May, 2023

now browsing by month

 

Среќен роденден Ристе

Ристе Валчанов вчера (23 мај) го прослави својот роденден. Рики веќе неколку сезони е неизоставен дел од Бутоп и еден од клучните играчи на сите позиции во тимот. Му посакуваме многу успеси на приватен и на професионален план. Среќен роденден Ристе!

Бериќетна година: Смиљковски си доби ќерка

Голема радост во семејството Смиљковски донесе вчерашниот ден откако Кирил и Ребека добија ќеркичка. ФК Бутоп им посакува да е жива и здрава и да им носи многу убави моменти на своите родители.

Лиценцата продолжена за една година

Ве известуваме дека вчера ја продолживме лиценцата за домејнот на нашата веб-страница и за наредните 365 дена. Нашиот сајт е активен од 2014 година, а слободно може да кажеме дека ФК Бутоп е еден од најтранспарентните спортски колективи во Македонија со редовни објави за сите актуелности поврзани со клубот. Продолжуваме во иста насока.

Два пресврти за трета победа во низа

Бутоп во петокот (05.05.2023) се избори за тесна победа со конечни 9-8 над тимот на Барбер шоп Енис. Нашите момци го имаа водството во поголем дел од средбата, но дозволија противникот да поведе на десетина минути пред крајот. Сепак, на пресвртот одговоривме со пресврт и откако берберите пропуштија неколку шанси да ја запечатат победата, бутопци искусно ги казнија нивните промашувања и дојдоа до победата, која ни е трета по ред. Натпреварот се одигра во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов од 20:00 часот.

Ќе можеме ли до победа против берберите

Бутоп вечерва се среќава со тимот на Барбер шоп Енис во пријателски натпревар кој ќе започне во 20:00 часот. Средбата ќе се одигра во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов. За Бутоп ќе настапат: Костовски, Курт, Валчанов, Велковски, Вангеловски и браќата Вукељ.