November, 2023

now browsing by month

 

МЛ: Бутоп втор на вечната табела, Марио трет стрелец

Маалската лига пред три дена на својот фејсбук профил ги објави вечната табела (со резултатите од трите одиграни сезони) и листата на стрелци. Бутоп е една од трите екипи кои ги одиграа сите три досегашни сезони и се најде на второто место на оваа табела со еден бод повеќе од третопласираните Алиенс и дури дваесет помалку од лидерот Таверна Шкупи Лукс кафе. И покрај тоа што не беше дел од тимот во штотуку завршената Сезона 3, Марио Вангеловски одлично котира како трет стрелец со 30 гола, а Анел Курт е петнаесетти со 18 постигнати погодоци. Столе Чаковски кој сезонава играше за нас како позајмен од Сент Патрик со 24 голови ја дели осмата позиција.



Активен одмор за бутопци

Нашите фудбалери се во фаза на активен одмор по обврските во третата сезона на Маалската лига кои ги завршивме пред речиси три недели. Некои од нив играат редовни термини на разни локации низ Скопје и со различни екипи, други пак се обидуваат низ тренинзи да ја подобрат физичката спремност и да се стават на располагање на тимот штом ќе биде потребно. Се уште не е позната агендата на Бутоп за последниот месец од годината, но за очекување е да се одиграат минимум четири натпревари.

Заедничка одјава од МЛ Сезона 3

Маалската лига во мал фудбал изминативе денови на својата фејсбук страница ги објави сите резултати, конечната табела и низа други статистики за Сезона 3 која заврши пред точно десет дена. По завршувањето на последниот натпревар, веќе традиционално, беше направена групна фотографија каде имаше претставници од повеќе екипи.

Индивидуална статистика од МЛ Сезона 3

Вкупно 15 играчи настапија за Бутоп во МЛ Сезона 3. Следи преглед на бројот на настапи и голови:

Дрим тим е новиот шампион на МЛ

Нашите играчи се уште одмараат по крајот на третото издание на Маалската лига кое заврши минатиот четврток. Бутоп го понесе насловот за ферплеј екипа на сезоната, а на табелата завршивме како седми во конкуренција на осум тимови.

Екипата на Дрим тим е новиот шампион. Тимот чии играчи воглавно доаѓаат од скопско Визбегово на тој начин стана третиот различен освојувач во исто толку сезони во ова натпреварување, по Радишани и Љуботенски пат. Тие се дебитанти во МЛ, како и второпласираните Албајрак Тенда. Третото место го освои екипата на Алиенс.

За најдобар играч беше прогласен Арсијан Хасан од Алиенс, најдобар голман е Фуркан Алими од Албајрак Тенда, а најдобар стрелец е Нено Рајковчевски од АММ-Тим.

Подолу следи конечната табела на Сезона 3 и фотографија од доделувањето на пехарот за третопласираниот тим Алиенс.



Анел Курт го одигра 300 натпревар за Бутоп

Како што споменавме во објавата од пред неколку дена, Анел Курт во последното коло од третата сезона на Маалската лига, на натпреварот против Шеча одигран на 08.11.2023 го запиша својот јубилеен 300 настап за Бутоп. Тој е четвртиот играч со вакво постигнување во нашиот тим. Годинава во текот на месец март оваа квота ја достигнаа и Кристијан Каравидов и Кирил Смиљковски, а од претходно член на клуб 300 е и Дарко Костовски. На Анел му посакуваме уште многу настапи и успеси со Бутоп, но и на приватен и професионален план.

Бутоп е ферплеј екипа на сезоната

Бутоп го освои признанието за ферплеј екипа за третата сезона на Маалската лига која заврши вчера (09.11.2023) во балонот кај ОУ „Рајко Жинзифов“ во Топанско поле. Последното коло донесе многу возбудувања, а потоа и традиционалните доделувања на наградите, каде што ние сосема заслужено го освоивме овој трофеј по се она што го прикажавме на теренот изминативе два месеци.

Сезона 3 затворена со пораз

Бутоп вчера загуби од Шеча (5-10) во последното коло од третата сезона на МЛ. Иако добро почнавме и поведовме со 2-0, противникот успеа да наметне темпо кое се покажа пресилно за нас и го сврте резултатот во своја полза. Нивната предност дојде и до +3, а ние внесовме неизвесност во натпреварот кога намаливме на само гол негатива (5-6), но се покажа дека тоа беше максимумот од нас вчера. За Бутоп настапија Костовски, Велковски, Димитровски, Жерновски, Димовиќ и Анел Курт, кој го одигра својот 300 натпревар за нашиот клуб. Но, за тоа повеќе во посебна објава.

Против Шеча се бориме за подобар пласман

Вечерва Бутоп и Шеча го отвараат последното коло од третата сезона на Маалската лига со натпреварот чијшто почеток е закажан за 20:00 часот. Ова е средба на две екипи со ист број бодови – 10, на делба на шестото и седмото место на табелата. Бутоп е подобро пласиран поради подобрата гол разлика. Пред нас на петтата позиција со 11 бодови се наоѓа АММ-Тим, кој утре се среќава со Ак. Ќерим. Затоа овие два натпревари имаат важност и ќе одлучат за конечниот пласман. Во претходните две сезони бутопци завршуваа на петтото (од шест екипи), односно шестото (од осум екипи) место во МЛ.

МЛ ги претстави пехарите за најдобрите

Маалската лига на својот фејсбук профил ги претстави пехарите за најдобрите екипи и поединци за тековната трета сезона која завршува задутре, четврток 09.11.2023. Бутоп својот натпревар од последната рунда ќе го одигра утре со почеток во 20:00 часот. Противник е тимот на Шеча.