April, 2018

now browsing by month

 

Неделава не се одигра со Криминалисти

Иако имаше два-три обида да договориме термин со екипата на Криминалисти за изминатава недела, сепак на крајот не одигравме натпревар. Проблемот беше што во вторникот не можевме набрзина да составиме тим за раниот термин од 18:00 часот, а другите денови им беа проблем на нашиот противник. Како и да е, преговорите продолжуваат и се надеваме дека во текот на наредната седмица ќе закажеме нова пресметка со оваа екипа.

Тешко е да се најде „оргинал“…

Доказ дека и покрај сите подеми и падови што може да ги доживее и преживее еден маалски тим некои работи остануваат вечна топ-тема (и проблем) е фактот што и деновиве не можеме да најдеме некој соодветен фудбал, барем за серва. Се’ останува на позајмување од луѓе и деца, вртење по телефони, за едвај да дојдеме до некој „полу-оргинал“ колку да се одигра…

Низ историјата… (15 април)

На денешен ден, 15 април, 2013. година Бутоп го одигра својот јубилеен, двестоти натпревар. Наш противник беше тимот на Гази Баба, а место на одигрување на средбата балонот кај ОУ Васил Главинов. Конечниот епилог за нас беше негативен, пораз од 8-6. За Бутоп таа вечер настапија:

  1. Анел Курт (почна на голот)
  2. Дарко Костовски
  3. Кирил Смиљковски
  4. Кристијан Каравидов
  5. Беким Асани (г) и
  6. Љутви (од Косово) (г).

Старата база повторно во шема

Фудбалерите на Бутоп изминативе три дена активно ја бараат својата форма на теренчето и сервис полињата во дворот на ОУ Живко Брајковски, нашата добро позната база. Иако од „Живко“ никогаш и не сме се тргнале, сепак нашето зголемено присуство го најавивме во понеделникот (09.04.2018) кога, на некој начин, Каро ја „отвори“ пролетната сервис-шема. Затоа и во периодот кој следува јавноста може да очекува да види голем дел од нашите фудбалери како учествуваат во спортските активности на ова место.

Честит Велигден

ФК Бутоп на сите православни верници им го честита христијанскиот празник Велигден и им посакува пријатни празнични денови.

Го рушиме сопствениот глобтротерски рекорд

Фудбалерите на Бутоп во изминатиов период никако да се стационираат и постојано ги менуваат терените на кои ги играат натпреварите. Во стилот на легендарните глобтротери, веќе седум средби по ред, Бутопци играат на различни терени, во случајов во балони и една сала. Со тоа го израмнија сопствениот рекорд кој претходно го поставија на два пати: првпат во сезоната 2008/2009 од 15.11.2008 до 09.05.2009, кога седумте натпревари ги одиграа на пет терени – во Триангла, Панајот Гиновски, Васил Главинов, Тере во Аеродром и кај Полицијата во Бутел; а вториот пат од 07.02 до 22.03 2016 во Зеф Љуш, Партизан и Пенко. Серијата која се уште трае и очекуваме во брзо време да продолжи, започна на 07.11.2017 во салата во Зеф Љуш, а продолжи последователно во Пенко, Зеф Љуш, Димитар Миладинов, Пенко и Цветан Димов, а последниот меч во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов на 22.03.2018 е засега последната станица во ова патешествие на момците во сино.