April, 2016

now browsing by month

 

На денешен ден… (28 април)

Поминаа точно пет години од таканаречената „сахрана“, односно нашата победа над екипата на Блок 19 во рамките на четиринаесеттото коло од Пролетната лига во мал фудбал во Ново Лисиче. На денешен ден сме играле уште еднаш, во наредната, 2012-та година и повторно сме победиле, тогаш против Фокус на меч одигран во балонот кај ОУ Васил Главинов во Топанско поле.

ФК Бутоп - НЛ 2011

 

 

 

 

 

 

 

Следи краток преглед на резултатите и составите од овие натпревари:

28.04.2011, Бутоп-Блок 19: 5-3

1. М. Смиљковски (голман)

2. А. Димитровски

4. Д. Костовски (1 гол)

5. Х. Фекиќ (1 гол)

7. К. Смиљковски (2 гола) и

13. Љ. Атанасовски – Жора (1 гол). Во игра влегоа и:

8. А. Курт и

11. К. Каравидов.

28.04.2012, Бутоп-Фокус: 16-7

4. Д. Костовски (г)

6. К. Велковски (г)

8. А. Курт (г)

10. Ј. Сезаир (г)

11. К. Каравидов (г) и

22. С. Колашинац (г).

Бронзена тројка на Бутоп

Изминатава недела се одигра традиционалниот турнир во мал фудбал во организација на Економскиот факултет – Скопје во кој учество земаат екипи составени од студенти на овој факултет. Тројца наши фудбалери беа дел од екипата на Ла Тане која на крајот успеа да го заземе третото место. Кирил Смиљковски, Анел Курт и Костадин Колев беа важен дел од костурот на својот тим и значително придонесоа за постигнатиот успех. Натпреварите се играа во СЦ Јане Сандански во Аеродром, на турнирот учествуваа 16 екипи, а се играше во нокаут систем. Завршниот натпревар, како и мечот за третото место се одиграа во неделата, на 24 април 2016.

ла тане

 

 

 

Тане, како дел од атмосферата од минатогодишното издание на овој турнир

24 април низ историјата…

Бутоп во својата досегашна историја има одиграно три натпревари на денешниов датум 24 април. Првиот од нив се одигра пред точно 6 години, кога во тој момент, како Б1ББ, се сретнавме со ГУ. Пред две години игравме против нашите помлади колеги од Примаверата, а лани против тимот кој го селектираше Елиф Елмас, сите локални ривали. Следи краток преглед на резултатите на овие натпревари:

24.4.2010: сала Антон Димитров, 14:00, пораз од Големи Уличари 7-8

24.4.2014: сала Антон Димитров, 22:30, победа над Примавера 7-4

24.4.2015: сала Зеф Љуш Марку, 19:00,победа над Елиф Елмас Тим 21-13

 

Коки: Огромна е честа да се биде рекордер на Бутоп!

Измина еден месец од натпреварот (одигран на 22 март 2016) на кој Костадин Колев се запиша во историските книги на Бутоп рушејќи го рекордот по бројот на настапи на голманската позиција. За ова пишувавме и пред две недели и ги споменавме шесте наши голмани со двоцифрен број настапи, како и другите кои оставиле белег бранејќи го голот на Бутоп.

Пред неколку дена имав можност да поразговарам со Коки и поентите од тој разговор сега ги пренесуваме ексклузивно за веб страната на Бутоп:

– Коки, што за тебе значи овој рекорд? Како се чувствуваш сега како рекордер?

– Морам да кажам дека, пред се, да се биде рекордер во било која од статистичките категории на Бутоп е огромна чест. Многу сум среќен што конечно го срушив рекордот на легендарниот Пинки.

– А секоја голема кариера има свои почетоци. Се сеќаваш ли на твоите?

– Да, секако! Како да беше вчера! Прв пат за Бутоп настапив на натпревар во балонот кај ОУ Пенко во Север. Се сеќавам дека беше зима, имаше многу снег, мислам дека тој ден славевме убедливо… (И беше во право Коки. Кратко прелистување низ записниците покажа: 5 февруари 2012, терен – балон ОУ Пенко, 16:00 часот, Бутоп – Бутел 2: 12-1. Деби меч за Костадин Колев, играле уште и Димитровски, Фекиќ, Курт, Костовски, Смиљковски, Каравидов и Велковски.) На турнир прв пат настапив на „Еуро-фанс 2012“ на игралиштето на вештачка трева на скопското лизгалиште. Игравме против Чета и повторно едно мое деби донесе победа за Бутоп. (7 мај 2012, почеток 18:50, Бутоп – Чета:4-2.)

Euro Fans

 

 

фото од пред почетокот на натпреварот со Чета

 

 

 

– Можеш ли да издвоиш уште некој натпревар или турнир што ти оставиле силен впечаток?

