May, 2016

now browsing by month

 

Победа над Примавера во трилер завршница

Бутоп вчера забележа победа над Примавера со 8-7 во натпревар со вистинска трилер завршница. Уште од самиот почеток на натпреварот Примавера поведоа со 2-0 и 3-1 и стана јасно дека ќе биде неизвесно до крајот. Бутоп ја презеде резултатската контрола некаде на средината на натпреварот, но нашиот противник не се предаде и комплетно се врати во игра правејќи нов пресврт. При резултат 7-7 имаше шанси на двете страни, а победничкиот гол на Кире по проигрувањето од Штаката дојде на само неколку секунди пред сирената. Мечот се одигра на 30 мај, во салата Антон Димитров во Бутел 1, со почеток во 21:00 часот. За Бутоп настапија:

1. Костадин Колев

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

10. Кристијан Велковски

11. Кристијан Каравидов и

70. Марио Вангеловски.

Кирил и Методиј беа недоволни за Бутоп, пораз од Албион Север

Албион Север беше поуспешен од нас со 6-3 на натпреварот одигран завчера, на денот на кој ги славиме ликот и делото на сесловенските просветители, солунските браќа Св. Кирил и Методиј (24 мај). Натпреварот се одигра во балонот кај ОУ Пенко во Север со почеток на полноќ кон 25-ти. А нашите браќа Кирил и Методиј, Смиљковски се разбира, не успеаја да го спасат Бутоп од овој пораз. Уште од самиот почеток противникот поведе со 2-0, по што нашиот тим постојано беше во позиција да брка резултат, на крајот безуспешно. За Бутоп на овој натпревар во првиот состав настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт

10. Кристијан Велковски и

25. Димитар (Диме Спорт лајф). Во игра влезе и:

3. Методиј Смиљковски

На крајот убедливо против Шутка Сафет

Бутоп завчера (12 мај 2016) забележа убедлива победа од 11-5 над екипата на Шутка Сафет. Натпреварот се одигра во салата Антон Димитров со почеток во 22:00 часот. Судејќи според конечниот резултат може да изгледа дека натпреварот не бил неизвесен, но не беше така. На почетокот поведовме со 5-1, но противникот ги дочека своите минути и кон средината на мечот се закани намалувајќи на 5-4. Сепак, следеше наша нова серија од четири гола (9-4) по што до крајот единствено се играше за да се дознае конечниот резултат. За Бутоп настапија оние фудбалери кои и беа најавени на пресот пред почетокот на натпреварот.

Состав за вечерашниот натпревар

На прес-конференцијата која заврши пред неколку минути Бутоп го објави списокот на играчи кои ќе настапат на натпреварот што ќе започне за помалку од еден час (22:00) и ќе се одигра во спортската сала Антон Димитров во Бутел. Против гостите кои ни доаѓаат од скопската населба Шутка вечер ќе играат:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

3. Методиј Смиљковски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

10. Кристијан Велковски

На денешен ден (11 мај)

На денешен ден пред 5 години (11 мај 2011) сме одиграле натпревар против екипата на Баранда во рамките на 17. коло од Пролетната лига во мал фудбал во Ново Лисиче. Конечниот резултат беше 2-1 за Бутоп. Натпреварот започна во 20:45. За нашиот тим настапија:

1. Методиј Смиљковски (г)

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

7. Кирил Смиљковски и

8. Анел Курт.

Стрелци на головите беа Анел и Дарко.

Бутоп во вторникот го надигра Албион Север

Бутоп во вторникот (3 мај) славеше над екипата на Албион Север со конечен резултат 5-4. Можеби резултатот упатува на натпревар со голема резултатска неизвесност, но во поголемиот негов тек не беше така. Бутоп поведе со 3-0 и постојано имаше контрола врз резултатот се до финишот кога за малку ќе направеше од готово вересија. Во последните моменти од средбата противникот имаше шанси и да израмни, но за среќа се се заврши во наша полза. За Бутоп во првата постава настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

10. Кристијан Велковски. А во игра влезе и:

9. Дарко Николиќ.