April, 2015

now browsing by month

 

На денешен ден, во 2011та…

Пред точно 4 години, на 28 април 2011 година одигравме натпревар против екипата Блок 19, победа за нас од 5-3. Популарната „сахрана“ како што тие сами го нарекоа тој меч алудирајќи на тоа што сме од Бутел беше натпревар од 14. коло на Пролетната лига во Ново Лисиче и започна во 20:45.

За Бутоп тој ден стартуваа:

1. Методиј Смиљковски (голман)

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

7. Кирил Смиљковски и

12. Љупчо Атанасовски – Жора. Во игра влегоа и:

8. Анел Курт и

11. Кристијан Каравидов.

Кире даде два гола, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Жора, Дарко и Харис.