February, 2017

now browsing by month

 

Бутоп не простува, победа над ЖБ 91-2!

Бутоп со победа го стартуваше пролетниот дел од сезоната 2016-2017. Вчера беше совладана екипата на ЖБ 91-2 (Филип) со резултат 7-6. Натпреварот како што беше најавено се одигра во балонот кај ОУ Блаже Конески во Аеродром со почеток во 17:00 часот.

Ова беше еден од оние натпревари по кои вреди да се запамети само резултатот, а не и играта затоа што беше преполна со осцилации. Особено беше видлив падот во играта во вториот дел од мечот, кога Коки ја спасуваше победата, а јасно е дека треба да се поработи и на реализацијата во нападот. За Бутоп настапија Колев, Костовски, Велковски, Вангеловски, Каравидов и играчот на проба Коста (од Кисела Вода).

Бутоп денес се враќа на терените

По двомесечна пауза Бутоп попладнево (17:00, балон кај ОУ Блаже Конески, Аеродром) ќе одигра натпревар со кој ќе означи почеток на оваа календарска година на натпреварувачки план. По успешните јануарски подготовки и неколкуте термини кои дел од Бутопци ги одиграа, време е да се почне со воигрувањето и кревањето на ритамот.

Денес Бутоп ќе игра со измешан состав, без тројцата првотимци Смиљковски, Димитровски и Курт. Затоа по подолго време во синиот дрес се враќаат Вангеловски и Велковски кои ќе бидат потпомогнати од Костовски, Каравидов и Колев, а ќе имаме и еден играч на проба.

Среќен роденден Каро!!!

На денешен ден, 14 февруари 1993. година во Скопје е роден Кристијан Каравидов, една од легендите на Бутоп. Каро е миленик на публиката и еден од фудбалерите по кои нашиот тим е препознатлив насекаде низ Скопје. Има импресивен број на натпревари во дресот на Бутоп, вкупно 230 до денес.

Му посакуваме се најдобро на приватен и на професионален план. Среќен роденден Каро!!!

IM000680.JPG

Среќен роденден Пинки!!!

На денешен ден, 08 февруари 1993. година во Шведска е роден Филип Пејков – Пинки. Пинки долго време го држеше рекордот за најмногу настапи на голманската позиција во Бутоп, пред Коки да го сруши изминатава година. Сепак Пејков и натаму високо котира со своите 64 настапи, од кои два во тековнава сезона.

Му посакуваме се најдобро на приватен и професионален план. Среќен роденден Пинки!!!

pinki za 2017