March, 2019

now browsing by month

 

Вечерва Бутопци ќе одморат

Натпреварот што вечерва требаше да се одигра против Екипа Чаир е одложен. Со тоа нашите фудбалери добија простор да одморат по напорниот ритам во изминативе два месеци. За следните активности и натпревари на Бутоп ќе бидете навремено известени.

Среќен роденден Грмуш!!!

На денешен ден, 26 март 1993 г. во Скопје е роден нашиот голман Кирил Ѓоргиев – Грмуш. Тој е дел од Бутоп уште од почетоците на клубот. Сепак, сезонава Грмуш го достигнува зенитот на својата форма и на редовноста, па е во израмнета трка со Колев за влез во тимот на годината. Досега вкупно собра 28 настапи во дресот на Бутоп. Му посакуваме се најубаво на приватен и на професионален план.

Среќен роденден Грмуш!!!

Убедлива победа со помош на момците на проба

Бутоп синоќа (24.03.2019) славеше убедливо, 11-5, против Екипа Чаир. Во недостиг на голем дел од стандардните првотимци одлучивме да им дадеме шанса на четворица играчи кои дебитираа за нашиот тим. Токму тие го диктираа темпото и го трасираа патот до вчерашниот триумф. Девин Курт, помладиот брат на Анел, беше еден од новајлиите, а воедно и врската со останатите: Ријад, Ридван Бектеши и Фатјон Ибраими (со голманска кариера во првата косовска лига). Настапија и Анел Курт, Велковски и Костовски. Средбата се одигра во балонот кај Зеф Љуш Марку, од 21:00 часот.

Елиф ги постигна дебитантските голови во националниот дрес

Елиф Елмас ги постигна своите први голови во дресот на Македонија во синоќешната победа од 3-1 (21.03.2019) над Летонија во Скопје, за успешен старт на евроквалификацискиот циклус. Со ова тој стана првиот играч на Бутоп кој стрелал и во дресот на националната А-селекција.

Елиф, честито! И нека се множат! Поздрав од сите бутопци.

Следува линк од денешниот текст на Анел за Спорт1 кој предизвика големо внимание на time.mк и во кој тој не потсетува на некои клучни моменти во досегашната кариера на Елиф.

https://sport1.mk/fudbal/reprezentacija/prikazna-od-skopskiot-asfalt-znaete-li-kade-prvpat-blesna-elif-elmas

 

Задоцнет финиш на Бутоп

Нашите фудбалери синоќа (17.03) повторно запишаа пораз од Екипа Чаир, овојпат со 8-6. Лошиот исход можеше да се насети уште од самиот старт, кога противникот направи недозволиви 4-0. Потоа беше тешко да се игра и да се одржи константно темпо. Сепак, во самиот финиш отпорот на чаирчани почна да попушта и на минута до крај намаливме на 7-6. Последниот напад беше одлучувачки, а нашата грешка казнета за конечни 8-6. Натпреварот се одигра во балонот кај СУГС Зеф Љуш Марку.

Габриела и Андреј, честито!!!

Изминатиот викенд Бутоп оствари една голема победа затоа што во саботата (9 март, 2019) Габриела и Андреј Димитровски одлучија да ја крунисаат својата долгогодишна љубов и стапија во брак.

Можеби на јавноста не и е многу познато, но Габи е верен поддржувач на Бутоп уште од почетокот на оваа деценија кога ги пратеше нашите настапи на турнирот во Љубанци. За Андреј што да кажеме, душата на овој тим, бескомпромисен борец, 243 настапи, дел од капитенската постава, член на управата, креатор и администратор на веб-страницава. А, сега се запишува во историјата и  како тој што го скрши мразот и прв „влезе во тавче“.

ФК Бутоп од се срце им посакува на Габи и Андреј прекрасни мигови во заедничкиот живот!

 

 

 

 

 

 

Бит-бокс поставата на Бутоп

 

Кота 14, 12/12

Бутоп и оваа сезона успеа да ја исполни фамозната „кота 14“, односно по 12. пат (во својата 12. сезона) да одигра најмалку 14 натпревари. Оваа граница природно се наметна уште во воведната 2007/2008 година, а од тогаш редовно сме на терените и честопати значително го надминувавме овој мимимум. Рекорден број средби одигравме во сезоната 2010/2011, вкупно 53. Последните две сезони застанавме точно на 14 натпревари, но во тековнава очекуваме многу повеќе бидејќи имаме уште неполни четири месеци до нејзиниот крај.

Чаирчани не даваат прошка

Бутоп никако да врзе две победи против Екипа Чаир. Синоќа (10.03.2019) чаирчани не беа празнично расположени, па не ни ги простија грешките и славеа со конечни 7-5. Нашите фудбалери за само седум-осум минути во финишот го загубија се она што го градеа цел натпревар и дозволија да се стопи предноста од 5-3. Се чини пресвртна точка беше пеналот кој Грмуш не го искористи токму при тој резултат, кога со паненка се обиде да го измами противничкиот голман, секако неуспешно. Од тој миг моментумот премина кај ривалот кој дојде до комплетен пресврт. За Бутоп настапија: Ѓоргиев, Курт, браќата Смиљковски, Вангеловски, Каравидов, Костовски и Валчанов. Овој натпревар, како и оној од пред една недела, се одигра во балонот кај Зеф Љуш Марку, со почеток во 21:00 часот.

Среќен 8 Март

ФК Бутоп на сите жени во Македонија им го честита денешниот празник, денот на жената, 8 Март.

Тотална доминација на Бутоп!

Нашиот тим имаше контрола врз резултатот и играта во сите 60 минути од натпреварот. Најголемото водство го имавме при резултат од 7:1 и 10:3. За разлика од претходниот натпревар одбраната беше на завидно ниво. При крајот на натпреварот Бутоп имаше и водство од 12:06 по што следеше опуштање во нашите редови. На 3 минути пред крајот, без да се стави во прашање победата на нашиот тим, му дозволивме на противникот неколку голови во низа за на крај резултатот да биде 13:11 во наша корист. За Бутоп настапија: Грмуш, Кире С., Дарко Н., Ристе, Коки Шпорет, Анел, Јеткин и Кико.

Известува: Кирил Ѓоргиев