December, 2014

now browsing by month

 

Бутоп на отварањето на Скопје 2012

Фотографијава, која може да ја видите и на почетната страна, е од отварањето на турнирот Скопје 2012, 8 септември 2012 на натпреварот против Триглав Осигурување (пораз од 3-0)337560_285014714936405_1108793474_o

Фото галерија од Бутоп – Примавера, 26 декември 2013

Ова се фотографии од 26 декември 2013, Бутоп-Примавера (6-4)1546102_786257598057616_1832922654_n SDC10011 004 SDC10011 004 SDC10011 004

Бутоп на Боксинг деј низ историјата

Денес е 26 декември или Боксинг деј, ден на кој традиционално се игра фудбал во Англија, но и датум на кој Бутоп играл два пати.

Првиот пат тоа се случи во 2009 г. кога игравме против екипата на Бутел (Давор, Жора) и победивме со 16-10. Натпреварот се одигра во Антон Димитров, со почеток во 17:00. За Бутоп настапија:

Мумин Елмаз (г)

Анел Курт

Харис Фекиќ

Самин Колашинац

Дарко Костовски и

Кристијан Каравидов, во прва постава, а играа уште и

Андреј Димитровски и

Јеткин Сезаир.

Во 2013 г. на овој ден ја одигравме т.н. „мајсторка“ со Примавера со која го решивме есенскиот дел против овој тим со 3-2 во добиени партии во наша полза, со победата од 6-4. И овој натпревар се одигра во Антон Димитров, но во 22:30. За нас настапија:

8. Анел Курт (г), (о)

2. Андреј Димитровски (г)

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

11. Кристијан Каравидов

23. Кристијан Велковски. А играше и:

5. Харис Фекиќ.

Ова е фотографија од пред почетокот на натпреварот со Примавера1546102_786257598057616_1832922654_n

Пораз од Тамба-ламба за крај на календарската 2014

Во средата, на 24 декември загубивме од Тамба-ламба со 4-2. Со овој натпревар полека привршуваат обврските на Бутоп за оваа календарска година. На овој натпревар настапивме без неколку стандардни првотимци, а можност за настап добија Саше Цамба и за прв пат Костадин Димовски (ака Коки Немогуче).

Ротацијата на Бутоп

Една од карактеристиките на Бутоп е ротацијата на играчи во првиот тим.

Пред нешто повеќе од еден месец, на двата натпревари против Тамба-ламба (на 30 октомври и 6 ноември) и оној против Примавера на 13 ноември сме излегле со идентична прва постава: Грмуш, Анел, Андреј, Дарко, Кире, Кико.

На прв поглед тоа можеби и не е нешто необично, но неверојатен е податокот дека пред оваа мини серија, Бутоп за последен пат играл два последователни натпревара со ист прв состав на 28 август и 2 септември 2011! Тогаш на мечевите против Булачани (2-0) и Побожје  (3-7) стартувале:

1. Филип Пејков

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

11. Кристијан Каравидов.

Тоа е период од повеќе од три години, или 119 последователни натпревари на кои Бутоп излегувал со различна прва постава…

Уште едно реми со Славија

Бутоп на вчерашниот натпревар со Славија забележа уште едно реми, овојпат со резултат 5-5.

Гостите во поголемиот дел од средбата ја имаа предноста (1-0, 2-1, 3-2), пред крајот дури и 5-3, но Бутоп успеваше да се врати и со голот на Андреј во последната минута да се избори за нерешен резултат.

За Бутоп во првиот состав настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

10. Кристијан Велковски. Уште играше и:

11. Кристијан Каравидов

Прекината серијата порази од Славија

Изминативе две недели одигравме два натпревари со Славија. На 4 декември забележавме пораз од 9-4, а една недела подоцна одигравме нерешено, 3-3, со што ја прекинавме серијата од три порази. За одбележување од тој последен натпревар е камбекот на Коки на нашиот гол и долгоочекуваниот јубилеј на Каро – 200. настап за Бутоп.

На денешен ден, 11 декември

На денешен ден, 11.12.2012 год. ја имаме остварено една од најголемите победи во нашата историја, а најголема за сезоната 2012-2013, 19-8 против екипата на Гази Баба.

Натпреварот се играше во Антон Димитров со почеток во 20:00.

На тој натпревар во првата постава на Бутоп настапија:

69. Арбен Ејуп (г)

3. Методиј Смиљковски

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

8. Анел Курт

11. Кристијан Каравидов. А играа и:

2. Андреј Димитровски и

7. Кирил Смиљковски

Јубилеј за Каро

Вечер очекуваме Кристијан Каравидов (Каро) да го има својот 200. настап за екипата на Бутоп. Тој ќе стане третиот наш играч кој ја надминува оваа бројка.

Му го честитаме овој јубилеј и му посакуваме среќа и во иднина.

Среќен роденден Марио

Бутоп му го честита роденденот на нашиот член Марио Вангеловски со желба за многу здравје и понатамошен успех во кариерата.

Популарниот „Штака“ своето деби за Бутоп го имаше на 12 август оваа година на натпреварот против Зенит (пораз од 1-4). Тој го искористи отсуството на Кире и Андреј за време на летните месеци и се обиде да се наметне во првиот тим. Па така, тој постигна 4 гола на 7-те настапи на турнирите во овој период од годината, а со хет-трикот против Стела на 29 август го прекина долгиот период во кој наш играч немаше постигнато хет-трик на еден турнирски натпревар, што се немаше случено од 19 октомври 2011 г. кога Јеткин им даде три гола на Атлас…

Марио досега има 9 настапи за Бутоп.

Среќен роденден!sjtaka