел од нашата екипа. Тој е играч од нападот, а на турнирот што се одигра на терените на ТК МТП месецов беше наш најдобар стрелец со три постигнати погодоци. Досега впиша 56 настапа за Бутоп и му посакуваме уште во иднина…

Среќен роденден Кико!!!

kiko v

Конечниот пласман на групите и распоред за нокаут фазата

Ова е конечниот пласман на групите на МТП турнирот, објавен на нивната фејсбук страна:

mtp 6

 

 

 

 

 

 

 

Точната гол разлика на тимовите од нашата група можете да ја видите на вчерашниот пост на нашата веб страна.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во четврток и петок од 18:00 и 18:45, а полуфиналните и финалето, како и натпреварот за трето место во сабота и недела од 20:30.

 

Реал Муса и Го-Де во четвртфиналето

Реал Муса и Го-Де се двете екипи од нашата група кои се пласираа во четвртфиналето на турнирот на ТК МТП. Конечниот изглед на табелата е следниот:

тим                        натпр.       поб. нер.  пор.    гол р.           бодови

1. Реал Муса           4               3       1         0         18-7              10

2. Го-Де                     4               2       1         1         11-9                7

3. Каза Кубана       4               2       1         1          15-13             7

4. Бутоп                    4               1       0         3         10-16             3

5. Тенисери             4               0       1         3          5-14               1

Пораз и од Каза Кубана

Бутоп забележа пораз на последниот натпревар на турнирот ТК МТП во Карпош. Подобри од нас беа Каза Кубана со 6-4 на тој начин продолжувајќи ја негативната традиција што ја имаме на средбите одиграни на 14 јуни.

Каза Кубана поведе од самиот старт со 2-0 и во текот на целиот натпревар ја имаше контролата, Бутоп се обидуваше да стигне, на крајот се испостави безуспешно.

Во натпреварот исполнет со голови, на листата на стрелците кај синиот тим се запишаа Кристијан Каравидов со два гола, а по еднаш стрелаа и Кристијан Велковски и Дарко Костовски.

За одбележување е и дебито на Горјан (популарниот Трајче) на турнирски натпревари за Бутоп кој го замени Коки на голманската позиција. Имаше неколку добри интервенции и покажа дека се работи за перспектива на скопскиот фудбал.

mtp 5

14 јуни – баксузен за Бутоп?

На денешен датум досега сме играле два пати, во 2012 и во 2013 г. и во двата наврати сме изгубиле.

Во 2012та сме загубиле со 1-0 од Авто Морал – Ане на турнирот во Железара, а наредната година пораз од 3-1 од Фер плеј – Бироформ во СЦ Ново Лисиче и турнирот Скопје 2013.

Дали ќе се сруши и оваа традиција како онаа позитивната, за 5 јуни, ќе видиме од денешниот натпревар против Каза Кубана со почеток во 17:45 на теренот на ТК МТП.

Службени три бода со Тенисери

Топката денес не се затркала на мечот меѓу Бутоп и Тенисери затоа што нашите противници не допатуваа. Така Бутоп ги запиша првите три бода на овој турнир со службен резултат, 3-0.

mtp 3

Комплетен преглед на групите по првиот викенд

Ова е состојбата во четирите групи по одигрувањето на натпреварите од првиот викенд на турнирот МТП. Од денес (12 јуни) до недела (14 јуни) ќе се доиграат сите натпревари од групната фаза. Потсетување дека Бутоп ќе игра во терминот од 17:45 и утре и в недела.

tabeli