September, 2018

now browsing by month

 

Прескромен вовед, но ветуваме побогато продолжение на сезоната

Денес навршуваат три месеци од сезоната 2018/2019. Во оваа прва четвртина од нашата дванаесетта сезона одигравме само еден натпревар, оној пораз од Дарко ФФМ. Сепак, според сите најави од играчите, треба да очекуваме далеку повеќе натпревари за Бутоп во наредните месеци. Тоа се надеваме дека ќе се забележи уште во октомври и ноември, за кога се закажани и некои административни активности.

И Кире беше славеник, а Андреј ја продолжи битката од Софија

Изминатиов месец беше одбележан и со 26. роденден на Кирил Смиљковски, легендарната седмица на Бутоп. Кире роденденски си посака и многу поголеми успеси со нашиот тим во претстојниот период.

Истовремено дојдоа проблемите со падот на нашата веб-страница, па Андреј мораше да ја средува ситуацијата од преку границата, од Софија, каде што престојува во моментов.  Кога сме кај Димитровски, да споменеме и дека тој е задоволен од главниот град на Бугарија и досегашното негово искуство таму. Но, она што е најважно, тој е активен на фудбалските терени за тимот на својата фирма со кој настапуваат во Третата софиска бизнис лига во мал фудбал. Од тоа корист ќе има Бутоп затоа што очекуваме да видиме Андреј во топ форма во синиот дрес што поскоро.

Бутоп го прослави единаесеттиот роденден

ФК Бутоп на 15 овој месец го прослави својот единаесетти роденден. Овојпат немаше централна прослава, туку скромно преку пораки и на општествените мрежи нашите играчи си го честитаа овој ден.

Како и при претходната објава, повторно поминаа околу триесетина дена од нашиот последен пост на оваа веб-страница, а се се должи на кризата која го зафати нашиот тим. Се надеваме дека проблемите брзо ќе бидат надминати и дека во скоро време ќе се вратиме на терените, а секако и во јавноста преку нови соопштенија.