August, 2018

now browsing by month

 

Месец на одмори, индивидуални подготовки, серва и по некоја партија фудбал

Минаа повеќе од месец дена од нашиот последен натпревар и последната објава на нашата веб-страница, но тоа не значи дека фудбалерите на Бутоп го преспаа овој период. Тие ги искористија овие денови да се одморат, малку да тренираат, да одиграат серва. Истотака, неколку наши играчи настапија на турнири во мал фудбал за други тимови.

Треба да се одбележи и тоа дека Андреј Димитровски го прослави својот 26 роденден на 6 август. Андреј во моментов се наоѓа во Софија каде ја продолжува својата професионална „програмерска“ кариера, а во скоро време очекуваме да ги сподели своите впечатоци од главниот град на Бугарија и за страната на ФК Бутоп.