January, 2015

now browsing by month

 

На денешен ден, 29.01.2012

На денешен ден, 29 јануари во 2012 г. сме играле натпревар против екипата на Ченто (Филип РЈК). Средбата се одигра во балонот до ОУ Пенко во Север, со почеток во 16:00. Конечен резултат, 6-3 за Бутоп.

За Бутоп настапија:

69. Арбен Ејуп (г)

2. Андреј Димитровски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт

10. Јеткин Сезаир

11. Кристијан Каравидов. Уште играше и:

4. Дарко Костовски

Со два јубилеја до победа

Изминатава недела (25 јануари) остваривме победа над Славија со 7-5. Овој натпревар се одигра во салата на Зеф Љуш Марку, а беше исполнет со резултатска неизвесност се до самиот крај.

Двајца наши играчи означија јубилејни настапи за Бутоп. Коки на голот го запиша својот педесетти настап, а уште поголем јубилеј е оној на Андреј, кој го одигра натпреварот број 200 за Бутоп. Нека им се множат!

Среќен роденден Коки!

На денешен ден, 28 јануари 1995 г. во Скопје е роден нашиот голман Костадин Колев.

Коки своите први посериозни голмански чекори ги направи во нашата Примавера откако беше будно набљудуван од страна на првотимците и скаутите на Бутоп. Со тек на време се наметна во првиот тим и досега собра 50 настапи. Главна одлика и специјалност му се ниските топки, а се надеваме дека неговиот голмански развој ќе продолжи во вистинска насока и со помалку повреди.

Среќен роденден Коки!
koki

 

Среќен роденден Харис!

На денешен ден, 28 јануари 1993 г. во Скопје е роден Харис Фекиќ.

Харис е вистинска легенда на Бутоп, со нас е уште од почетоците на клубот и досега собра 171 настап за првиот тим. По вокација е дефанзивец, но понекогаш се уфрла и во нападот па затоа има и постигнувано значајни голови на турнирите.

Оваа сезона настапи на натпреварите кои ги игравме во Ново Лисиче како дел од турнирот Скопје 2014 и постигна еден гол во дуелот против Стела (4-3).

Среќен роденден Харис!!!
haris

на Скопје 2013

Ова е фотографија од 26.05.2013, прво коло на турнирот Скопје 2013 кога игравме против актуелниот бранител на титулата на тој турнир Игротека Тиквичка, пораз од 2-3.

nl2013

на Еурофанс 2012

И ова е фотографија од турнирот Еурофанс 2012, пред натпреварот против Маврово Ростуше (5-3), а со истиот тим настапивме и во четвртфиналето против Алсат М (0-4).

Euro Fans 2012

Вчера пораз, денес пауза, од утре продолжуваат тренинзите

Бутоп вчера загуби од Славија со 5-2 на натпреварот кој се одигра во салата на Зеф Љуш Марку со почеток во 20:00. Тоа беше цврста средба без многу погодоци, но со многу интензитет, за на крајот нашиот противник да дојде до заслужен триумф.

Ние пак не успеавме да ги израдуваме Мето и Коки Димовски кои дојдоа да ја изразат својата поддршка на овој натпревар.

Денес е слободен ден за фудбалерите на Бутоп, а веќе од утре продолжуваат со редовните тренинзи. Утре ќе се работи на теренот на Скупи во Север со почеток околу 14:30.

Среќен роденден Мето!

Денес, 16 јануари, му е роденден на нашиот член и повремен првотимец Методиј Смиљковски.

Мето е еден од бисерите на нашата Примавера кој досега собра 42 настапа за Бутоп. На почетокот играше најчесто во одбраната, но со текот на времето прерасна во вистински универзалец и во многу наврати  ги покриваше и другите, во дадени моменти дефицитарни, позиции во нашиот тим. Оваа сезона настапи еднаш за нас, а последниве две сезони беше еден од клучните организатори на Примавера, а сега и на Тамба-ламба во натпреварите против Бутоп.

Среќен роденден Мето!meto

Успешен почеток на новата година за Бутоп

Со победата над Славија на 11 јануари Бутоп означи резултатски успешен почеток на новата календарска година.

Натпреварот се одигра во салата на средното училиште Зеф Љуш Марку во скопската населба Север. Конечниот резултат гласеше 13-6 за нас, а ние ја имавме предноста уште од самиот старт на натпреварот и успевавме да ја задржиме во целиот негов тек.

Во првиот тим настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт

10. Кристијан Велковски и

11. Кристијан Каравидов. А уште играше и:

4. Дарко Костовски.

Зимски подготовки 2015

Веќе установената традиција на зимски подготовки продолжува. Ова е петта година по ред која ја започнуваме со јануарски подготовки.

Се започна во 2011, на 14 јануари, на теренчето Живко Брајковски, а таа година го користевме и игралиштето кај ОУ Климент Охридски, до Полицијата во Бутел . Наредните две години почнувавме на 11 јануари, а лани на 15 јануари.

Оваа година официјалниот старт ќе го имаме вечерва (11 јануари) со натпреварот против Славија. Велам официјален зашто голем дел од играчите веќе неколку дена работат индивидуално според програмата добиена од клубот.

За повеќе детали околу подготовките ќе се знае во наредните неколку дена, а првите десетина дена сигурно се одработуваат во Скопје, за евентуално „бегство“ во потоплите краишта ќе зависиме и од временските прилики.