March, 2021

now browsing by month

 

Среќен роденден Грмуш

Денес (26.03.2021) Кирил Ѓорѓиев Грмуш го слави својот 28 роденден. Грмуш досега запиша 37 настапи за Бутоп и во три наврати беше наш голман на сезоната: во воведната 2007/2008, како и во последните две 2018/2019 и 2019/2020. Му посакуваме се најдобро на приватен и на професионален план.

Среќен роденден Грмуш!

Репрезентативна пауза и заслужен одмор за бутопци

Утре (25.03.2021) нашите фудбалери нема да го играат редовниот термин во Форца против тимот предводен од Дарко Видиниќ. Двете екипи се договорија оваа недела да паузираат, а ова се поклопува со натпреварите на почетокот на европските квалификации за мондијалот во Катар. Одморот добро ќе им дојде на играчите на Бутоп бидејќи одиграа пет средби во краток период, па несомнено деновиве ќе ги искористат за полнење на батериите.

Четите навистина завојуваа, нервозна победа за Бутоп

Како да претчувствувавме воинствен дуел, па со таков речник и го најавивме вчерашниот (18.03) натпревар меѓу нашиот тим и оној на Дарко ФФМ. Резултатскиот исход е 3-1 победа за бутопци, но има што да се додаде овде. По подолго време, инцидент беше причина предвреме да прекинеме термин. Конечниот резултат останува актуелниот во моментот на прекинот затоа што беа одиграни повеќе од 80% од предвиденото време, односно имаше околу шест минути до крајот. Самиот факт што за педесетина минути вкупно беа постигнати само четири гола, доволно говори за начинот на игра, тврдо, претпазливо и со чекање на грешка на противникот. Нашите момци подобро се снајдоа во ваквите услови во средба која ја одбележаа постојани провокации меѓу фудбалерите на двата тима. Нервозата очекувано кулминираше и резултираше со споменатиот прекин. За Бутоп настапија играчите кои ги најавивме, а стрелци на головите беа Кико, Ристе и дебитантот Цеки, кој ги оправда очекувањата.

Во нов термин на мегдан со четата на Видиниќ

Бутоп и Дарко ФФМ ќе одиграат натпревар и оваа вечер (18.03.2021). Местото останува исто, теренот на Форца во Тафталиџе, а терминот се преместува десет минути порано (18:50) поради полицискиот час. Кај нас пријавени за настап се: Баркли (г), Валчанов(5), Смиљковски (7), Курт (8), Велковски (9) и дебитантот од тимот на Албион Север, Цеки.

Анел дојде до 250 настапи за Бутоп

Завчерашниот натпревар освен што ја прекина мини серијата од два порази, ќе остане забележан по уште еден јубилеј на наш играч. Анел Курт го имаше својот 250. настап во синиот дрес! Му честитаме за ова извонредно достигнување и му посакуваме уште многу успеси понатаму. Анел е четвртиот играч кој доаѓа до оваа кота, по Костовски, Смиљковски и Каравидов. Се надеваме во брзо време ќе му се приклучи и Димитровски кој има 244.  

Матеј како Никола Митревски

Бутоп вчера (11.03.2021) забележа тесна победа над Дарко ФФМ со 5-4.  Матеј блескаше на голот во најважните моменти, слично како и голманот на македонската ракометна репрезентација нешто подоцна истата вечер. Нашите момци се одмаздија за минатонеделниот пораз, а ракометарите го срушија актуелниот светски и олимписки првак Данска. Бутопци ја контролираа играта и резултатот постојано, топката брзо се движеше, акциите беа течни, но сепак неизвесноста траеше до самиот крај. Слично како и за избраниците на Лазаров. Покрај Матеј настапија и Курт, Велковски, Валчанов, Смиљковски и Сезаир.

Кире и Јеткин за повеќе искуство

Бутоп вечерва ќе му излезе на мегдан на тимот на Дарко ФФМ со нешто поискусен состав за разлика од минатата недела. Смиљковски и Сезаир ќе бидат на местото на Шилегов и Антиќ, а тројката Курт, Велковски и Валчанов останува иста. Проблем ни останува голманската позиција, па овојпат Матеј ќе покрие на „единица“. Терминот останува ист, Форца, 19:00 часот.

Терминот за утре потврден

Нов натпревар помеѓу Бутоп и Дарко ФФМ не очекува утре (четврток, 11.03) во истиот термин, 19:00 часот и истата локација (Форца) како и минатата недела. Ова беше потврдено уште вчера од страна на двата тима, а поставата со која ќе им се спротивставиме на судиите ќе ја објавиме во текот на утрешниот ден.

Судиите не фатија на искуство

Подмладениот состав на Бутоп не успеа да издржи до крај на вчерашниот натпревар против Дарко ФФМ и загуби со 11-8. Судиите го искористија своето искуство во финишот на средбата, кога и ги свртеа нештата во своја полза. Бутопци беа во водство педесетина минути, но во последните петнаесет буквално застанаа, не ги искористија шансите да ја запечатат победата и следеше казна. Еве што изјави Анел, кој заедно со Кико ги водеа „децата“ на Бутоп: „Пресуди нивното искуство. Концентрацијата кај нас попушти во клучните моменти, но далеку од тоа дека игравме лошо, па водевме речиси цел натпревар“. За нас  настапија играчите кои ги најавивме вчера, бранеше Мартин од Тафталиџе, а свое деби имаше и Матеј, за кого рековме е тука ако треба да се помогне.

Антиќ и Шилегов добиваат шанса во нападот

Вечерва нашите момци ќе се соочат со „судиите“ на Дарко Видиниќ. Натпреварот започнува во 19:00 часот и ќе се игра на теренот со вештачка трева на Форца. Денес ќе видиме мошне подмладен тим на Бутоп со Анел и Кико како предводници од поискусните. Главна помош ќе им биде Ристе Валчанов, а во шпицот ќе почнат Павле Шилегов и Марио Антиќ. На голманската позиција имаме изненадување. Покрај линијата ќе биде и Матеј, кој ќе помогне ако нешто притреба.