МЕДИА

now browsing by category

 

Машинеријата пуштена во погон

Денес нашите фудбалери го имаа првиот собир во 2021 година. Како што најавивме пред два дена, бутопци се собраа на стариот терен на ОУ Живко Брајковски. Ова е единаесетта година по ред како организираме зимски подготовки, еден вид поставување база за полусезоната што претстои. Овојпат почнуваме најрано досега, на вториот ден од годината, за првпат пред божикните празници. Причината е јасна, годинава мора да сме вклучени на најјако, мора Бутоп да гази! На првиот тренинг се појавија Валчанов, Костовски, Димитровски (кој пристигна од Софија), К. Колев, Шилегов, Додовски, Мартиноски и Каравидов. Еве дел од атмосферата:

All-focus
All-focus
All-focus
All-focus

Фото-сторија од 20.01.2019 (втор дел)

Следат уште неколку фотографии од првиот тренинг на Бутоп во новата 2019 година:

    

Машината Бутоп е пуштена во погон

Како што најавивме, ФК Бутоп вчера ги започна зимските подготовки. Првиот собир и тренинг поминаа во одлична атмосфера. Тренингот почна околу 14:30 на новото теренче за мал фудбал во дворот на ОУ Живко Брајковски. Освен вообичаеното загревање и растрчување, нашите фудбалери одлучија да одиграат и една партија викторија на теренот прекриен со снег. Ќе се обидеме наредниве денови да ја зголемиме фото-сторијата од вчерашниот тренинг, засега и ова е доволно.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За отварањето на новата година да биде комплетно, се погрижи Грмуш кој ни закажа средба со тимот на Екипа Чаир. Времето и местото вообичаени, салата на Зеф Љуш, 20:00 часот. За жал, полусезоната ја отворивме со пораз, 7-11. Тимот беше преполовен, па шанса добија помладите Ристе и Даниел, а настапија и Колев, Каравидов, Костовски и Николче. Не бевме без шанса да извлечеме барем реми вчера, откако по негативата од 8-4, направивме серија од 3-0 на 3-4 минути до крајот. Сепак, Екипа Чаир успеа да ја задржи и зголеми предноста и на крајот заслужено да слави.

Фото-сторија од СП 2018 Русија (Јеткин Сезаир)

Следи кратка фото-сторија на Јеткин од Светското првенство во Русија

 

Прв ден зимски подготовки 2017 (фото галерија)

15992299_1582084348474933_788602667_o 15943288_1582084211808280_1492761958_o      15966340_1582084635141571_101835274_o15967536_1582084955141539_1103973813_o15967513_1582084555141579_1879789642_o15966765_1582084478474920_2101694117_o15966994_1582084741808227_332886138_o

Пет години подоцна… (терен Живко Брајковски)

dscn6143Она што го гледате низ оваа кратка фото сторија е моменталната состојба на теренчето за ракомет/мал фудбал во дворот на ОУ Живко Брајковски. За ниту еден бутелчанец нема потреба да се објаснува, опишува, расправа, кажува за значењето на ова место. Ако барем се обидам да ги доловам воздишките на повозрасните фудбалски вљубеници од нашата населба кога зборуваат за ова игралиште, тоа би изгледало отприлика вака: „Ех, да знае да зборува овој терен…“ Се што ќе се каже понатаму е маалска митологија, приказни, моменти кога го засакувате фудбалот, стекнувате другарства, се тепате со тие од Петар Манџуков или од другиот клас… Фудбалската магија на ваквите места влегува во крвта и таму ви останува засекогаш.

dscn6144

И ние како генерација ( главно 1992) имаме еден куп спомени од теренот во „школски“. Добро упатените и оние кои прочитале за домашните терени на Бутоп знаат дека ова е местото каде што ја одигравме нашата прва официјална средба пред девет години. Затоа на некој начин „Живко Брајковски“ се уште го сметаме за наш матичен „стадион“, па и подготовките секогаш ги почнуваме тука. За жал, поновите генерации не можат да се пофалат со многу фудбал, ниту воопшто, време поминато на ова игралиште. А тоа е така од повеќе причини: нема голови (ќе стане збор и за тоа), можат да се исечат од искршените и паднати стакла од салата Антон Димитров, просторот е скратен, има трева… сликите нека зборуваат сами за себе. А и онака според новиот план тој простор е предвиден како паркинг!?

