February, 2015

now browsing by month

 

Среќен роденден Бени!

Денес, 28 февруари 2015, Арбен Ејуп го слави својот 23. роденден.

Популарниот Бени е голман со трет најголем број на настапи за Бутоп зад Пинки и Коки, вкупно 30. Тој е познат по својот бурен темперамент и рефлексните интервенции. Неговата мрежа на два пати остана незатресена на турнирите и ќе се памети пеналот што го одбрани во последната секунда против Шато Сопот Центар со кој ја поминавме групата во Капиштец во 2011.

Среќен роденден Бени!

beni

Трилер завршница со среќен крај за Бутоп

Минатата недела (22.02.2015) во салата на Зеф Љуш Бутоп извојува драматична победа во натпреварот против екипата на Славија со резултат 9-8.

Во текот на целиот натпревар екипите се менуваа со водството, а на неколку минути пред крајот Славија водеше 8-6. Сепак во самиот финиш, по многу нервоза и шанси на двете страни, Бутоп успеа да го сврти резултатот и да триумфира со звукот на сирената.

За Бутоп настапија: Колев, Курт, Димитровски, Костовски, Вангеловски и Смиљковски Методиј.

На денешен ден, 25 февруари…

На денешен ден, 25.02. 2012 г. на теренот кај ОУ Климент Охридски (до Полицијата) во Бутел, со почеток во 15:00 игравме против Санчовци и забележавме победа со 3-1.

На овој натпревар за Бутоп настапија:

1. Костадин Колев

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

7. Кирил Смиљковски

11. Кристијан Каравидов и

22. Самин Колашинац.

Ново славење за Бутоп

По минатонеделното реми, Бутоп во неделата (15.02.2015) оствари нова победа против Славија, со што покажа дека формата на екипата е во нагорна линија.

Конечни 6-4 за Бутоп во натпревар во кој противниците имаа водство на почетокот, 3-1. Сепак, ние ја стабилизиравме нашата игра и успеавме да го свртиме резултатот во наша полза до крајот.

За Бутоп настапија: Колев, Димитровски, Курт, Костовски, Велковски, Каравидов и Смиљковски.

Среќен роденден Каро!

На денешен ден, 14 февруари, 1993 г. во Скопје е роден Кристијан Каравидов – Каро!

Каро е дел од Бутоп уште од првата сезона и е една од најмаркантните фигури на нашиот тим. Игра во офанзивата, а негови главни позитивни карактеристики се пргавоста и брзината. Досега собра 205 настапа за Бутоп и му посакуваме уште многу натпревари и голови.

Среќен роденден Каро!

karo

Минатиов викенд со реми

Минатиов викенд, поточно во неделата на 08 февруари одигравме нерешено со Славија, конечни 6-6.

Натпреварот се одигра во истиот термин од претходниве неколку недели во салата на Зеф Љуш во Север. Во поголемиот негов тек ние го имавме водството, но ниту еднаш не успеавме да се „одлепиме“ и да направиме разлика. Славија тоа го искористи и успеа во последните секунди да дојде до израмнувачки гол по грешка во нашата потесна одбрана.

 

 

Слики од натпреварот со Чаир (Насер) на 09 февруари 2013

Ова е комплетната фотогалерија од натпреварот со Чаир (Насер) одигран пред точно две години (09 февруари 2013)…

09.02.2013-209.02.2013-509.02.2013-409.02.2013

09.02.2013-3

На денешен ден, 09.02.2013г.

На денешен ден, 09 февруари, 2013 г. сме одиграле натпревар против екипата на Чаир (Насер) и сме загубиле со 9-5. Натпреварот се одиграл во балонот до ОУ Пенко во Скопје Север со почеток во 17:00 часот.

За Бутоп во првиот тим настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

8. Анел Курт

11. Кристијан Каравидов и

22. Самин Колашинац. Во игра уште влезе и:

7. Кирил Смиљковски.

09.02.2013

 

 

 

 

 

 

 

 

Комплетната фотогалерија од тој натпревар можете да ја видите во делот ФОТО…

Среќен роденден Филип!

На 8 февруари 1993 г. во Шведска е роден Филип Пејков – Пинки.

Пинки долго време беше прва голманска опција на Бутоп и остави траен белег во тимот. Се уште се става на располагање кога е тоа потребно, па сезонава впиша и два настапа досега. Инаку тој и понатаму држи многу рекорди, а меѓу поважните се најмногу натпревари без примен гол (5) и голман со најмногу настапи за Бутоп (61).

Му посакуваме среќен роденден!

Pinki

Пролетна лига, Ново Лисиче, 2011г.

Ова е фотографија од натпреварот со Аутсајдери (2-8), одигран во првото коло на Пролетната лига во мал фудбал во Ново Лисиче на 13 март 2011 година со почеток во 17:15.

ФК Бутоп - НЛ 2011