October, 2020

now browsing by month

 

Принуден одмор сред сезона

Неслучајно сме тивки во медиумскиот простор. Исто сме неактивни и со фудбалските активности. Влошената епидемиолошка состојба придонесе во последните две недели да ги откажеме планираните натпревари и термини. Ја следиме ситуацијата и во наредниот период ќе ги разгледаме можностите за играње фудбал. Дел од нашите играчи одржуваат форма со индивидуални тренинзи, дел од нив пак играа термини. Денеска пристигна и веста дека ФФМ го одложи планираното коло за викендов. Во секој случај, пратете не за повеќе информации.

Колев го победи Ковид

Убави вести уште во раните утрински часови: Костадин Колев го победи Ковид – 19. Нашата единица неколку дена водеше борба со незгодниот вирус, а сега пристигна потврдата за конечната победа преку негативниот тест. Коки чувствуваше благи симптоми и нормално, мораше да биде во самоизолација. Тој веќе од денес се враќа на своите работни обврски.

Подготвени за нови битки

Денес пристигнаа новите дресови на ФК Бутоп. Се надеваме на многу натпревари и победи во новата сино-бела опрема. Наши партнери при набавката беа Пирамида Спорт (ГТЦ – 2 кат), а за печатењето се погрижи тимот на ЕУРО ДОМ – Печатење маици: http://pecatenjemaici.com.mk

All-focus

Броевите распределени, во тек е печатењето на дресовите

Изминатите денови падна одлуката за броевите кои нашите играчи ќе ги носат отсега на новата гарнитура дресови. Најпрво за десетката, за која веќе пишувавме, таа оди кај Јеткин, а Велковски станува КВ9. Димитровски (2), Костовски (4), Смиљковски (7), Курт (8) и Каравидов (11) си ги задржуваат истите броеви. Голманската единица оди кај Колев, Грмуш ја зеде 12ката. Марио се одлучи да го носи бројот 40, а одговорноста да ја преземе легендарната петка на Харис Фекиќ ја добива Ристе Валчанов.

Тука додавам дека играчите кои го имаат задолжено Бутоп, пред се мислам на Харис Фекиќ, Филип Пејков и Самин Колашинац секако не се заборавени и се надеваме дека во скора иднина ќе го добијат заслуженото.

Натпревари, терени, голмани: 4!

Првите четири средби сезонава донесоа една невообичаена ситуација. Имено, сите натпревари ги одигравме на различни терени: почнавме во балонот кај ОУ Пенко, па игравме во балонот кај ОУ Блаже Конески, балонот кај СУГС Цветан Димов, а во средата во балонот кај СУГС „Зеф Љуш Марку“. На сите натпревари имавме различни голмани: прв застана Дарис, па Баркли, а следеа и дебијата на Марио Антиќ и Марко Стојчевски.

Водство, па пресврт и пораз од Бутел (Илхан)

Тимот на Бутел (Илхан) повторно беше поуспешен од нас, овојпат со резултат 5-3, на средбата одиграна вчера (07.10.2020) во балонот кај Зеф Љуш. За разлика од минатата недела, сега видовме неизвесен натпревар со малку голови. Во поголем дел од мечот бевме подобри од нив, имавме водство (3-1), но и многу пропуштени шанси да го решиме победникот. Во последните десетина минути дојде до голем пад во нашата игра и резултатски пресврт. Настапија играчите кои ги најавивме вчера, а и покрај петте примени гола позитивен впечаток остави Стојчевски, кој покажа дека на него ќе може да сметаме и во иднина.

Вангеловски се враќа на терен

Ова е составот со кој Бутоп ќе истрча на вечерашниот натпревар против Бутел (Илхан), 22:00 часот, балон кај СУГС Зеф Љуш Марку. Освежување е камбекот на Вангеловски на терените, а трет пат во четири натпревари имаме дебитант меѓу стативите, овојпат тоа ќе биде Марко Стојчевски.

Марко Стојчевски (г) (23)

Методиј Смиљковски (3)

Кирил Смиљковски (7)

Анел Курт (8)

Кристијан Каравидов (11)

Ристе Валчанов (17)

Марио Вангеловски (70)

Одмазда или доминација?

Потврдени се местото на одигрување и противникот на следниот натпревар на Бутоп. Утре, 7 октомври, во 22:00 часот во балонот кај СУГС Зеф Љуш Марку во Скопје Север повторно ќе се соочиме со тимот на Бутел Илхан Р. Информацијата за нашиот состав ќе ја добиете на еден час пред почетокот на средбата.

„Онлајн“ активни како никогаш досега

Со денешново известување ја продолжуваме низата од 14 дена со барем една објава на веб-страницата butop.info. Почнавме на 22 септември и се уште редовно ја информираме јавноста за сите новости околу клубот. Ова е убедливо најдолгата ваква серија, а сосема логично, коинцидира со почетокот на новата сезона во кој засега одигравме три натпревари.

Железара 12 години подоцна

Вака денес изгледа теренот на ОУ Григор Прличев во скопската населба Железара, точно 12 години (04.10.2008) откако Бутоп на тоа исто место го освои својот прв и засега единствен трофеј. Фотографијата подолу пак, е земена на неколку минути пред почетокот на финалето во таа 2008 година, кога бевме поуспешни од Турци ЈБТ со 6-3.