Како-така фудбал тука можеше да се игра до пред 5 години, кога беа исечени головите. Последниот натпревар на овој терен (со головите) се одигра на 25 септември 2011. Беше обичен маалски натпревар, мешани, 6 на 6. Се погоди голем дел од членовите на Бутоп да играат на таа средба. При 9-9 се играше златен гол, Даре Николиќ го постигна победничкиот погодок за својот тим, што подоцна се испостави дека беше и последниот гол на тој терен. Веќе утредента беше исечено едното голче (на јужната страна, накај амбулантата), а во наредните денови и другото. На втората фотографија се гледа делот од теренот на исечениот гол.

dscn6145

Ако пет години е премалку време за населба како Бутел 1 да нема отворено игралиште за мал фудбал, тогаш некој од надлежните веројатно би можел (би морал) за момент да помисли на стотиците деца што секој ден поминуваат од тука за на училиште (некои дури и пробуваат да одиграат фудбал, а срчите им служат веројатно како сталки или така нешто, за предизвикот да им биде уште поголем и да е поинтересно). А за тоа што искршените стакла од „Антон Димитров“ (фото 3) се надвиснати и при секој посилен ветер (или удар со топка) паѓаат, се чини дека на тие од „карши“ салата им е најмалку „гајле“.

Секој добронамерен предлог е добредојден.

dscn6141

 

Фатени „на дело“

so topka kaj Mile

 

 

 

 

 

 

 

Фудбалерите на Бутоп имаат обичај голем дел од своите тренинзи да ги спроведуваат низ улиците на Бутел, како и во секое „ќоше“ од населбата или околината кое ќе ја побуди инспирацијата за одредена вежба за усовршување на техниката и работа со топка.

Една од тие вежби е ситуацијата кога топката е постојан придружник на играчот. Со тоа се овозможува играчот подобро да ја запознае и почувствува топката за да може подоцна полесно да се справи со проблематичните ситуации во самите натпревари. Со топка се оди по улица, се преминува пешачки, се влегува во маркет, или како во случајов, се чека пред продавничка. Оваа фотографија е од безбедносните камери на драгсторот на Миле Кумановецот во Бутел (спроти слаткарницата Ганчо), сликана десетина дена пред крајот на 2015. година. На неа се гледа еден од фудбалерите на Бутоп кој со топка во рацете ги чека своите соиграчи да излезат од продавницата. Секако, треба да нагласиме дека оваа вежба може да биде опасна за почетници и мора исклучително да се внимава кога и каде се применува.

Новиот знак на Бутоп!

Ви го претставуваме новиот знак на Бутоп!!!

 

cropped-11218833_950298891677886_7111569292415805367_n.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пред два дена заврши интерната анкета на членовите на Бутоп кои на Фејсбук страната требаше да гласаат помеѓу три предлози за новиот амблем на нашиот тим.

Овој предлог убедливо победи со преку 50% од гласовите.

Голема благодарност упатуваме до нашиот голман Кирил Ѓоргиев. Популарниот Грмуш беше главен и одговорен за целиот проект и ги изработи предлозите за новиот знак.

При креирањето на новиот знак Грмуш внимаваше на хералдиката, па затоа и нашиот нов знак во многу што ја продолжува традицијата на претходниот од 2011-та, за кој може да прочитате во делот ЗА КЛУБОТ, а кој може да го видите засега само во архивата на Бутоп.

Главните елементи (боите, годината, формата итн…) се запазени, а дизајнот е поедноставен и модернизиран, онака како што наложуваат светските трендови.

против Реал Муса…

Ова е фотографија на Бутоп по завршувањето на натпреварот со Реал Муса на 4 јуни 2015 г. на турнирот на ТК МТП, пораз на Бутоп од 6-2.

tk mtp 4

Слики од натпреварот со Чаир (Насер) на 09 февруари 2013

Ова е комплетната фотогалерија од натпреварот со Чаир (Насер) одигран пред точно две години (09 февруари 2013)…

09.02.2013-209.02.2013-509.02.2013-409.02.2013

09.02.2013-3