February, 2016

now browsing by month

 

Февруари низ историјата на Бутоп

Полека изминува и вториот месец од оваа година, месец во кој Бутоп одигра два натпревари против Мојсовски-Џезо на кои оствари и две победи. Историски гледано, февруари е еден од најплодните месеци за нашата екипа, како според бројот на одиграни натпревари, така и според скорот на истите. Заедно со двете победи од оваа година, Бутоп во својата историја во месец февруари има 19 победи, 2 нерешени и 6 порази, или вкупно 27 одиграни натпревари.

09.02.2013-3

 

 

 

 

Попрецизно, на денешниов ден, 28 февруари, сме играле два пати. Првиот пат во 2009. година против Бутел 2 на гости на теренот на ОУ Панајот Гиновски сме оствариле победа од 6-5. Во 2012 во балонот кај ОУ Васил Главинов сме оствариле победа над екипата на Шутка со 10-5.

09.02.2013-2

 

 

 

 

 

 

 

Фотографиите што ги гледате се токму од еден „февруарски“ натпревар на Бутоп од 2013-тата година против Чаир (Насер) одигран во балонот што се наоѓа до ОУ Пенко во Скопје Север.

09.02.2013-5

 

Нова победа над тимот на Мојсовски

Бутоп оствари нова победа над тимот на Мојсовки-Џезо со конечен резултат 12-10, на натпреварот одигран на ден недела 14 февруари. Средбата започна во 19:00 часот и се одигра во балонот при салата Партизан во скопската населба Чаир. За Бутоп на голот започна Костовски, а се менуваа уште и Курт, Вангеловски и Димитровски. Настапија и Велковски и Колев, кој овојпат доби поинаква, напаѓачка улога и се снајде сосема добро во истата. Пред натпреварот дојде до случајна средба помеѓу фудбалерите на Бутоп кои настапија на овој натпревар со нашата легенда Харис Фекиќ, кој не израдува со изјавата дека има голема желба повторно да настапи во синиот дрес и е подготвен да му помогне на нашиот тим во некој од наредните натпревари.

09.02.2013

 

Среќен роденден Каро!!!

На денешен ден, 14 февруари 1993 година, во Скопје е роден Кристијан Каравидов.

Популарниот Каро е една од легендите на Бутоп за кого можат да се напишат многу редови информации и статистика за неговите игри во синиот дрес. Досега запиша неверојатни 217 настапи за нашиот тим и му посакуваме уште многу и во иднина.

Среќен роденден Каро!!!

karo

Минатата недела одбележана со победа над Мојсовски-Џезо

Минатата недела, поточно на 7 февруари, на натпреварот со почеток во 20:00 часот, во салата на СУГС Зеф Љуш Марку во Скопје Север, Бутоп оствари победа над екипата на Мојсовски-Џезо со резултат 11-7. За нашиот тим настапија Колев, Курт, Велковски, Костовски, Вангеловски и Каравидов. Бутоп добро го започна натпреварот со водство од 3-1, но противниците направија пресврт, 5-3. Сепак, откако ние повторно го преземавме водството, не го испуштивме до самиот крај и последните минути се чекаше само на конечниот резултат на оваа средба.

so anel andrej

Среќен роденден Пинки!!!

На денешен ден, 08 февруари 1993 година во Шведска е роден Филип Пејков – Пинки.

Пинки се уште љубоморно го држи рекордот како голман со најмногу настапи за Бутоп, вкупно 62. Иако последниве сезони само инцидентно знае да настапи на нашите натпревари, со него се врзани многу од успесите и анегдотите врзани со приказната за Бутоп.

Му посакуваме се најдобро во иднина. Среќен роденден Пинки!!!

pinki 2

Завршија зимските подготовки на Бутоп

Последниот ден од месецот кој штотуку заврши беше и последен ден од зимските, јануарски подготовки на екипата на Бутоп. По пријателската средба одиграна на 24 јануари и победата над Мојсовски-Џезо следеше последната недела од овој подготвителен период која пред се беше искористена за воигрување и обрнување внимание на техничките детали. Како што ги почнаа, така и ги завршија овие подготовки фудбалерите на Бутоп, па така изминатите денови најмногу се играше сервис „два на два“ секако, во училишниот двор на ОУ Живко Брајковски. Иако можеби се’ уште „тешки“ во нозете, Бутопци се подготвени за предизвиците што ги очекуваат во наредниот период.

tk mtp 4