November, 2016

now browsing by month

 

Пораз и реми за отрезнување

Завчера (28.11.2016) Бутоп забележа пораз, а потоа и реми во двата натпревари против Примавера, одиграни во спортската сала Антон Димитров во Бутел. Првиот започна во 21:00 часот, а нашиот противник го доби со конечен резултат 7-5. Тие во поголемиот дел од мечот беа во водство и ја имаа контролата врз настаните на теренот. И покрај тоа што ние израмнувавме во два наврати (3-3, 4-4) победата на Примавера беше сосема заслужена. Вториот натпревар започна во 22:45 и имаше комплетно различен тек. Ние поведовме со 4-0, „младинците“ вратија за 4-4. Ние повторно поведовме (5-4), а Кико Дончоски во последната минута ги постави конечните 5-5.

Вреди да се напомене дека на овие натпревари по подолго време за Бутоп настапи Филип Пејков, а пред него во поле играа Курт, Димитровски, Смиљковски, Костовски и Каравидов. Наш специјален гостин на трибините, во друштво на двајцата Коки (Димовски и Колев), беше и Самин Колашинац. Тимот на Примавера пак беше појачан со присуството на младинскиот репрезентативец Елиф Елмас и уште двајца „негови“ играчи.dscn6146

Шкупи на Коки гази!

shkupi-veles

КМФ Шкупи сигурно гази во македонската прва футсал лига. Тимот во чии редови од оваа сезона е и нашиот Костадин Колев засега успешно му пркоси на КМФ Велес, клубот што практично ја продолжува династијата на Железарец откако летово целокупната управа и најдоброто од играчкиот кадар на тимот од скопска Железара се пресели педесетина километри појужно. Доказ за тоа е и резултатот од минатото коло (19.11.2016) кога во Велес (сала Гемиџии, пред илјада гледачи) Шкупи извади реми (3-3) иако по само шест минути игра губеше со 3-0. Колев беше дел од тимот на Шкупи и се наоѓаше на клупата за резервни фудбалери. Со ова реми чаирчани се најдоа на првото место на табелата со три бода повеќе од својот голем ривал, но и натпревар повеќе.

Можеби и поважен момент за Коки беше неговото деби за Шкупи во претходното коло, кога на 12.11.2016 настапи на мечот со Саса.  Тој се одигра во салата Енвер Идризи во Чаир, а Коки ги одигра сите 40 минути, ја одбрани својата мрежа, а плус додаде и една асистенција за деби од соништата и убедлива победа од 14-0. На тој начин уште „од прва“ го израмни рекордот и најубедливата победа на Бутоп, онаа со истиот овој резултат против екипата на Џани Моша (балон Рајко Жинзифов, 18.03.2012, 14:00 часот).

koki koki

Грмуш на професионална надградба во Швајцарија

Кирил Ѓоргиев во средата (16.11.2016) одлета за Швајцарија каде што во наредните 9-10 месеци ќе биде на еден вид професионална надградба во компанијата Дуферко. Тој ќе престојува во градот Лугано во близина на италијанската граница. Ова не е првпат некој од нашите играчи да замине надвор од Македонија за напредок во својата професија, тука потсетуваме пред се на Јеткин, кој во моментов се наоѓа во Турција (Анкара) на постдипломски студии. Сепак, Бутоп секогаш ги остава отворени вратите на своите членови за тие да можат да ја искористат секоја можност одново да го облечат нашиот дрес.

grmush grmush

 

Грмуш е во нашиот клуб од самите почетоци. Своето деби го имаше на 2 февруари 2008 година на натпревар против тимот на Бутел село, на кој остваривме победа од 6-3. На истиот ден сме одиграле уште две „официјални“ средби и воедно, две победи: против Бутел (Илхан-Рами) 6-5 и повторно со Бутел село, 6-5. Грмуш бранеше и на тие натпревари. Во текот на годините собра 18 настапи за Бутоп, а и секогаш бил вклучен во нашата администрација и обидите да се оствари напредок на клубот на секое можно поле.

