June, 2018

now browsing by month

 

Среќен роденден Адем!!!

Денес, 30 јуни, својот роденден го прославува Адем Маровци. Тој изминативе години повремено настапуваше за Бутоп, особено во тешките моменти за нашата екипа, за што сме му благодарни. Особено важен придонес од Маровци е што токму низ објективот на неговата камера за прв пат беа снимени кадри од натпревар на Бутоп. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжи нашата соработка.

Среќен роденден Адем!!!

Две години од контроверзната инвестиција

На денешен ден пред точно две години (28.06.2016) Бутопци ги нацртаа сервис полињата во дворот на ОУ Живко Брајковски. Овие полиња се уште си ја отслужуваат својата улога и покрај бројните притисоци кои го одбележаа периодот по нивното појавување. Сето тоа сега е минато, а овие едноставни линии останаа да сведочат за малата победа на нашиот тим над ограниченоста на системот.

Исполнета „кота 14“, 11 од 11

И оваа година Бутоп успеа да ја исполни котата 14, односно да одигра минимум 14 натпревари во сезоната која полека завршува, 11 сезони по ред. Оваа граница природно се наметна како некој минимален императив уште во нашата воведна сезона 2007/2008. Оттогаш најчесто немавме проблеми да ја исполниме оваа норма и игравме по многу повеќе натпревари, но еве втора година по ред најверојатно ќе застанеме на точно 14 средби. Очекувајте во наредниве денови официјализација на оваа и на други информации и извештај за сезоната 2017/2018.

Среќен роденден Кико!!!

Денес (21 јуни) својот роденден го прославува нашиот фудбалер Кристијан Велковски. Кико пролетва се врати од повредата што го оддалечи од терените неколку месеци со одлични настапи на турнирот во Добри Дол каде беше наш најдобар стрелец со пет гола. Досега запиша 85 настапи за Бутоп. Му посакуваме уште многу натпревари и голови во нашиот дрес.

Среќен роденден Кико!!!

Честит Рамазан Бајрам

Бутоп им го честита Рамазан Бајрам на сите свои членови и поддржувачи, како и на сите граѓани на Република Македонија кои денес го прославуваат најголемиот муслимански празник.