Па искрено сите наши учества на турнирот во СЦ Ново Лисиче некако ми се во најпријатно сеќавање и тој терен на некој начин најдобро ми „лежи“. Пријатно ми беше кога дел од публиката почна да ме препознава како „еј еве го голманчето на Бутоп“…

– Бројот на твоите настапи за Бутоп веројатно ќе беше поголем да не беа бројните повреди кои те следеа во изминативе четири години. Истотака, честопати сме те праќале и кај Примавера, или кај Тамба-ламба на пример, за да ги појачаме нашите противници. Коментар?

koki

 

 

 

Да. Листата на повреди е предолга. Еве само ќе споменам, три пати скршеници на прстите на рацете и еднаш и „гипсирана“ нога, истотака поради скршеница. Два потреси на мозокот здобиени на дел од натпреварите. Но, да не продолжувам. Сигурно дека повредите ги ограничуваат моите настапи. А што се однесува до позајмиците, јас ги поддржувам сите одлуки донесени во корист на Бутоп и на неговиот напредок. – заклучи Коки.

Бутоп возврати на ударите од Албион!

Бутоп се врати на победничките патеки и се одмазди за двата последователни порази од екипата на Албион Север. Конечниот резултат на натпреварот одигран на 12 април (балон кај Пенко, 23:00 часот) е 10-3 за нашиот тим. Во текот на целата средба имавме контрола врз резултатот и играта, па следствено на тоа не изостана ниту победата. За Бутоп во првиот состав настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

3. Методиј Смиљковски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски и

10. Кристијан Велковски. Уште играше и:

8. Анел Курт

 

На денешен ден (11 април) во 2009…

Пред точно седум години, на денешен ден (11 април 2009 г.), и гостувавме на екипата на МК Рисови. Натпреварот заврши во наша полза со конечен резултат 7-10, а се одигра во скопската населба Аеродром на теренчето за мал фудбал кое локалните жители популарно го нарекуваат „Тере“, со почеток во 18:00 часот. Оваа средба со МК Рисови ја договоривме со еден од нивните најекспонирани играчи Стефан Кипријановски – Кипри.

За Бутоп тој ден во првата постава настапија: Харис Фекиќ (стартуваше како голман, а потоа на таа позиција се сменија и Андреј и Анел), Андреј Димитровски, Анел Курт, Кирил Смиљковски, Дарко Костовски и Јеткин Сезаир. Уште настапи и Кристијан Каравидов.

По првиот дел резултатот беше израмнет (5-5), за во второто полувреме да го скршиме отпорот на домашниот тим и да славиме со 10-7.

aerodrom tere

 

На денешен ден (8 април)

На денешен ден, 08 април 2013-тата година во балонот кај ОУ Васил Главинов во Топанско поле, со почеток од 19:00 часот сме одиграле меч против екипата на Смиљковци и сме забележале победа од 6-4. За Бутоп тој ден настапија:

7. Кирил Смиљковски (г)

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

8. Анел Курт и

11. Кристијан Каравидов

Голманите на Бутоп

Костадин Колев од неодамна стана рекордер по бројот на настапи за Бутоп кога станува збор за голманската позиција. Тој го помина долгогодишниот лидер во оваа категорија – Филип Пејков. Покрај Коки и Пинки уште четворица голмани имаат двоцифрен број на настапи за нашиот тим. Тоа се Бени, Грмуш, Јован Нечовски и Петар Лазароски. Еве како изгледа овој список според точниот број на одиграни средби за Бутоп:

1. Костадин Колев    – 64

2. Филип Пејков         – 62

3. Арбен Ејуп               – 30

4. Кирил Ѓоргиев      -18

5. Јован Нечовски    – 11

6. Петар Лазароски – 10

Важно е да се напомене дека во многу наврати и самите играчи на Бутоп се ставале во улога на голмани, тука предничи пред се Анел Курт, но овојпат нема да навлегуваме во таа статистика. Единствено ќе ги издвојам и Мето Смиљковски и Дарко Николиќ кои во определен период беа опција и за голманската позиција, па двајцата повеќе од десетина пати застанале на нашиот гол.

Други голмани кои настапувале за Бутоп и кои оставиле белег во нашиот тим се Стефан „Кумот“ со 5 настапи, Були од Топанско со 3 настапи, Адем Маровци со 3, Ристе Димитровски со 3, Дритон Палоши со 3, потоа тројца членови на фамилијата Елмас (Мумин 4 пати, а Елиф и Муслим по еднаш стоеле на голот), Горјан Василев два пати, Шаин и Зоки Ш. по еднаш.

Треба да се издвојат и настапите на некои од нашите повремени олраунд играчи кои често настапиле како голмани, како на пример Беким Асани кој во три наврати застана на голот, Бранко Марков, Сашо Наумоски Цамба (кој голем дел од неговите 7 настапи за Бутоп ги имаше како голман), Костадин Немогуче Димовски, Стефан Милошевиќ, Христијан Дончоски – Кико и други…