March, 2017

now browsing by month

 

Среќен роденден Грмуш!!!

Денес (26 март) својот роденден го слави Кирил Ѓорѓиев. Популарниот Грмуш е роден во Скопје во 1993-та година. Тој е член на Бутоп уште од првата сезона, а своето деби го имаше на 2 февруари 2008 во победата од 6-3 над Бутел село. Досега собра 18 настапи за нашиот тим. Во моментов заедно со Јеткин се двајцата наши „интернационалци“, Сезаир во Турција, а Ѓорѓиев во Лугано, Швајцарија.

Му посакуваме се најдобро на приватен и на професионален план. Среќен роденден Грмуш!!!

Марта изминува, административни проблеми, уште сме надвор од терените

 

Полека изминува месецот март, кој статистички е еден од најплодните и најсреќни месеци за нашиот тим. Овој факт се потврдува со скорот на 26-те натпревари што сме ги одиграле во овој месец: 15 победи, 1 нерешена и 10 порази.

Сепак оваа година се уште немаме натпревар во март (последниот ни беше на 26.02 и победата над ЖБ 91-2, 7-6), а една од причините (покрај здравствениот билтен) се и административните проблеми со кои се соочуваме. Имено, дојде до одреден спор со ОУ Живко Брајковски околу исполнувањето на обостраните обврски за термините во спортската сала Антон Димитров. Се надеваме дека во наредниве денови ќе дојде до промени во оваа статус кво ситуација од која досега имавме само загуби.

Добра вест е што нашите апели за катастрофалната состојба на „Антон Димитров“ конечно допреа до надлежните, па во изминатиот период комплетно беа сменети прозорците во салата, а беа ставени и нови врати. Се надеваме дека реконструкцијата ќе продолжи и ќе ја опфати и внатрешноста на салата, тука пред се мислиме на подлогата.

Среќен роденден Бено!!!

Денес, 16 март, Бенјамин Фекиќ го слави својот роденден. Некогашниот капитен во младинските тимови на Металург 21 пат го носеше и дресот на Бутоп и беше во нашиот состав на неколку турнири.

Му посакуваме се најдобро на приватен и професионален план. Среќен роденден Бено!!!

Шест години од Пролетната лига

Пред точно шест години, на 13.03.2011 на теренчето во Ново Лисиче започна Пролетната лига во мал фудбал Ново Лисиче 2011. Како по обичај, честа и задоволството да се отвори еден ваков турнир/лига ја имаше токму тимот на Бутоп. Првиот натпревар од овој мошне амбициозен проект (со одиграни околу 250 натпревари) беше оној меѓу Бутоп и Аутсајдери, кој почна во 17:15 часот. Ние загубивме 8-2 од екипата која подоцна регуларниот дел од лигата го заврши на второто место, а по плејоф фазата ја освои бронзата.

Оваа лига Бутоп ја искористи за собирање значајно искуство, но и за своја афирмација. Низ нејзиниот тек станавме непредвидлив противник за сите и во неколку наврати освојувавме бодови против тимови кои во тој момент беа лидери на табелата. На крајот го освоивме 12. место од 18 тимови, а имавме скор од 7 победи, 3 нерешени и 12 порази.

За Бутоп во оваа лига настапија 16 играчи, во заградите е бројот на настапите: Дарко Костовски (22), Кирил Смиљковски (20), Андреј Димитровски (20), Харис Фекиќ (18), Анел Курт (17), Кристијан Каравидов (15), Јован Нечовски (11), Јеткин Сезаир (7), Љупчо Атанасовски Жора (6), Филип Пејков (5), Методиј Смиљковски (5), Самин Колашинац (4) и Дарко Николиќ, Ристе Димитровски, Адем Маровци и Енис Пепиќ по еднаш.

Фотогр. од пред почетокот на натпреварот Бутоп-Аутсајдери

Добра вест: Рефреширани сме

И кога нема премногу натпревари, Бутоп не спие. Речиси секогаш работиме на по неколку проекти паралелно, а еден таков беше успешно комплетиран во текот на претходната седмица. Станува збор за одржувањето на нашата веб-страна. Димитровски направи целосен „бек-ап“ на сите известувања и постови, а продолжен е и „рокот на траење“ на сајтот. Нашиот администратор ветува дека не застанува тука и продолжува тековно да работи на подобрувањето на перформансите на страната.

Среќен роденден Јеткин!!!

На денешен ден, 02 март 1993. година во Скопје е роден Јеткин Сезаир, легендарен напаѓач на нашиот тим. За многумина Јеткин е македонскиот Роналдињо, а тој прекар не го заработил случајно… За Бутоп досега одигра 91 натпревар, а последните 5 на турнирот Аеродром Скопје 2016 изминатава есен.

Му посакуваме се најдобро на приватен и на професионален план. Среќен роденден Јеткин!!!

Среќен роденден Бени!!!

Вчера и денес Арбен Ејуп го слави својот 25-ти роденден. Популарниот Бени досега 30 пати настапи за Бутоп и остави длабога трага во нашиот клуб. Се уште се наоѓа на поширокиот список и не треба да се изненадите ако 69-ката повторно ја видите меѓу стативите на нашите натпревари.

Ти посакуваме се најдобро во иднина. Среќен роденден Бени!!!