Постојат најави дека Ѓоргиев за време на својот престој во Швајцарија ќе оствари средба со „Бардакот“, кој го скаутираше на неколку натпревари во салата Антон Димитров уште пред две-три години. Дали од тој најавен состанок ќе произлезе некаква соработка и евентуална интернационална кариера на Грмуш, ќе покаже времето.

Како и да е, ние како ФК Бутоп му посакуваме многу успех и позитивни искуства на нашиот голман.

Деновиве низ годините…

Средината на ноември е добар период за нашиот тим и тоа се потврдило многупати досега. Понеделничката победа над Примавера не е исклучок од традицијата. Во деновите од 14 до 17 ноември имаме одиграно вкупно 7 натпревари на кои имаме скор од 6 победи и само еден пораз.

На 14 ноември сме играле во:

2009 против Ченто (Филип РЈК), победа 10-3;

2013 против Смиљковци, победа 19-17 и

2016 против Примавера, победа 13-9.

На 15 ноември сме играле во:

2008 против

– Маџари (Филип РЈК), победа 5-1

– Маџари (Девојче), победа 7-5 и

– Маџари (Филип РЈК), пораз 2-5;

2012 протв Фокус, победа 13-8.

На 16 и 17 ноември досега немаме одиграно ниту еден натпревар. Вкупната гол разлика на овие средби е 69-48 во наша полза.

13 Ноември низ историјата…

Изминатава недела (13 ноември) нашиот град го одбележа денот на своето ослободување од фашистичката окупација во Втората светска војна. Бутоп досега два пати играл на тој ден и во двата наврати победил.

Прв пат во 2012-тата, победа над Гази Баба со 6-4 на натпревар одигран во Антон Димитров, со почеток во 20:00 часот. За Бутоп тогаш настапија: Пејков, Фекиќ, Курт, М. Смиљковски, К. Смиљковски и Каравидов во стартната шесторка, а во игра влезе и Димитровски.

Во 2014-тата во истата сала, на истиот датум настрада Примавера, со конечни 12-5. За Бутоп таа вечер (21:00) настапија: Ѓоргиев, Курт, Димитровски, Костовски, Смиљковски и Велковски во стартната постава, а во игра влезе и Каравидов.

skopje-grb

Бутоп се врати на терените, победите и на интернет

Бутоп вчера (14 ноември 2016) се врати на терените, а и на победите откако во текот на месец октомври не одигра ниту една средба. Вчеравечер наша жртва беше тимот на Примавера, кој го совладавме со конечен резултат 13-9. Натпреварот беше интересен, со неколку пресврти (5-3, 5-7, 7-7), за на крајот да пресуди нашето искуство. За Бутоп настапија Анел, Дарко, Андреј, Кире, Каро, а дебитираше и Енис. Дуелот се одигра во салата Антон Димитров со почеток во 21:00 часот.

Во текот на денешниот ден беа отстранети пречките поради кои одреден период нашата веб страна не беше во употреба, па покрај на теренот и на победите, може да се каже дека се враќаме и на интернет. Затоа оваа недела очекувајте малку зголемена активност и на нашиот сајт.

Бутоп во октомври 2016

Изминатиов месец октомври Бутоп не одигра ниту еден натпревар и некако се се сведуваше на рекапитулирање на настапот на турнирот Аеродром Скопје 2016 во СЦ Ново Лисиче и несреќната елиминација во пенал рулетот во 1/16 финалето. Дел од играчите беа повредени (тука предничи Штаката со најсериозна повреда), па оваа пауза на некој начин добро им дојде. Некои овој период го искористија и пополнија со обврските во своите фудбалски или футсал клубови каде што настапуваат (Гоце Делчев, Маџари, Смиљковци, Шкупи). А Бутопци не заборавија и да прослават и наздрават… Следи фотографија од роденденската прослава на Костовски.

image-0-02-05-a98416f8034a4362db4f695e7a1831701154642c3550b2fac6547da623800cb7-v