June, 2019

now browsing by month

 

Рутинирана победа за крај

Вчеравечер (24.06.2019) Бутоп дојде до рутинирана победа над тимот на Дарко ФФМ со конечни 12-4. Победникот ниту во еден момент не беше доведен во прашање иако и двата тима играа со комбинирани состави. За нас, како што најавивме, дебитираше Ристо, а треба да одбележиме дека Колев освен што бранеше влезе и во игра, а постигна и хет-трик. Со ова сезоната 2018/2019 најверојатно ќе ја завршиме со позитивен скор од 9-1-8.

Во борба за убава одјава

Бутоп вечерва (21:00, балон Партизан, Чаир) ќе го одигра веројатно последниот натпревар за оваа сезона и ќе се обиде да се одјави со победа. Противникот е добро познат, Дарко ФФМ. Денес шанса ќе добијат некои играчи кои не се наиграа пролетва, а конечниот состав изгледа вака: Колев, Димовски, С. Милошевиќ, Костовски, Наумоски (Цамба) и дебитантот Ристе.

Среќен роденден Кико!!!

Вчера (21.06) својот роденден го прослави Кристијан Велковски. Кико веќе девет години настапува за Бутоп и е во тесна трка со Колев, Сезаир и Колашинац за нов член на клубот 100. Досега запиша 92 настапи за нашиот тим. Му посакуваме се најдобро.

Среќен роденден Кико!!!

Покана од Турнир Зелениково

Нашиот клуб вчера доби покана од организаторите на Турнир Зелениково за учество на третото издание на овој традиционален турнир. Нашата врска со нив е Костадин Колев, а според она што засега го знаеме почетокот би требало да биде некаде околу десетти јули. Бутоп нареднава недела има во план да одигра еден натпревар, но и да одржи состанок за заклучоците од сезонава што изминува, како и за разгледување на плановите за летниот период и почетокот на сезоната 2019/2020. За сите новости и одлуки ќе бидете навремено известени.

Дождот го одложи мечот со Дарко ФФМ

Обилниот дожд што попладнево (19.06.2019) го зафати Скопје го одложи натпреварот што Бутоп требаше да го одигра со тимот на Дарко Видиниќ, Дарко ФФМ. Очекуваме нов термин за оваа средба во текот на наредната недела, со што ќе ставиме крај на оваа сезона 2018/2019.

Среќен роденден Анел!!!

Денес (10.06) својот 27. роденден го слави Анел Курт. Анел со своите 236 настапи за Бутоп ужива легендарен статус во нашиот тим. Му посакуваме уште многу успеси и голови во синиот дрес.

Среќен роденден Анел!!!

Бутоп ТрчаТ

Минатата недела (02.06.2019) двајца наши фудбалери настапија на петкилометарската трка на третото издание на Охрид ТрчаТ. Дарко Костовски и Андреј Димитровски имаа успешни трки по што дадоа и кратки изјави за локалните медиуми. Од вкупно 500 натпреварувачи, Костовски го зазеде 127. место со време на чип 27:24, а Димитровски 151. место со време 28:23.

  

Честито Вардаре!

ФК Бутоп му ја честита на РК Вардар втората титула во европската Лига на шампиони. Вардарци уште еднаш покажаа како може да им се пркоси на најмоќните и да се дојде до врвот. Им посакуваме уште многу успеси во иднина.

Честито Вардаре!!!

Честит Рамазан Бајрам

ФК Бутоп им го честита најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам на сите свои членови и приврзаници кои го прославуваат. Честит Рамазан Бајрам!