December, 2023

now browsing by month

 

Боксинг деј низ историјата: десет години од мајсторката со Примавера

И месец и пол дена по завршувањето на обврските во Маалската лига бутопци одмараат и ги полнат батериите за вториот дел од сезоната. Денес е боксинг деј кој традиционално, пред се во Англија, е резервиран за  предновогодишни фудбалски возбудувања. Бутоп може да се пофали со стоотстотен учинок на четирите средби кои ги имаме одиграно на денешен ден, па да се потсетиме на резултатите:

2009: Бутоп 16 – 10 Бутел (Давор Жора)

2013: Бутоп 6 – 4 Примавера

2016: Бутоп 11 – 8 Примавера

2021: Бутоп 95 Немилосрдни

Денес навршуваат точно десет години од натпреварот со Примавера кој тогаш беше наречен „мајсторка“ бидејќи одлучуваше за тоа кој ќе има подобар меѓусебен скор во таа есенска полусезона откако претходно двете екипи победија по два пати. Бутоп победи 6-4, а уште еден куриозитет од таа средба е тоа што беше постигнат првиот гол на Бутоп за кој постои видео снимка. Стрелец беше Андреј Димитровски. Во пролетната полусезона овие два противника одиграа уште тринаесет натпревари, а ние победивме на единаесет од нив, наспроти двете победи на Примавера.

Фотографиите подолу се од натпреварот одигран на 26.12.2013 г.

Среќен роденден Марио

Денес својот роденден го слави Марио Вангеловски. Популарниот Штака во два наврати беше златна копачка на Бутоп, во сезоните 2016/2017 и минатата 2022/2023. И покрај тоа што есенва не играше во Сезона 3 од Маалската лига, се уште котира на високото трето место на вечната листа на стрелци во ова натпреварување. На нашиот голгетер му посакуваме се најубаво и скоро враќање во нашиот дрес.

Среќен роденден Марио!